@mariz долу треба како на сликата.. ама мене се ми е таму раката за да не ме стега на меше и се го потеглувам да има простор. Некако шубе ми е , но и без него не се може
Еее сo пoјaсoт и јaс мaкa мaчaм и гo држaм a кoгa пaтувaме зa Битoлa кaвги е зa вoзењетo гaки си oблекувaм леснo зaсегa
10тa неделa. Едит: не знaм дo кoгa е дoзвoленo, aмa веќе мoже oд 10тa неделa дa се гледa сo aбдoминaлнo ехo бебетo.
И бурмата дури неможев да ја извадам, рацеве потечени цели со вени испакнати дури едвај одев мислиш 9ти сум стигнала.. Сабајлево одма полесно се осеќав и се мерам.. кога видов ми олесна, викам ваљда не качив 1.5+кг за една недела ке пазам со сол денеска...
Да @mariz од водата е. И јас кога патувам само провизорно го држам појасот. Туку да ве прашам дали може да лежам во полуседечка положба? Не можам цело време самонда лежам куковите ме болат. Само се вртам на лева па на десна страна.
Појасот го носам како на сликата со зелено, јас сеуште си возам и немам мака Со отоците почнав да имам проблем последните десет дена. Нозете ми се страшни како тапан, а сестрата на докторот ми рече дека и целиот стомак ми е со отоци. Е сега не знам колку тоа е точно во килажа но штом телото задржува течности логично дека тие си тежат
Како ти рекоа? Ако треба, мора да издржиш, јас лежам веќе три недели, се ме боли, особено колковите.. Менувај се, врти се на грб кратко, да се одморат колковите.
Зашто не си олесниш со перницана за трудници, ептен удобна ми изглеа... јас му ја мислам да ја нарачам. Мене па баш колкови ме фаќаат на грб лога лежам... Гледам со перницата куп комбинации за седење, лежење може да се прават...
@iki25 @mariz Јас се преродив со перницата од Комфи Ангел таа што е ко буквата П стварно е големка но маж ми го преселив во дневна и лево десно ќе си ја гушнам и мн ми е удобна првите два дена ми беше чудно но сега а легна а си заспијам а страшни несоници имав со месеци...еве многу членки ја имаат прочитај во темата перница за трудници.
Со грчевите во нозе како се справувате? Пред 3 дена десниот мускул(листот) ме фати во спиење плачев од што болеше и болката уште си ја имам на газење и допирање на мускулот а сабајлево и левата исто и сум ко шатка кога одам.Пијам магнезиум директ од 375 со вит.Б и Ц по едно а кога ми се јавуваат бодежите болките доле пијам и две ќесички.Пешачам но многу малце и по секое пешачење вечерта ме болат препоните бодежите се понагласени грчеви доле и од пусти страв си мирувам...
И јас почнав да отекувам баш оваа недела, и се нафурав дека отекувам од притисокот па го мерев неколку пати во текот на денот, ама не ми е нешто многу висок 140 со 80, тоа за мене е ок. Треба понесолена храна да јадеме, солта им помага на течностите да се задржуваат, веројатно, мене барем, од тоа ми е. А не е лошо и притисокот да го пратиш ако веќе не го правиш тоа. Од сабајле кога ќе станам сум си слабичка, а пред да си легнам навечер како бумбар сум во нозете (нагоре не отекувам), стомакот само ми е многу голем, одам во саботата на ехо да го видам партизанов, и таа сестрата ми вика, ‘‘ти за ЦТГ си дојдена?‘‘ хахааха, викам ‘‘зарем толку сум дебела‘‘, ми вика, ‘‘не, не си, ама мешево машала...‘‘
Ке биде проблем со синчево.. спие залепен до мене, ако се подразбуди Мене па претежно низок оваа бременост... вчера вечер не ми текна да мерам, сабајлево мерев и низок ми беше, а и осетив дека е низок ми се привртуваше, па пиев турско. Инаку избегавам да мерам, како мерам така поопседната сум дека ми е нешто и се полошо ми е Исто и јас иначе, лик слаб, раце чичкалици... само надоле поправена, а ако отекувам само стапала, нозе и дланки (со првото кога ке отечев капаците на очите ми беа потечени дури, бумбар)
@mariz иста сум и јас скроз, ама кај мене само нозе отекуваат.Газе и бутчиња здебеленки, лицето и рацете не и нормално мешето да Иначе да бидам искрена без сол јас не можам планирам да видам од аптека да си купам калиумова сол, таа не задржува вода. За спиење не ми е толку тешко си спијам и може еднаш да станам за тоалет ама не секоја вечер. Мм си легнува покасно од мене и ќе ме разбуди да се свртам на страна, ако сум на грб оти тешко дишам ако ме боли грбот или ако ми тежи мешето понатаму во бременоста ќе си купам од оваа перницата
За грчеви и мене ми се појавуваат многу навечер. Кога ќе ме фатат одма викам по маж ми ме масира ме штипе и поминува. Ама многу боли ужасно чувство и сабајле кога ќе станам таа нога што сум имала грч многу ме боли мускулот и едвај одам. Забележав дека ми се појавува највеќе кога ќе седам подолго на стол или подолго стојам
Мешиња утре сум 37+6 и одам на прво цтг,па сакав да ве прашам вас кои веќе сте биле, што да очекувам? Што гледаат на Цтг? Дали има преглед со рака? Да ми пренесете искуства зошто уште од сега ме фаќа некоја трема
Си легнуваш мила на кревет ти ставаат 2 ленти околу мешето тие се поврзани ко на монитор и ги мерат отчуковите на бебето ништо страшно