од кога ке станиш ако лежиш или ако подолго време си во една лежечка позиција гледај полека полека да ја мрдаш ногата немој наеднаш нагло нанадоле да ја наместиш одма имаш гратис грч пиј си магнезиум и трај си коа ке те фате грч оптегни малото првче на ногата и ек помине тоа додека се породиш после немаш гајле
Млеко не пијам б6 немам се ме чеша затоа не можам да спијам а никоја крема не ми помага и како некој немир осеќам овие дена кога си легнувам како страв ке издржиме уште некоја недела
Да видиш со кокосово масло? И кај мене има денови кога особено стомакот мн ме чеша. А може и на нервна база да ти е....Мисли си на средбата со бебче, биди поопуштена , сите сме така особено при крај и нормално е
На нервна база ми е цела бременоста така ми беше не наспана сум незнам и како функционирам денски не преспивам тоа е само господ да не чува сите
Welcome to the club. А замисли не спиеш по цели вечери и само што си заспала во 6:45 ти звони аларм ајде станувај за на работа до 16:00 часот. Па после дете "кај ќе шетаме" ќе одиме во парк.. Иста постапка секој ден, 3 месеца веќе.
Можам да замислам мами му викам на мажот ми уште не родено маста ми ја вади ами ко ќе се роди тешко мене ќе биде ако е на мене еве го немирен ми го поткрева стомакот и органиве а и нема шанси на грб да легнам останувам без воздух
Добро утро мешиња. Приметив една капка кафено на долниот веш. Се си мислам дека е од прегледот со спекулум и брисевите, оној за пап, кој ги зеде. За имплантација е касно, или? Мислам е премалку за лоши мисли... Раат да се нема.
Незнам и јас дали имам место за паника а матичниот ми е н одмор. Преска кога се избришав на тоалетот имав промена на бојата како светло кафеава. Сега излегов одам дедимери да испитам и некако многу ниско ми мрда бебушка.
Секоја ноќ ми се случува да срипам наеднаш не можам воздух да си земам, осеќам кисело на грлото, ми се враќа желудичната содржина во грло и ако не се напијам вода ќе се задушам мислам. Секоја ноќ ова од сон ме буди, највеќе ме плаши што нагло срипам, се плашам да не му биде нешто на бебето. Од што може да ми се случува ова мешиња знае ли некој?
Втората бременост имав сличен проблем, некаде во трета третина. Наеднаш губев воздух, чуство како предолго да сум била под вода и кога пробуваш да испаднеш и да вдишеш воздух. Се надевам добро објаснив. Баш како давеник. Гинекологот ми рече се случува, трудна дека сум, телото дека доживува промени. После пораѓај се врати се во нормала.
Кога бев 5та недела отприлика имав еднаш на бришење јако кафеаво. Ми рекоа од имплантација. Така да можно е. Претходните бремености имав кафеаво/ розево 2 недели пред да го направам тестот примњр. Ама ете имало и доцна имплантација.
Од стрес @forumce од мислење од што се преоптоваруваме со се. Пред да легнеш навечер направи нешто што те опушта, туш, топло млеко или чај од камилица, напиј се магнезиум и б комплекс, прочитај 2-3 страни некој љубовен роман . Помага. Јас сум навечер капната и спијам ко заклана ама деновиве ќере не ми е тука и од што ја мислам не можам да спијам на раат.
Јас сум немала имплантациско крварење и затоа сум изненадена малку. А и рачунав на кој однос(и) се има фатено, отприлика де , па исто, 5 та би требало да сум.
без паника. Мислам немаш простор за грижи. Ако се интензивира исцедокот, појди на дежурен за мирна глава.
@danichap исто како Ели и јас овој пат го имав овој исцедок во 5 недела. И нормално најлошите сценарија си ги направив. Беше една дамка и толку. Мисли позитивно. Се вгнездува точкичето. Или пак реакција од спекулумот.
Во македонија пред 12та недела никако не се чепка за брисеви а пап и не е препорачлив. Затоа можно е да ти е од тоа. Мирувај и не паничи