@orhideea со лесно нека е мајка, наскоро ќе си се гушкате, полно срце, раце, душа @danichap се е во ред мила, овие докториве знаат само да не испаничат, црвчето си е најубо, јуначе на мама
Пак јас. Кога ме нема ме нема со денови, а кога сум тука само досаѓам. Се напив кока кола, помалку од пола лименка и одма после тоа ми се поду стомакот и имав бел густ исцедок. Читав на интернет дека кока колата е штетна и некои ја користеле како контрацепција после ризичен однос. Знам дека е смешно ама за сѐ се тресам. Што и да ставам в уста цел ден се мислам дали требаше или не. Нема ваљда да ми се деси ништо, со оглед на тоа дека сум на почеток на бременост. Ако не дај Боже дојде до спонтан, мора да има болки и крв или може и ако има бел исцедок? #извинетезаглупивепрашања # паничаркалевел100000
Меше ај малце смири страстите и кажиму на маж ти да биде лош и да ти го исклучи интенетот . Пиј слободно се јади СЕ. Значи се шо е умерено е дозволено. Ако сме бремени не сме болни.. Смири душичката
Ауу имало по паничарки и од мене, ајде за утеха, бидејќи имам низок притисок докторот ми кажа да пијам кока кола, ова ти е за утеха . освен некој чаеви друго ништо не може да биде штетно се што е во умерена доза, и дај смири се малку, ти повеќе штета му правиш со стрес на бебчето отколку храната
Мешиња овие 2 дена многу се осеќам мокра долу, гаќичките ми се влажни постојано, без боја и мирис. Секретот ми е бел и се познава, а ова другово се плашам да не е плодовата вода. Утре сум на контрола, ќе го прашам докторот.
@danichap и @ane.bella со вас сме и ве гушкаме. Јас сум со позитивна мисла дека се ќе е во ред и дека се ова ќе биде само еден лош момент што ќе остане позади вас и ќе се радуватензандевет месеци и ќемсе гушкате со бебуши
Мaјкa рaничкo дa не е зa плoдoвa вoдa дa ти тече? Не си вo 9ти кaкo штo прaтaм не се плaши сигурнo немa местo зa грижa ќе видиш утре
И јас имам таков исцедок во средина бело а од страна мокро како вода, дури ставам секојдневни зашто имам доста и преку секојдневните ми се мократ гаќите... вагинален исцедок е 100%, мислев да не се подмочувам ама не е горе, баш подоле на гаќите е. Прашај баш и мене ме копка...
Јас секој ден сум со мало шише пепси. Мислам нема ден кога сум на работа да ме пијам пепси( демек без шеќери ) Нема шанси од кока кола спонтан да имаш,тоа да ти е во памет. Јас и пиво се рушив пиејќи поготово на почетокот по една лименка на ручек, па малите супер се засега. Нема потреба од никакви паники, и не туку читај глупости на нет. Само рилекс и терај понатаму
И јас исто имам таков прозирен исцедок како водичка, го прашав докторот ми рече дека не е плодова вода.
И мене ми се случува тоа веќе неколку недели ама не секој ден, и јас бев исплашена да не е плодова вода ама докторот ми рече да не се грижам исцедок е и плус пообилно потење...а постојано сум како мокра ... само дома ми е добро бидејќи пречесто менувам ѓаки ... мислам нема простор да се грижиш ама ете прашај и ти за секој случај..
Кока кола дури е препорсчлива во бремрност за низок притисок и глсвоболки. Јас си пивнував за главоболка. Никогаш не пиев претходно, но трудна морав како лек, ми помагаше. @orhideea so lesno!
Абе опасна си ме изнасмеа и ти како мене се цакум пакум да направиш ајде само со лесно ќе се гушкаш со бебушот Мене нон стоп ми тече така па не сум прашала докторот секогаш кога одам на преглед се вика дека е во ред инаку мажот ми прв пат го осети мрдањето на синко си лежевме јас со стомакот накај него и синко мрдна и вика тој беше или ти јас пресреќна секогаш кога мрдаше а тој ја стави раката синко се смирува а ја тргни и пак почнува
@Bellucci* Јас во бременоста станав зависна од кока кола. Доколку не се напиев во денот почнуваше душата да ми се треси. Каде и да одев со шише кока кола бев. Дури и на боксот после пораѓај побарав шише кока кола Немој да се секираш се што е умерено е дозволено. Сама ќе увидиш која храна и пијалок ти смета, а која ти годи. немој да си ставаш забрани. Уживај во бременоста.
дани да не се секираш ич исти случај бев и јас касна овулација на 22ден па додека се оплоде и вгнезде ехеее и затоа цуца моја на секое ехо од сам старт си беше за две недели помала од што треба да биде според циклус па така си теравме и до крај и ја надносев 16дена над термин
Веќе неколку вечери сум со јаки грчеви на нозете Ме будат од сон од што се јаки. Сега ми е страв да заспијам. Дури и кога се вртам лево/десно почнува . Многу е непријатно. Пијам магнезиум,,пијам калциум.... 35та нед. сум.Преку ден немам, само навечер.
И јас имав навечер само нс левата нога и сега кога сакам да ја истегнам почнува да ми се грчи легни си опуштено не мисли на тоа ако те фати прстите од нозете влечиги накај тебе јас се нервирам веќе 3 дена сум спиена само по некој сат нервите си искинав незнам врќе што да правам