Кај мене беше така. Бев на преглед во 7ма недела по менструација, а не се гледаше плод. Јас бев мирна затоа што знаев дека овулацијата ми беше две недели покасно. Значи и кај мене во 5та недела не се гледаше ништо со вагинално ехо. Се виде по 1 недела. Сигурна сум дека се ќе биде добро
Оф и јас поминав или сеуште поминувам низ истото. Пред 2 недели ни со вагинално ехо неможеа да видат ништо, хормоните се во ред ама матката празна. ми рекоа можно е да е вонматерична бременост или дека можно е да се имам испуштено а да немам ни заприметено (а јас воопшто немам прокрварено) и 3та опција дека сум имала покасана овулација и сум помалку недели па рано е да се види. Сега би требало да сум 9та недела, во петок одам пак да проверам крв и да ме видат на ехо. Пробувам да сум позитивна и да мислам дека овој пат нема да биде празна матка туку ќе се израдуваме и ќе видиме бебче. Па ајде само верба во Бога и се ќе биде во ред, те поздравувам и молимте биди јака.
Кај мене имаше едвај една точка, ама баш точка само како нацртана со пенкало и тоа беше бременост од 4,5 недели. Најверојатно е касна овулацијата @danichap па може да е бременост помалку од 4,5 недели и затоа да нема уште ништо. Земи направи тест од тој недели што покажува и види колку ке ти покаже...
Девојки фала на сите за секој пишан збор. Тука сме сите една за друга @mariz колку сакам да те во моментов ти не знаеш. Купив а и го измочкав тестот. Да не ми спомнеше немаше да ми текне. Еве го тестот од 06 месецов Овој е од денес, штотуку направен @ane.bella биди и ти позитивна, мораме. Нетрпелива но со добра мисла ќе го чекам вторник.
Етееее ептен рано е за на ехо да се види, еве ја мојава точка милиметарска во 4,5 недели, значи нормално е на 3 недели да не се гледа ништо, уживај си сега и за некоја недела ке има и точкиче и плодче
@danichap а бета хцг можеш да направиш? Кај мене исто како кај мариз беше точкиче, др. ми рече дека бетата мора да е околу 1500 за да може да се види на ехо нешто. Така и направивме. Кај тебе е рано, рано. Остани позитивна и тоа точкиче ќе си порасне
Со лесно нека ти е, честитки, не му се секирај многу, тоа е тоа Те молам кажи ми каде го има овој тест во МК, во кои аптеки?
Денес ми зедос крв, резултатите ќе стасале околу 16.30, утре. И јас се мислев петок да одам пак да проверам, ама во тој случај резултати би добила понеделник, а вторник ми е терминот. Секако ќе треба да чекам до следната недела. Во Германија сум, на жалост не знаѓ дали и каде го има во Македонија.
Женски мене изгледа чепот ми падна. Сега пред 10 мин имав лигав жолто-проѕирен исцедок. Незнам дали е тоа вакво нешто сум немала до сега. Што мислите вие? Болки денес немам. Сега сум ептен збунета и возбудена незнам кога да очекувам болки. Си правев генералка В купатило, не ми е дочистено, да до чистам или не? Имав и алишта за средување, леле ама се возбудив.
@danichap еве и јас сум од оние кои на првиот преглед гинекологот скоро ништо не виде, на вториот исто скоро ништо не виде, но затоа на третиот веќе се гледаше дека ќе има бебе (уствари две беа од кое едното само се разви и ете го сега дома трчка и замара) Не да бев испаничена, не да бев во страв и стрест, уште паметам колку само го посакував тоа прво бебе и колку само се плашев да не испадне како и првата ми бременост која заврши со спонтан. Сепак како што реков имав среќа и со бебушот се беше во ред. Исто неделите не се совпаѓаа со плодот, наводно требаше да има веќе срцева акција а тоа дури после 1 недела доби, што значи покасна овулација и покасно зачнување. Затоа те молам биди со позитивна мисла, јас се надевам се да биде во ред и дадичките да си добијат едно слатко братче! Гушкам те Друго сакав да ве прашам! А бре срцево ќе ми избега од гради, пулсот ми е страшно забрзан овие неколку дена и ми смета... нит можам да работам, нит можам да лежам, некако како да не можам да дишам! Чаре??? @orhideea Јас се возбудив а не пак ти! Батали купатило, не е моментот да се чисти... Оти знаеш нели, чепот паднал...и... знаеш што следи! Со лесно!
