За какви цени станува збор? Дека ми се чини таму е поскапо, па да не е 50% попуст и поскапо за разлика од некое друго место
Па доаѓа позади пазарчето, измеѓу вршник за мекици и тинекс маркетот се поминува и одма е тука со портокалови букви пишува бутик Анжи нема да утнеш Па вака тенко ќебенце 250ден излезе, шпикозни од 220-400ден, боди од 90-150ден... ептен е намалување од 200ден да кипиш боди за 100 или од 700ден шпикозни за 350... мене ми се видоа супер цените за тоа што земавме... ама за машко скоро се беше во ограничени количини... за девојчиња како и секогаш избор да ти се сврти памет Не знам како да враќам на сите во еден одоговор Имам веќе нешто сликнато... Спојлер
Jas ne nosev ni eden prsten.Neznam Kako ne ve nerviraat pa i u bremenost.Znaejki deka otekuvaat racete.Alal da vi e
Јас ги извадив прстените уште во 2,3 месец, ме нервираа. После и саатот го извадив. Сега не можам да поднесам да имам нешто на мене, ми смета. Пробав пред некое време да ги ставам ама ми беа тесни. Прстите ми отекоа ептен.
Јас се чудам какви мажи се тие што креваат рака на бремена жена не за случајот на членката башка зборувам. Мене медицинско лице ми кажуваше дека се зачудила од некоја бремена жена која била цела со модринки и на стомак и на нозе и на раце на лице на цело тело и и кажала дека мажот нејзин не да крени рака туку салам убо ја претепал за среќа детето било во ред.. Ама да им се чудиш на умот на некој луѓе. Не дека мажите во тие 9 месеци нема никогаш да ни се развикаат и мојов знај да ми се развика за нешто без да се сети дека сум бремена и после сам ќе ми речи абе не требаше да ти се развикам заборајв дека си бремена ама ќе се извини не со извини туку со постапки па ќе ме гушка.. Легнува и обавезно ми вели убо да спијате и ќе ме гушни ќе го погали стомакот и најчесто и јас се вртам со грбот и тој ради шо и јас го имам како некој метален вкус исто како железо да имам јадено страшно....
Ги сакам прстените не ме нервираат и ќе си ги носам дури можам. @Bebulleee имам спиено јас иначе на тераса порано на онакво креветче за на плажа
На тераса било рај Легнав и заспав спиев 2сати, после се залади и си легнав дома. Мислев ќе пукнам сношти Добро утро Вака им треба на мажите, а не да се чудат ко ќе станат утрото и ти речат. Аманн од што не спиеш, цел ден си дома.
Не пуштате клима девојчиња? Јас ја пуштам во дневна на најниска емпература и легнуваме во спална. Таман е некоја убава температура за спиење. Дури и да се покриеш.
А ние шо немаме? Го премолив да купиме, Не! Ќе сум го настинела бебето Кој тој да е труден се понаша И така си се дуваме со вентилатор среќа лади убаво тој
Јас цела ноќ спијам под клима и тоа во спална. Ја ставам на 25 степени и ја исклучувам кога ќе се разбудам (а деновиве тоа е 5ипол, денес се почастив до 7)
И јас последните денови со клима пуштена во дневна си спиев во спална. И поспав. А ноќеска со отворен прозор и многу убаво се спиеше.
Ме насмеа од сабајле како што не сум спиена два дена не од топло од што ме чеша се како несоница да имам незнам што ми се случува нерви искинав а таман си реков ладничо ќе си легнам во спална со мажето ќе си спијам ама ништо пак во дневната спиев и не се наспав
Ние спиеме со отворени прозори во кујна, дневна и спална и таман е за спиење. А денес и залади, се спасивме малку од жешкото. Ноќеска убаво си спиев, оти изморена бев, дури некај 2 си легнав гости имавме, ама во 7 се разбудив и не можев да заспијам. Се измачив само. Па и дека немирни нозе имам, отоци и болки во рацете. Едвај чекам наредната недела да си ја видам принцезата
Ние во спална сега купивме. Не можам да се преместувам во дневна. Бебче ќе биде во спална , сигурно нема да оставам да му дува , ќе ја пуштам малце ако ептен е неиздржливо и тоа на соодветна температура.