Koi se smiptomite koi gi custvuvate pri dvizenje na bebceto. Ljubopitna sum edvaj cekam i jas da gi osetam
Мене ми се случува тоа горење во грло понекогаш од некоја храна. Еве во моментов имам и знам зошто. Каснав прееска неколку залака од една крофна и сега ме уби киселина. Многу грдо чувство.
Јас го почуствував 14 недела од прилика, премногу нежно како скокоткање, како нешто да те лази. И на почетокот не го осеќав секој ден. Само ладно млеко од фрижидер, Пробај нема да зажалиш. Мене киселини ми се појавија уште во 25 недела одприлика, навечер неможев да спијам од нив се ми гореше грло, хранопроводникот, желудникот... И читајќи една бугарска група за бременост и мајчинство на ФБ го открив ова со млекото, многу жени имаја пишано дека само тоа е спасот, и фала богу од тогаш до сега немам ни горење ни киселини. Пред легнување се напивам 1-2 чаши. И кога ќе станам до вц пак некоја голтка.
Оф леле. Знам те имам прочитано. Ама пустото не можам млеко да поднесам. Тоа па ми прави гаден вкус во уста. Ова и пред бременост.
Да имам пишано повеќе пати И јас не бев некој обожавател на млеко, само во кафе си ставав по малку а така одамна не сум пијала, ама маката ме натера, заспивав дури во 4-5 сабајле. Мажот ми само ми викаше да пијам млеко од почетокот на бременоста за калциум (така му имаше кажано мајками) јас неќев и не пијав, и после кога почнав да пијам се израдува и ми вели арно што те фатија киселини па млеко да пијаш. Сепак пробај, кога е ладно не му се осеќа толку вкусот.
Сега голтнав семка од маслинка. Ако не ми помогне, наредно тоа ќе е. За малер немам ни лимон дома, да пробав и со на @IvanaCS предлогот. Туку мами ајде помош. Друг поголем проблем имам. Вчера ми текна дека прстињата веќе ми се здебелија и потекоа да ги извадам прстените. И оп проблем. Не сака ни да чуе да мрднат, а камо ли да ги извадам. Ме фати паника. Пробав со сапун и тоа не помогна. Што да правам.
Сега голтна, ама повеќе да не лапаш коски од маслинки. Пробај да најдиш сув прополис и да го направиш во форма на топче големо колку апче и се голта и поминува желуднилот. Или 2ливчина чувар куќа, содржи алое вера и ја обновува обвивката на желудникот Околу прстенот еве како можиш да ги извадиш
Со лимон ми беше полошо бидејќи е кисел, можеби тебе ќе ти помогне. Исто имам читано неколку зрнца ориз, ама јас не верувам искрено да помага, и внимавај да не се задавиш со семката од маслинка. За рацете пробај со масло за јадење да ги извадиш прстените.
Падна муабет за трето,јас мбоги сакав три деца исто и мм,ќере е супер абе од 3 месеци си спиеше само еднаш будење мирна,никаква мака со неа немаме ама пак комплицитана бременост преекламсија,предвремено родена, па ете ме за една година пак сум на темава сега ќе видиме како ќе се погоди. Велат второто надокнадувало и за првото што било мирно е сега ќе видиме.Но морам да кажам дека воопшто не уживав во оваа бременост ја поминав во страв ,испитувања, чести контроли,апаратот за притисок до мене , втор царски сигурно. Му велам на мм јас не сум за ова, нр за чување туку ради бременоста, здравје се да помине како што треба . Може за 5-6 години ќе се појави желба за трето не се знае никогаш.
А јас со една три годишна, и уште две мали бебушки Само да се живи и здрави, а спиење уште многу години ќе сонуваме Јас веќе се трењирам, веќе 2 месеци скоро и да не спијам навечер, а денски турбо.
Па многу ретко ми се случува. Еднаш на две три недели, па не сум снабдена. @Bebulleee ова со прстенов малку страшно изгледа. Туку и со семкава од маслинка сега ме замисли.
Затоа јас совреме ги извадив прстените, оти како кебапи ми се прат од жешкото За маслинката не се секирај сега. Ама има други методи кои можиш да ги користиш, само неа не. Ќе ти олеснам само дека не штети на бебето не плаши се.
Сега се потсетив уствари првата бременост што буци бев Прстенот ми беше 20ка, а го вадев зашто не ми беше точен... (свадба 5ти месец правев). После неколку месеци од пораѓај голем... после 1год од рака ми паѓаше и го смалив на 17ка и еве сеуште го носам и лесно се вади, добро е Инаку јас сум за три деца, третото поголема разлика. Таман ова на 24год, третото ако имам живци, време, пари, душа, накај 30че да си го родам
Таман на време си фатила. Јас на 33 прво, ако второ не се близнаци незнам дали ќе стигнам за трето. А и јас имам желба за три.
Мамички во бутик Анжи кај Буњаковец пазарчето има преубави бебешки шпикозни, бодиња, ќебенца, крпи за бањање на 50% попуст. Ептен ефтино и исплатливо излегува се, а многу убави работи имаат. Сега си изназемав еден куп работи, па ако на некој му е корисна информсцијава сакав да споделам Убава вечер