Имавме, ама воглавно за глупости и одма се смирувавме. И сега беше глупост, ама во последно време ко при крај со нервите да е. Мислев дека сега ќе биде поинаку, бидејки и тој беше оној кој сака бебе. Не разговарав. Никогаш не разговара, се прави како ништо да не било. Еве си заспа, а јас плачам и цело време галам меше. Не разговарам додека не се покае. Досега попуштав, ама сега бебево ми е поважно од сѐ.
Мое мислење е да отидеш кај твоите на неколку дена да се одмориш психички така и он ќе има време да размисли малку. Сега ти е највеќе потребен тој ама не на таков начин. Смири се не се нервирај жногу
Секако дека бебчето е најважно, мора отворено да разговарате за ова... маживе такви се, некои работи не ги приметуваат... не се ни свесни дека грешат... освен случајов дека кренал рака, се надевам сакал да те заплаши и дека не би те удрил. Разговарај со него, ти си моментално чувствителна и хормоните ти се до плафон, можеби и ти претеруваш и не приметуваш... затоа најубаво разговор. Јас отворено му кажувам: Трпи ме малку повеќе, вријам од хормони глеј ми низ прсти малку периодов.. знаеме да се рчнеме, ама без претерување и после со разговор се сфаќаме Ако те повредува слободно мирно разговарај со него, прашај си дали него нешто му смета... Ако не бива оди одмори си кај твоите..
Девојки добро утро денеска почнав да пијам Флорадикс сируп за железо по порепорака на матичниот оти на долна граница ми се и хемоглобинот и железото. Ама ми се згади ќе го повратев едвај се воздржав. Остана сепак . А го купив за со ќерка ми да пиеме заедно нема шанса она уста не отвара. Денес ќе одам по резултати од Приска и се надевам да го начекам докторов на Клиника да види резултати и ако е во добрите да ме види уште еднаш на ехо . Од утре пак на работа, едвај чекам не знам јас дома да седам. Поздрав мешиња
Мaжoт ти гo имa фaтенo пaникa зa се oкoлу бебетo зa тoa кaкo ќе ви се прoмени живoтoт дaли ќе се снaјди и сличнo. Пoрaзгoвaрaј сo негo и кaжи му декa aкo не зa тебе зa НЕГOВOТO бебе требa дa се смири и трезвенo дa рaзмислувa. Oди мaлку кaј твoите и гaли гo мешетo се нaдевaм декa ќе се среди ситуaцијaтa. Пиши ни
Бремена или не, сепак кренал рака. Ја имам читано членката низ другиве теми, мислам дека и пред ова се во проблеми со маж и и со неговите. А како се осмелил сега во оваа ситуација да си дозволи да крене рака не знам за понатаму. Не сакам да делам совети дали да тера со него или без него, они си знаат. Лесно е од овде да кажуваме оди си од таму, иди кај твоите или одете под кирија. Не знаеме како е реалната ситуација. Сепак бебе е на пат, така да уште покомплицирано станува. Само бебе да е во ред, тоа е најбитно! Дај боже побрзо да се реши и да се вразумат сите што поскоро.
16тa неделa тoa си преткa нoн стoпaмa немa секoј удaр дa гo oсетиш мoже и дa не е секoјдневнo, aмa пoнaтaму ќе гo oсеќaш секoј ден се пoчестo и се пoсилнo и ќе бидеш пресреќнa
Јас на 14недели го осетив. И еднаш во 13недела ама не бев свесна за тоа. Сношти си преткаше убаво го осетив дури едно време како што го гледав стомакот и цел се стреси хахаха.. Ова ми се случува 1неделно тоа нормално си претка ама мама уште не го осеќа многу Секако дека не. - Кафеното било од тоа, ако не сум била трудна тогаш ми бил периодот кога дум требала да добијам. Нормално било до 3месеци да биде така @Bellucci* Мила не влегувај во конфликт со мти, овие денови одбегнувај го и гледај си го бебето. Кога ќе се смири ќе седите и ќе разговарате како социјализирани луѓе. Мечка од планина не се тепа а не човек Господ само нека ве чува и повеќе ум на маж ти да му дај. Ве гушкам со бебуш
Мамички го терам 8месец. Се е ок само една работа почна да ме нервира. Абе нонстоп да се одело во тоалет. На пола саат некогаш и на 15мин. Бебушка кога мрда одма ми се иде во тоалет. Дали натаму ќе се зголемува уште повеќе таа потреба. Несмеам да одам некаде на подолго ако нема тоалет во близина . Ако не идам почнува стомакот мн да ме боли. И почнав да имам болки во препоните посебно од лева страна. Дали е од ширењето сега последните месеци.
И јас сум иста а мрдне бебе јас трчанката во тоалет и многу боли кога се превртува. Веќе му се смалува изгледа просторот бидејќи оно си расте. Но ние мамички ке издржиме се за бебушите и јас сум 8 ми иначе 33+1
@karibian а кога одиш некаде да си земаш мало шише домашен природен сок од лимон? или пред да одиш да пиеш сок наместо вода? јас навечер пијам сок од лимон за да не станувам цела нок. Количински е помалку течности, значи помалку ќе мокриш + ептен ќе те освежи. Нормално кога си дома пак пиј си вода, му треба на организмот, ама барем кога одиш некаде. Ако советот ми е грешен оправете ме. Никој ми нема препорачано вака да правам, моја идеа си е.
Фала ви. Дома сум сега. Цел ден на работа не ме побара. Му пишав јас, му звонев и не креваше. После крена и му викам не ти беше битно зошто те барам, може ми се случило нешто. И знаете што ми одговори... НЕ. Му спуштив и не сакам повеќе да го видам. Замислете, јас му се јавив и покрај се, наместо тој мене и уште ми се понаша. Ај за мене да не му е гајле, ама за бебето... Не можам да верувам. Да не сум само оф топик. Јас сум добра. 6+2 сум и немам болки. Гадењето помина, ама имам киселини во желудник. Од симптомите само градите ми останаа отечени и болни. Нормално е нели?
Збери си парталите и правец кај твоите. И додека не дојде да се извини не му се јавувај и барај. Не си должна да го трпеш него и неговите глупости. Ај да не му биде гајле за тебе, ама за бебето? Страшно
Белучи гали го мешето и фокусирај се на него. Стварно не знам што друго да ти кажам во оваа ситуација. Инаку и јас сум тука некаде со неделите. Се гониме. Немам и јас секогаш мачнини. Зависи од денот. Еве денес имам само некој чуден вкус во истата. Веројатно нормално е.
До кај 8 недела бев слаба со мачнини. Ама од 8 до крај на 11 беа доволни да ги запомнам. Се надевам дека цела бременост ќе ви е вака лесна