А брисеви си правела во скоро? Да не е некоја бактерија... гинеколог што вика? Не е убаво да е зелена боја, ни па со крвче... јас имам, но бело е и водесто...
Да, немаше ништо а имав зголемен исцедок па користев нео пенетрен форте ...ама само коа одам по голема нужда ми се јавува тоа инаку ништо немам.
Мамички, мн сум напната, цела ноќ не сум спиена. Кај мајка ми сме на гости, и вчера случајно видов дека тоа што сум искасана уствари не се комарци. Болви, мамички, или стариве ги викале вошкарици, иделе кај кокошки гулаби...ставив крпа на уста и испрскав во собата со раид. Седев во друга, со отворен прозор. Вечерта, излегов за да може мајка миуште еднаш да напрска и да усиса убаво. Сирота све мораше да усиса, истресе, испере. Јас се вратив после 5 саати, дома неше се отворено, ваљда нишо нема да ми биде од раидот....леле ептен мисла ми е и за бубиве....у аптека зедов течна пудра, викаат нишо не му е на бебе...абе аман више цела бременост со нршто се расправам. Мозоков ми помислува на све нешто, си викам дете мое какво ли ќе те родам, се осеќам ко една бременост да не сум способна да истерам....ми се плаче ако ми верувате...дома само ме караат, не мисли лошо, а не сфаќаат душа немам, што од мисли што од ме чеша све ко шугава да сум...некоја да ме утеши извинете и вас ве гњавам сега
@Igle фала за информацијата купив и јас доста работи денес. Не е се на 50 посто ама има доста работи. Јас земав по 300 ден комплетчиња. Попустот трае до 31ви па кој сака нека оди
@forumce Има постелнини а за бањарчиња ич не се сетив да прашам. Купував само облека зашо сама бев и полесно за носење. Ќе идам некој ден со маж ми пак. Постелнините мислам беа 400 и 800
Пред малце се јавив кај сестрата од Поповиќ и закажав ехо наредна Среда. Ова ќе ми биде последен преглед во Систина, ако е се во ред, не планирам повеќе да одам таму на прегледи. Ќе прашам само дали треба да примам инекции за побрзо созревање на плуќата и белите дробови на бебушите. Скоро сум 7 месец, па да се спремам за евентуално порано излегување на срцињата.
Мамички денеска се чуствувам како да ме згазнал камион хехе имам многу болки во половината,колковите и во препоните одвај станувам од кревет и одвај се движам инаку сум 39+6 да не знаете од што може да биде?
Исто се чуствувам и јас. Имам закажано прво цтг за 5 дена. Можам да одам порано да ме ѕирнат во Чаир? Некако многу јака болкава.
И кај мене многу е јака болката а дури понеделник сум на преглед ама сношти многу движев и стоев па си викам да не е од тоа
Одвај чекам да се породам не се издржува ова повеќе хехе а и цела ноќ чуствував болки во стомакот ама не беа јаки а сега немам болки ајде ќе видиме деновиве што ќе биде,а за мекици ќе има за сите ❣❣❣❣
Гледам 40та недела си.Не ли правиш цтг и ехо често ? Контракции ти покажува ли цгт-то ? Мислам дека од тежината на бебе се болките во долниот дел , а веројатно од што е по големо веќе и затоа се и во стомакот.
За цтг последно бев во понеделникот кај докторката што ќе ме пораѓа и не покажа никакви болки како што ми рече сестрата требало 5 до 10дена пред да ае пораѓам да покажело цтг дека имам болки но моево маже нема абер за да излези изгледа убаво му е
Не е ли многу тоа 5 до 10 дена порано да покажува болки.Па ако е така тек да почнат болките бебе ќе излезе дури 42ра недела. Мислам дека не се чека до толку, нека каже некоја искусна А и, болки мора ли да се присутни ако прво пукне водењакот ? Јас мислам дека не.
Ништо не мора и се е можно. Можни се болки 10 дена пред раѓање, можни се болки после паѓање на чепот, можни се болки и пред и по пукање на водењакот. Секоја комбинација е можна да се случи и нема правило.
Мене ни ми има паднато чепот ни па водењакот ми има пукнато изгледа уште не му се излегува ајде ќе почекам уште малку па ќе видиме како ќе биде изгледа како што викаат старите од што многу ме мислат неможам да се породам дека прва бременост и сите се во исчекување хехе
Болки има цело време, помали или поголеми но вистинските се непосредно пред пораѓај. Кај мене, кратко после полноќ започнаа вистинските, јаките. Првиот пат стасав во болница 07.00 а на бокс од 09.00. Се породив пред 20.00. Вториот пат исто, почнаа после полноќ. На бокс околу 09 мислам, за неполн саат се породив. Деновите пред да семпородам бев најфит иако надминати термини. Шетав трговски центри секој ден, по 4-5 саати. Си легнував без никаква болка а од сон ме будеа контракциите и млаз, протекување вода. Едниставно знаев тоа е тоа. Моментот дошол.