Некогаш е отварањето подолго, некогаш пократко(иако не е ова поврзано со главчето, туку зборувам општо за потежок/полесен),а бебето првен со главчето испаѓа, па поголемо главче потешко би било да испадне. Но се е индивидуално и нема потреба од паники или слично. Кај иста жена, како мене на пример, два пораѓаи не се исти, уствари ниту слични,а не па да правиме паралели помеѓу разни родилки.
Инаку гледам се пишувало погоре... јас бев кај адамова и за приска и за вториот скрининг,задоволна сум од неа... одпосле се изначитав милион негативни коментари и малку ми е криво зошто не сум избрала друг доктор ама во тој момент на неа падна изборот и среќа со мене беше супер... се надевам и нејзините наоди се точни и прецизни... Ехо обично во санте е 1500ден, а скрининзиве мислам беа по 2500-3000ден, некој прашуваше
За пари е и мене така ме пратија и за џабе и плус ми издаде извештај без печат и потпис и плативме 4000 ден. Оди кај Димчев како што ти кажаа или кај Петровска јас од двајцата имам убаво искуство.
И така, тетка Бебуле дежура во утринските часови 04:10мин. Не нападна тахикардија, помина пола саат од бедоксинот ама несака да се смири и така си лежиме. Богами ми фалеше, одамна не ме фатило
Добро утро девојки. Јас три четири дена мака мачам со кичмата. Пијам магнезиум ама не помага многу. Ме боли ме кине, долу над задникот и двете нозе ми се кочат. Ова ми е стара болка ама сега си зема замав. Ако лежам не ме боли ама не можам да лежам цело време. Со што би можела да се измасирам да попушти? Некоја крема нешто????? И има ли некоја од вас ваква мака. 12 + недела рано е да е од бременоста што знам.
Од бременоста е... чат пат ме фаќа од сам старт. Се шири карлицата и болат колкови, кичма.. баш највеќе кај задникот горе како некој со игла да ме боде... пред некој ден неможев да го пресоблечам синчево, мм за раце ме тегнеше да станам, викав од болка Инаку не лежи... биди повеќе раздвижена, така помалку ме боли, баш ако се залежам и после кога ке станам боли корне. Ке си ја имаш болкава дури и после раѓање кога ке се враќа телото во нормала. Еве сега на едно магнезиум од 375 сум и немам неколку дена болка во колкови и кичма... а кога ке фати боли без престан 3,4,5 дена.
@Igle @danichap и на моево бебе главчето му е поголемо, до душа цело време си е тој поголем од неделите во кои сум. Матичниот не ми спомнал ништо за царски, само вика дека ќе следиме ситуација, а Петановски ми спомна дека можеби ќе треба доколку го носам до крај бидејќи според негова процена ќе порасне до 3800 а јас не сум имала доволно широка карлица. Следно ехо ми е на 05 август. Баш ќе видам колкав обем на глава ќе има. 37ма недела ќе сум тогаш. Инаку и јас би сакала да се породам природно, но како и да е, битно се да е добро
Здраво мешиња, да ве прашам нешто. Овие за железо шо ми ги препиша докторот фоливит феро содржат 400мг фолна киселина, а исто толку и фемибионот. Да не ми дојди многу дупла доза? Сеуште се немам напиено. Докторот не знам дали помисли дека пијам и пренатални витамини кога ми ги препиша. Некоја да има вака пиено?
Мене д-р ми ги даде сидерал фолико, и тие содржат фолна. Ја прашав што да правам со пренаталните, ми рече преку еден ден, или по потреба (јас пијам провен пробиотик па повеќе поради пробиотикот во нив) И така и ги пијам. Но многу ретко.
Исто е и кај мене, бебчо е понапреден за неделите и со поголемо главче. Докт. кај кој сакам да се пораѓам ми кажа дека сега на следната контрола ќе ми мерел карлица за да види дали имам шанса за природен пораѓај бидејќи јас сум ситна а бебчо понапреден...а јас си сакам природно да пробам , но како ќе кажат така ќе правиме..
Јас кога го видов колкав е синко и колкаво главче имаше се чудев како воопшто излезе од мене (а за помалку од минута го родив, два напони само)... го ставав на меше и си викав како ти човече си бил напикан тука баш ке видам после во документите што ги чувам колкаво главче имал... ама прилично голем беше и од сите бебиња таму штрчеше колкови не ми мереа тогаш, дури на бокс пред раѓање ми мереа со тоа железното. Еве видов.. во 35+2 92мм, што одговарало за 37 недели а и девојчево има главче за +една недела од другите мерки ... Чек кој е обемот? Како пишува? BPD? Или hc?
Се вратив од Систина,бебушките супер се по 1200 гр. се двете. Исто се развиваат и се е во ред. Ми даде да примам инекции за зреење на плуќата и белите дробови Дексаметазон 3x12 мг.па по една недела повторно 3x12 мг. Магнезиум ми рече слободно можам и по 3 таблети на ден. Утрогестам да продолжам по 2 не мора по 3 дека не одам на работа. Ми рече да лежам ама не строго можам да се раздвижувам. Секој ден по 20-30 мин рашетувае ради тромбоза и циркулација на крвта.
Кај мене е ku, ама на германски се кратенките. Во отпусна листа или слично сигурно има податоци за должина, тежина, обем на главче на малиот и сл.