Не,не,не ми беше тоа муабетот,него и на другарками и рекоа девојче е па во 5 месец и рекоа машко и така бидна.Интересно ми е што буквално секој го кажа истото. Само нека е здраво и живо
Малечка која недела си? Мене прво докторот ми кажа машко е, ама тоа беше многу рано и после испадна дека е женско. Знам случај кога девојката до 7ми месец мислеше дека е машко, така ѝ кажал докторот, па после испадна женско.
Незнам, до крајот сигурно ќе ти кажат пак Мене уште ви 12+4 ми виде ама не кажа сигурно после во 13+1 потврди и вчера на 14+4 пак матичниот и тој ми потврди... Небитно здрави и прави
Значи едвај дишам Не сум прејадена,не сум ни голема а овие два три дена неможам воздух да земам Спијам во седечка позиција Многу ми е тешко,чаре мешиња? Не одам по жешко,дома е свежичко Незнам веќе како да се наместам @Вереничка и јас го имам истиот проблем На почеток најдов едни чепчиња од кере кога беше 2-3 месеци и ставав па ги доискористив јас А сега пијам Ланино семе и полесно ми е и редовно одам од него Барем дури пијам немам тврда столица
Па во таа недела убаво се гледа полот. Ако докторот не гледа убаво тоа е друго. Мислам не би требало да е грешка. А по што луѓето познаваат дека е машко или женско? Мене пред некој ден една роднина ми кажа дека ми се познавало оти женско носам.
Утре ќе го видам моето малецко. 6та недела би требало да сум па може и да нема сеуште срценце, важно се да биде во ред. Кога ќе ме види гинекологот се надевам нема да ми рече пак ти @duffi @ludoto19 се бркаме ние три мислам
@danichap дaни беее се изнaсмеaв ептен. Речи му "дoктoре јaс дoјдoв зa реклaмaцијa нa кoнтрaцепцијaтa" ! Дaј бoже се дa биде вo ред, ќе те чекaме дa ни пишеш
@danichap Да,тука сме си со мешињата ,инаку мене срценце на 6та ми покажа,така да ништо чудно и кај тебе јас утре сум точно 8ма недела
Јас од денес 37 недела, добро сум, Пред 5-6 дена ми почнаја менструални болки по 1-2 часа во денот. Уште си спијам немам никаква мака, петок сум за прво цтг па ќе пишам како сум поминала. И забележав промена во исцедокот имам повеќе и потечен ми е гаќите ептен ми се влажни. Некаде читав дека чепот може да паѓа неколку дена па се мислев да не е тоа, но не знам не сум сигурна бидејќи исцедокот е бел, ако знае некоја нека пише дали е можно тоа чепот да паѓа неколку дена.
Јас имав таков исцедок во двете бремености но не беше чепот. Одговорот на гинекологот беше дека телото се спрема, дека каналот се навлажнува и дека е нормално.