Абе мамички а зш ме боли некогаш бе доле кај јајниците како да ми е доле бебево и да ми притиска??? Има некој ваков проблем или.. позз
Понекогаш матката знае така да боли бидејќи се шири. Ако е јака и постојана болката јави се на доктор, ако е слаба и на моменти, тоа е со ширењето
Не дека не сакав. На почетокот се мислев, бидејќи докторот ми рече дека не морално да се направи скринингот. Пред да одам да го направам се разболев и заради здравствената состојба не требаше да го направам.
Здружението „Лулка“ организира работилница за бесплатна едукација за бременоста. Го најдово ова случајно,можеби некоја од вас ќе биде заинтересирана. Ако воопшто има време и енергија да оди. http://puls24.mk/makedonija/kultura...otilnica-za-besplatna-edukacija-za-bremenosta
мамички да ве прашам од кога почна на вас да се познава стомачето.. со душа чекам да ми се познава и гордо да си се шетам
голема грешка си сторила што си го пропуштила скриннгот во 12 г н али ај на 20 гн обавезно да отидеш голем ризик си презвемаш со ова
како бе нема потреба да се направи скринингот во 12та? каков е тој доктор? мене коса ми се крева коа ќе ми кажат наводно искуснине мајки- немаш потреба, а не па доктор тоа да го каже. Он не може да те натера да го направиш тој преглед, ама да те одвраќа тоа не е во ред
да си прашам..следна контрола ми е после 10 август.. значии на 16 август 3 месеци ке правам здравје до тогаш... докторот треба да ми зима брисеви... фактички скринг и јас ли треба да правам тогаш во 12 та недела????
Гледам ќе има повторно сега на 16 едукација во Даре Џамбаз. А какви се тие едукациски часови во ГАК? бил некој?
овој скринг ти го прави матичниот лекар шо ти е или те прака у државна болница или на приватно ако сакаш не сум баш упатена пошто за брисеви знам дека може и тој да ми зема,, ама сакам да идам некаде каде што подобро се гледа
па зависи колку ти е опремен матичниот?!?! најчесто праќаат во државна, или по твој избор некој од приватниве. Најубаво да си го прашаш матичниот, можда и он ќе може да го изврши прегледот (зависи со какво ехо, но и знаење располага ) само ќе си платиш малце поскапо...
^^На пример мојата матична и скринингот и брисевите ми ги зема, ми даде упат за на ГАК таму крв ми земаа и резултатите од кај матичната од скринингот, и за 2 дена ми стигнаа резултати. А брисевите кога одев во државна си ги однесов и за 3/4 дена си ги земав резултатите
а имате ли сознание колку е воо систина сето комплет брисеви ехо крв итн ?? дали некој има таму правено дали е со закажување со картони ...
само ехото мислам дека е 3200ден. , накај 6000 ден. со се приска, додека во државна 350 ден мислам дека чинеше и скрининг и приска. брисеви секако ти е најубаво да си правиш на микробиологија - државна, немаш потрба да плаќаш приватно, исто и крв и мокрача со упат било каде - авицена, адриалаб ти е 65 ден. Јас све си праев државно и немав никаков проблем - супер искуство имам до сега, уште и од пороѓаот да бидам задоволна и топ!
^мене кај матичната 700ден ме чинеше, а во државна приска е 350ден, и резултати за брисеви исто 350ден.
Па и нема. Многу непотребно се крева паника околу прегледите. Ако матичниот ти ги зема мерките и ете правеш приска, нема потреба од скринингот во државна. Јас така правев, дури се мислев дали да ја правам приската бидејќи е со веројатност. Скрининг односно на 4Д бев во 14 недела, најмногу од што имав проблеми во почетокот од бременоста, а и имам друг здравствен проблем. Тој го правев приватно. Оној во 20-22 е побитен за мене, затоа што на тој преглед се прави скриниг на сите органи на бебето. Јас сеуште стојам на мислењето дека премногу контроли и испитувања се прават во текот на бременоста. Или пак, нека се прават ама да бидат достапни за секого. Нам од внатрешноста не кошта доста да одеме до ГАК. Исто ти е да идеш на приватно. Исто и со лековите и витамините, чинат околу 1000 денари, магнезиумот е скап исто, а се пие со 9-ти месец. Скапо е да си бремена, и тоа многу. Сакаме деца, а услови никакви. Ама тоа е друга тема. Уживајте, се додека бременоста е во ред, контролите нека ви бидат уживања и радости.