Женска нормално или царски се породи? Со супер тежина сте се родиле. Дали седеа во инкубатор? Како напредувавте со тежината после? Те прашувам бидејќи почнав психички да се спремам по малце.
Од тетка ми се малите. Со царски, беа после малку во инкубатор да, ама повеќе превентивно. После супер си напредуваа, еве ги трето одд ќе одат годинава.
Ики и јас исто сум на режим од 28ма недела. Благо ич, овошје ограничено, газирано густи сок не, се интегрално ( ориз, тестенини, леб) Се надевам од стресот е. Бебето добро си напредува само што е поназад за 4 дена . @Ambra20 јас оти сум фуфкаџија би си земала утрогестан. Мене ми ги прекинаа а на своја рака си ги користев до 34 нед. Штом си ставала продолжи 1нед штета нема. Сепак ти си знаеш најубаво. Јас ова за мене
Фала ви мили мајќички . Многу сте ми мили и драги искрено ако само виртуелно се познаваме Добро мо дојдоа вашите желби и утехи . Денес сум добра веќе си мислам позитивно . Со душа чекам да го гушнам и да му се извинам на душата малечка . Но ќе му надохнадам ќе го гледам со цела љубов и ќе си порасне големо . Кој ме праша да не се враќам назад мора царски , ризично е природно имам дворога матка и затоа . Како и да е ќе се издржи Утре здравје ќе ве известам. Ве гушкам сите hug:
Само со лесно @ada123 , се ќе биде во ред. Една купа струмични има на ГАК, кој и да ти треба барај ги. Или Маџунков или Викторија. Секој ќе ти излезе во пресрет.
Епа не се плаши ако нема други проблеми срцка сака да излези побрзо мамичка за да го гушка се ке биди во ред ти пуштаме бакнежи со синко
На золва ми лани докторот и рече по едно од 200 на одење и враќање, а воопшто не примаше цела бременост. Ама ќе потенцирам, препорака од доктор. Ако не препрашај си пред да одиш што ќе ти каже.
Мислам тука правевме муабет со @mariz околу нарачување од Алиекспрес. Сега нарачав чизмички убави како за бебе 0-6 мес. за нецели 2 долара. Има и убави ракавици за на зима иако може нема да ни требаат за помалку од долар. Разгледај на страницата таман за месец дена ќе ни стигнат.
Добро вечер мамички. Нокеска изгледа ептен убаво ќе се спие. Туку јас да си се поажалам. Денеска синко некакви акробации правеше. Прееска едно два саати како низ меше да ќе излезеше. Дали се обидуваше да се преврти и што и како се изврте појма немам, ама еве сега го осеќам како да е кренат нагоре и мешето го осеќам оптегнато баш на средина во линија на папокот, од една до друга слабина.
@Ano и мојот веќе 3 дена прави акробации. Шутира, мава , цел стомак се подига на сите страни. Навечер ме буди. Еден период се папчеше повеќе. Сигурно е нормално.
Само што се враќам од дежурен гинеколог, ми утврдија плацента превија Само што си легнав почнав да се осеќам мокра, одам во ВЦ што ќе видам локни црвена светла крв. Мокрам и слушам како парчиња паѓаат во вц школката. Комшивката ја причува малата и со ММ на дежурен. Бебушите добро се само постелката ми е многу ниско, до самиот раб на цервиксот. Ми ставија венска инекција и строго мирување. Ме прегледа и вагинално прво со спекулум, па после со рака,мислам господ го видов. Почнав да плачам од болка, а поднесувам болки не сум толку тртллајца. Уште ова ми требаше
@iki26 мора да мируваш тоа е. После 28ма нед би требало да ти се качи нагоре. Не е лесно ама се за бебушките.
@iki26 мора да бидеш крајно принципиелна и строго мирување. Лежи си, одмарај и психички и физички и ќе биде добро
@iki26 мамичка, само смирено. Знам дека ти е тешко со дете дома, ама не за џабе докторите рекле дека мора да се внимава во бременост. Ќе лежиш и ќе те тинтраат малку повеќе и се ќе биде добро.
Имам порачувано и за првото, само да се гледа што повеќе reviews има и сликите. Сега порачав чорапчиња и венчиња, рано ми е за други работи Инаку прочитав подоле.. мирувај Ики, ке биде се во ред Те провериле и вагинално, не си отворена така?