А се сеќаваш ли колку време пред пораѓај ти беше така? Спојлер И ај пиши ми како е на германски да кажам дека ми паднал чепот или ми пукнал водењакот. Гугл не преведува убаво а вакви поими не ми се познати, Можда ќе ми притреба за во болница да кажам.
Исто и јас имам исцедок но не е розев и јас си мислам дека телото се припрема за породување, јас паничарка па отидов синоќе во болница покажа слаби контракции.
@eli25 tuma sum duso samo so edna raka mn tesko pisuvam . Dobri sme i jas i bebeto . Mene ke me pustat kaj i da e a bebeto ke posedi uste malku . Samo zdravje Gospod e so nas . Ps. Sakam raka da vi pruzam na site sto cela bremenost se bockate kleksani , sekoja cest za hrabrosta. Tuka po carski na site davaat strasno boliii Ve pozz i guskam site
Денес бев на ехо,чекам момче, синче на мама.Докторот ми рече декс постелката не му се допаѓа,има доста лакуни,д димерите ми се во ред ама тој вика дека не е добро и ме загрижи.Ми даде совет да одам кај др.Адамова во Санте плус,таа била стручна да даде мислење.Има ли некој слично искуство,колку чини преглед на ехо во Санте?16+5 сум
@orhideea недели пред пораѓај. fruchtblase geplatzt Пукање водењак Muttermund geöffnet Отворено грло. Gebärmutterhals verkürzung Скратено грло Mене ми нема паднато чеп, не успеав да го слушнам тој стручен термин, но овој со отворено грло ќе заврши работа.
А ти болките од 40 и 50 на цтг ги чувствуваше како јаки? Мене на претходните два пати на цтг ми покажа еднаш болка 65 а другиот пат дури 80 а јас ништо не чувствував. Докторот неколку пати ме праша дали чувствувам болка ама јас супер се осеќав. И двата пати ми направи преглед со рака ама не бев отворена. Баш ми е чудно зошто не ги осеќам болките.
Фала ти. Немам страв од пораѓање, повеќе ме плаши тоа што слабо знам јазик, па можеби во тие паники и болки се да заборавам и да не соработувам со акушерки, па да се продолжи породувањето. Мм ќе биде со мене, ама и тој слабо знае. Знам ќе помини се само ете во мисли ми се врти тоа.
Не бери гајле, не ти треба јазик многу. Кога треба да дишеш они ќе дујат образите ќе ти покажуваат. Стварно даваа се од себе за да помогнат на родилка. Ми текна на породилната приказна на една членка која веќе не е активна, @ozbilnazena , како не знаела ниту збор германски а се породила без проблеми.
Извинете што упаѓам. Одбери било кој доктор во Систина или Ремедика сите се добри но во Санте особено не Адамова никако кај неа тоа е мој совет.
И јас си велам така, можда нема ни да ми се слуша тогаш Се тешам со една бугарка овде дојде во 8 ми месец од бременост и се породи а ни зборче не знаеше , има и многу други такви. Како и да е Господ помага во такви моменти, битно дечињата да ни се здрави и живи се ќе помине. Одвај чекам и јас и мм 37 недела од денес
И мене тоа ми е мисла,јас во Санте не би одела ама матичниот мој инсистира на нејзино мислење.Незнам дали е за пари или стварно е толку стручна докторката Адамова...
Нели е во години таа докторка? Уште ли не е во пензија. Се е индивидуално, секојсо сопственото искуство, ама јас се сеќавам дека тука имам негативни искуства прочитано за нејзе. Јас не би таму.
Ќе се бркаме ние со мартовски бебиња девојки. Мене ме водат според ехо една недела назад т.е не цела, некој ден назад, ќе видиме на следен преглед како ќе биде, веројатно после ќе се израмнат неделите. А срценце имавме во 5+4 според ехо, според циклус нешто покасно. @danichap @ludoto19
Мамички од денес сме 20 г.н. ама јас се повеќе и повеќе загрижена. Тоа што ме мачи е што освен што ослабнав 5кг (многу повраќав првите 3 месеци и сега пак ама поретко) немам качено ни грам и еве 20 г.н. уште го немам почувствувано бебуш. Докторот секако ми рече дека после 20 да очекувам оти секако сум со прекумерна тежина, но мене некако од вчера ме фати некоја паника. Ќе полудам до 01.август кога ми е закажан преглед. Дали има реално место за паника или тоа е само во мојата глава. Ќе има ли некои симптоми ако не дај боже нешто не е во ред со бебуш? Ве молам за совет искусни мамички. Инаку на последните 2 контроли докторот ми рече дека плацентата се наоѓа на преден ѕид и се е добро но дали со таква локација треба порано или подоцна да го почувствувам? Горе
Со плацента на заден го почуствував бебето околу 16 недела, со плацента на преден околу 22 мислам. Така да имаше голема разлика, барем кај мене а и според тоа мене докторот што ми го кажа. Не е правило, но често очигледно. За тежината немај гајле. Бебушот си влече од твоите резерви. Многу слабеат во текот на бременоста. @Mari* на пример.
Девојки цел ден во трчање, не успеав да седнам, а едвај чекав да дојде момент да ви пишам и вас да ве прашам за мислење.. бев кај докторот кој треба да ме породи, ме гледаше на ехо и ми искоментира дека бебе има голема глава не се доискажа, само дека може потешко да поминува низ родилни канали спомна и можеен царски а јас желна со сета жар и без страв за природно си бев до сега... и наеднаш дури иако не е отфрлена можноста за природно сепак е или тешко природно опција или царски веројатно... иако он рече ќе го чекаме природно отпосле некако се си мислам дека нема а пак во 22недела на тој скрининг др адамова во санте исто искоментира поголемо главче.... тогаш занемарив тоа и ден денес не знам на што мислеше и во однос на што.... а матичнава моја уште пред да бидам бремена ми има кажано дека има тесен отвор и денес се така си поврзувам и си се натажувам со глупи приказни... ако има некој нешто слично да сподели слободно...јас сум си малку загрижена... Ве гушкам сите, сега откако пишав се враќам да ве исчитам - активни сте биле денес
Првото дете ми се роди со 37-38цм обем на глава и беше потежок пораѓај. Ми рекоа има големо главче. Второто имаше обем 35цм и беше полесен пораѓај. Јас би слушала препораките на докторите, нема потреба од страв природно/царски, се ќе биде во ред.