Сношти бев на ехо на болница ради шо имав болки не дека неможев да ги издржам ама ме фати страв 10 6+ сум денеска и во ред е ми вели продолжи да ги користиш утрогестан ме праша и со мокрачата како сум најверојатно можи била бешиката во прашање.. Го измери и точно си одговараше на неделите еден ден помало беше ама рече малку е подзавиткано така да супер си е.. Го прашав има се раце нозе и ми вика има ама неможам да го видам од масното ткиво дали е правилно оформено.. Па си реков ок арно ама до дома дури си дојдов ме мавна психата шо ако не е нешто во ред а нејчеше да ми кажи и ми рече ко ќе подпорасни ќе се гледа поубо оти масно ткиво имаш повеќе.. На извештајот пиша дека е се уредно... Можно е да не се гледа до масното ткиво убо како е оформено или несакаше да ми кажи?
Да може да не се види убаво ако си покрупна. Мене на првиот скрининг Димчев не можеше убаво да ги види па дури и вагинално ме гледаше. Исто и полот касно ми кажаа после 20 недела одприлика поради масното ткиво( дека покрупна сум околу 80 кг имам сега)
Добро и на болница не се замарат толку виде шо требаше ми вика супер си е за неделите а кај матичнава моја 5д мислам има и на ехото дури јас гледам се ко ќе ме прегледува и плус повеќе се труди. Ама си велам уште недела и нешто за прв скрининг треба да чекам а ќе бидам 12 1+ тогаш ќе можи да види.. Ми олесна реков да не случајно ми рече така за да не испаничам и да ми кажи матичната.. А имам салце тро фазла од то шо треба и јас сум крупничка 68-69 имам ама салце фалзла имам
Сега го мерев мила притисокот ми е 137 со 91 не е спаднат уште а не сум вознемирена а несакам царски да се пораѓам како ќе биди ќе ви кажам
А да пробаш да се напиеш бедоксин и чај од камилица или магдонос? немој да се секираш штом е бебуш добар породувањето ќе го издржиш природно или царски не е важно битно е се добро да се заврши и да има гооооолемо гушкање, а ќе биде набрзо сигурно
Мислиш дека не си... самите мисли како што ке биде те вознемируваат... еве како што кажува @fana напиј се едно б6 и чајче, пушти си некој филм (по можност комедија), изнасмеј се и опушти се. А како и да биде, битно живи и здрави да сте, нека не ти е во мисла тоа, нека ти е во мисла дека за скоро ке си со бебче во рацете Беше ли на лекар? таму ти мерат притисок?
@tanja11991 Кога и да сум вознемирена за нешто. Првото нешто што го правам и ми делува како апче а тоа е смешни клипчина на YouTube особено со бебина гледам и тој саат што е ми е со смеа и после е подруго.. Пробај можеби и кај тебе ќе делува
Подобра сум, имам темно кафена крв само на бришење. Се надевам денес ќе прекине скроз, и така во Среда сум на контрола кај Поповиќ. Фала на прашање.
Мами вчера само малку успеав да ѕирнам на фемина, ама ве прочитав за менструалните болки за кој повеќето од вас се пожаливте.. Епа и јас ги имам. Поточно на периоди ми се појавуваат и веќе 2-3 дена ме боли долу кај десен препон посебно кога станувам и додека да се разодам како здрвена сум цела Се потешко и потешко ми е за спиење и за станување од кревет , а тек тешкото ќе доаѓа 33 +4 сум. Стомакот мн. ми тежи и едвај издржувам на работа, но каде и да е ќе гледам да земам боледување од мат. гинеколог и после тоа одмор да користам до терминот.. Директорот ми кажа до 1ви да сум идела на раб. но дефинитивно неможам да одседам 8ч. и плус 1ч. ми се собира пат во 2та правци и кога си одам дома немам сила за ништо, а плус што стомакот ниско почнува да ме боли од толку седење. Си се пожалив и јас
И јас сум 33+4 и исто се ме боли.. и тешко ми е за спиење. Боледување од гинеколог може да се земе до 45 дена пред последен термин, така да провери си дали ќе можеш да добиеш боледување.
Мислам дека не. Дотогаш може да се користи. Гледам дека сме иста недела, мене на 19ти ми истекува боледувањето дадено од комисија. Прашај си кај матичната, ама тоа е правилото.
@IvanaCS @Luna91 @Libra88 Во право сте мами, ама јас толку сум информирана за жал и си мислев дека може... Ништо тогаш.. од следна недела здравје ќе си прашам да земам одмор имам околу 20 и некој ден и после тоа ќе отворам породилно.
Mamicki Dobra sum rano mi e za poragaj imalo vreme hehe mi go mereja pritisokot 115 so 86 mi bese mi rece ako mi se pokaci da se napijam dijazepam od 5mg i ako konstantno mi e pokacen apcina mi kaza da pijam a mene uste mi se vrti
Со какво апаратче мериш дома? Батали апаратчето, батали апчињата... дијазепам мажето, гушкај го него Прадедово дома само не кара сите, вика како што мерите така се побетер ви е притисокот, дај фрлете тоа апаратот вика Инаку од времево ти е тешко, ненормално е...
Знам мила наеднаш промена и одма ми летна притисокот сега сум супер па ќе видиме до вечер а мерам со дигитално апаратче би требало да е точно бидејќи и свекорми мери со истото и него точно секогаш му покажува бидејќи знае колку му е притисокот Бев кај 2 часот се е во ред доволно плодова вода си има 3000 и нешто е малото супер си напредува ама уште не му се излегува хехе ми го мереше и таму притисокот и ми бепе 115 со 87 ми рече доколку ми се покачи како вчера да се нашијам диазепам од 5мг па ќе видиме до вечер што ќе биди
женски само што влегов во 33та недела и ме интересира кои испитувања се прават во 33-34та недела зошто дури почеток на 35та сум на контрола