Леле ме изнасмеа со купатилово и алиштата. Срцка Не се знае кога може да биде моментот, часеви или денови... Спреми си торбица за во болница и акумулирј енергија, одмарај. Наскоро ќе се гушкате со најмилото
Тука сум дафи. Фала ти што се сети на мене. Добра сум. Супер. Се среди работата. Мм се извини и многу му беше криво што ме нервирал, па сега надоместува со галење и бакнување на меше. Да не дојде до забуни. Не ме удри, туку само крена рака како да сака да ме удри, ама мене тоа многу ме вознемири. Сега е се во ред. Фала ти што ме мислиш. Туку сакав да прашам дали смеам кока кола да се напијам? Барем пола лименка. Јадев тост и сега многу ми се пие кока кола а и притисокот ми е низок и ми паѓа главата за спиење. 7-ма недела сум. Инаку јас сум супер. Симптоми нема (што на моменти ме плаши), малку гадење имам ама не е страшно и тоа. А да, и многу сум емотивна. И пред тоа бев ама сега станувам од спиење и ми се плаче. Ве гушкам сите и фала ви што ми бевте утеха кога ми беше најпотребно.
@danichap сличен случај како твојот, другарка убаво позитивен тест за бременост, на ехо ништо не се гледаше, се сеќавам ја истрауматизираа докториве тука во мк, одма и препишаа некои апчиња за чистење, сирота колку уплакана беше таа вечер после преглед кога требаше да се радува.... среќа не ги послуша и си почека уште недела за сега да си има здраво, право девојченце низ дома... позитивна мисла само како што верувам веќе практикуваш и ќе се види таа ситна точкичка наредна недела @orhideea јас колку што знам тука некаде сме со термини ама ти изгледа ќе се гушкаш поскоро со бебуш
@danichap Јас го правев истиот тест и мене тогаш ми покажа 1-2 недели, што всушност значи 3-4 недели од последна менструација, а 1-2 недели од зачнување.. знам дека тестот го направив на 24ти декември, а на 5ти јануари бев на преглед и ми кажаа дека сум 6та недела. Верувам дека на следна контрола ќе се види плодот. Само храбро, се ќе биде во ред ќе видиш @orhideea а да се слушнеш со докторот кој те следи или да идете да те видат? Батали чистењето..
Може да е чепооот, тој е лигав таков проѕирен (може и со крвче да е некогаш, а и немора) како течен исцедок е или како мрсулче? Чепот е како мрсулче Ајде со лесно само, која недела си?
Фала ти, сепак до чистив Спремана ми е торбицата, и алиштата за излегување од болница од бебуш мои и од мм . Некако не очекував па се превозбудив и де се смешкам де се мислам... Шетав од едниот крај на собата до другиот Туку сакав да ти кажам не мисли одма на лошо, како твојот пример имало овде многу жени, Мене на 30 ден од циклус истиов тест ми покажа 2-3 недели бременост ама јас прв пат на гинеколог бев тек 8+ недела. Не се знае Никогаш не му сум се јавила за ништо, а и мислам дека ни број немам, а неможам ни да објаснам, ќе си чекам болки. Да да исто како мрсул немаше крв, инаку сум 37+1 Овие 5-6 дена исцедокот ми беше ептен течен, ѓаќите ми беа мокри како подмочкани цело време. Барем купатилото си го исчистив малку алишта подсредив, машина пуштив, Се издепилирав веѓи и надусници, Сега си направив едно ладно нес кафе си го пијам на тераса, па одам да се капам да се средам. Кој знае можеби ноќеска е моментот