@duffi уште се радувам за тебе,многу мило ми е Инаку вчера некои несоници ме акнаа тек во 6 сабајле заспав како некое зомби низ стан. Посебно до вц хухуху мм без сон го оставив пустиот. Некако слабо спијам ич не ме фаќа ни сон ни дремка, апетит слаб мака мачам со тоа овошјето, јас ич не сакам овошје оф,сега на сила морам да си буткам за мене и тоа е голема промена бидејќи не сум навикната да јадам Ајде сѐ за бебче шо да се праи Убав ден мешиња
Б6 можеш.. @kukla21 рече и 50мг пие, а мене ми рече матичната може и по две апчиња од 20мг (тоа е веќе 40мг), да се напијам ако осетам нервоза поголема и тахикардии.
Фала женски ќе пробам Јас пијам Магнезиум од 500мг, скапи ги земам ама сум презадоволна. Моментално ги пијам по потреба и во рок од 5мин ми е смирено се.. Спојлер: Магнезиум
Па таква ми е фамилијата, големи луѓе со големи нозе, раце, високи и гломазни и кај мм страната има високи, ама поситни градби се... јас 41 носам синчето мој ген има, девојчево мислам нивни ке фати. Утре ке им речам, некако ептен дива лига е градинкава, сама ако не прашам нешто, не кажуваат.
Мене ми се потрошија ќесичките магнезиум и сега сакам некои таблети да земам. Не знам какви точно ама овие погоре од @Bebulleee ако се добри ќе ги земам.
Јaс нaтурaл есеншл пијaм мaгнезиум. Тoј oд ќесичките ми прaви прaшинa вo устaтa кoгa ќе гo истурaм и се дaвaм бoже кoлку сум глупaвa
Јас сум презадоволна од овие, дури пиев од директ за неколку часа повторно гечеви. А овие ме држат цел ден вредат за парите
Колку пари се? Јас бев задоволна од Магнезиум Цитрат ама 800 ден не ми се даваат. Пијам и јас од прашококот со б комплекс ама скапо и тоа ми иде 10 ден кесичка, а пијам 2-3 на ден.
Другарка ми и мажот и до 7ми месец мислеа дека ќе биде девојче, така им кажуваа, и оп после едно ехо таму во 7ми некаде, докторот им рекол ааа еве му го, машала, мако детее.. а овие веќе изнакупувано за девојче еден куп работи. И стварно излезе машко дете. Многу почесто се случува да погрешат дека е женско кога не се мести убаво бебето, и мислејќи дека нема ништо меѓу ноџињата да речат дека е девојче, но се случува и обратно да се погреши. Ама ич не е тоа важно, важно е да излезе се добро на крај и живи здрави мајка и бебе.
Гинекологот не ми кажа ништо конкретно, рече 50-50 шанси. Тоа што го хиде не е доволно, па другата недела повторно за да бидиме дали бетата расте и дали нешто повеќњ ќе покаже ехото. Се надеваме на касна овулација. Сега видов дека тестот го правев на 6, пред 11 дена, и тогаш беше 1 недела. Значи некаде 5та да сум, иако според последна менструација треба да е 7ма. Виде јајници, не делува како вонматерична, што е најважно. Немам никакво крварење до сега... па се ојидувам да не мислам на опцијата која ја спомена, ран абортус. значи само добра мисла и позитивна енергија до следниот преглед. Сите ве гушкам
@danichap најверојатно е рано. На следниот преглед има плодче. Никогаш не знаеме кога настапила овулацијата(освен ако се следи нели) , па и оплодувањето. Мислам @mariz имаше сличен случај.
Дали е нормално уште во 9та недела да почнат да отекуваат нозете? Работата ми е таква по цел ден сум на нозе и има многу движење, не станува збор за големи отоци но сепак околу глуждотжвите потекувам. Се плашам како ќе биде понатаму ако уште сега почнам да потекувам. Во првата бременост нозете почнаа да ми потекуваат дури во 8ми месец.
@danichap истата ситуација беше кај мене. Многу е важно што не е во јајцеводите. Заради касна овулација можно е да не се гледа и кај мене не се гледаше па после на следниот преглед ја видовме запирката мамина и срценцето
Може да си имала касна овулација па затоа да не се гледа сеуште.Исти случај и @mariz мислаѓ беше. Испитај си утре бхцг за секој случај, но мислам дека наредна контрола се ќе биде во ред.
@danichap има многу причини зошто може и да си имала покасна овулација - доиш, релативно скоро си породена, така да позитивно само