Колку облека за бебе добивме вчера на поклон лелее не можам да се изнарадувам  Уште козметика и пеленки и мислам дека сме спремни.
Хехехе ме пресмеа и мојов така се понаша ко тој да е труден се нешто му се јади му текнува јас само му се смеам како обратно да сме и мачно му е тешко( добро од работата ) ама јас се жалам не ми е арно и тој ми вика и мене не ми е
Не живеам без климата, од сабајле си дуфка на 25 сега печам колач па ја ставив на 24... Инвертер е, немам гајле кога беше најжешко со укл спиевме, дека ми е во кујна-дневна, па таман лади во спална, таман да не не испоразболи
Еххх 4месец сум се немам поправено ич можеби 500до 1кг.. Ама гледам на маж ми му годи па тој се поправа, па заедно си растиме Spoiler: Слика :D
Мешиња до која недела се пие магнезиум? Уште некој ден и 36та недела ќе бидам ,па незнам дали да докупам или да го прекинам..
хехехех Мажот ми води да ти кажам последниве неколку месеци се порпави 6-7 кила му одговара тежината ама стомакот ептен го порасна ии така да тој е во блага предност кај да е јас во 5-6 ќе го стасам освен ако не порасни уште повеќе хехехех
Јас и маж ми се гонеме со килограмите. Едно време бевме исто, ама сега гледам пред мене е. И тој има мало стомаче, ама моето е поголемо.
Леее а јас како да го поправам мојов, ништо не му се фаќа... 192 висок е со 70кг а јас имам 77 ептен е слабичок... првата бременост успеа дури 4кг да се поправи
Пивцето поправа хехехе така вика мажот ми не дека од шо јадам се и сешто пиво шо пијам од него е само хехехе ( и со пивото обавезно мезе дали скара или сувомеснато )
Здраво мамички, неколку време забележувам коа одам во вц по голема нужда ми испага како парченце бело прање понекогаш има малку на зелена боја и мали точки ептен мали како крв па дали некој имал слична ситуација инаку пред 10 дена завршив со користење нео пентрен форте имав многу бело прање коа ми исчезна благодарение на вагиналетките.
Како ќе ти каже гинекологот. Со првото ми рекоа да прекинам со 36 полни, со второво морав да продолжам до 39 полни, тогаш престанав и за некој ден се породив.
Мамички знам дека прашањево не е баш соодветно за оваа тема, но ќе може ли да ми кажете каде можам да најдам оргадица за креветче со постелнина, а дезенот да биде сиво со бело и со облачинња. Ги гледав некаде, но сега не можам да најдам каде ги гледав за да ги купам. Ако има некој видено на фб или било каде да ми посочи ве молам . Позз и убав ден мешиња Инаку ние растеме, влегов во 8 месец, 10 кг до сега поправена, фала богу немам уште никакви отекувања, и бурмата е вереничкиот уште ги носам без проблем дундето ми е послушно, и многу не ја малтретира мамичка. Очекував да имам киселни сега дека као нели им растат нокти и коса, ама so far so good
. Ги вадам јас без проблем. Инаку оваа ноќ мака си видов. Таман си реков ко да не сум бремена и оп демант. Многу сум здрвена Мешиња . Ме сече стомакот во долниот дел и имам болки во препоните и доле вагиналната коска. Одам ко шатка. Инаку малово доста активно беше ноќеска. Нормална состојба е ова? Да не е некој знак? @pikacu87 најди ги на фб Detski postelnini.
Посебни оградици за креветчиња има во Џамбо, ама јас видов со бувчиња и мечиња, не знам дали има баш такви како што бараш ти.
Ај да си кажам овде е 14 степени моментално, оваа недела беше 20 еве денес 14. Застуди. А осеќам како да настинувам, уште тоа ми фали сега. Се расонувам со кафе Кој е за нека повели