Пред две недели ми заврши годишниот одмор, планиравме со мм да одиме вонсезонски, ама само што ми почна одморот дознавме дека сум бремена, па триста испитувања и проблеми, и нигде не отидовме. Не знам по кој основ можам да земам 2 недели боледување? Не сум толку блиска со докторот и незгодно ми е да му кажам дај ми боловање за да одмарам Офф а како би си земала боловање до крај, како патолошкиве што земаат Али некако, да не си ја предизвикувам судбината, па стварно да ми треба патолошка пу пу. Само бебе да е супер, мама ке се снајде
Би требало да ти важи да и да можеш да си го искористиш кога сакаш, ама многу често тоа зависи од фирмата или газдата за жал. А законски си имаш право да го искористиш годишниот одмор што те следува откако ќе ти заврши боледувањето.
Ако не си блиска со докторот за онака пријателски да побараш да ти пише боледување (иако мислам сите матични пишуваат само да побараш), можеш да се пожалиш дека те боли кичма или дека имаш некои мачнини со кои не можеш да функционираш на работа, тоа никако не може он да потврди или не па ќе ти пише боледување дури и да не сака. Ако ти е глупаво од гинеколог исто можеш за настинка да си земеш од матичниот општ доктор.... има начини само на работа ако не ти се бунат за честите боледувања секој месец можеш барем по две недели да си седиш дома се до 34та недела кога матичниот гинеколог веќе не може да ти дава боледување по основа на бременост бидејќи мораш да отвориш породилно ако имаш потреба, а општиот матичен доктор до 36та може да ти дава после и кај него е блокирано бидејќи си во систем 9ти месец.
Јас имав заканувачки абортус со историја на еден миссед и хормони несредени и шеќер и ми пишаа ама нема скроз да бидам и јас до 20та или 24 недела дури да помини ризичниот период.. Земи од кај општиот една недела ќе ти даде сигурно мене ми даваше само крв ќе ти речи провери колку да имам шо да пишам и ми пишуваше дијагнози психичко растројство хахах ама 5 дена ми даваше само битно не ме одби на два пати
Ова точно е дека општ доктор не може после 36та да дава боледување? Прв пат слушам, јас планирав така да продолжам.
И ова со боледувањата од гинеколог дека може да се зимаат на две недели не е точно. По истекот на обично боледување од матичен гинеколог, истиот 30 дена нема право да ти даде боледување.
Арно му текна незнам досега како ова не беше ни предлог за да го донесат а не да се траскаш по полиција па изводи па ова па она па дојди утре неможи сега дојди земи го по 2 недели.. СУПЕР
така е. затоа пишав по две недели можеш да седиш дома скеој месец. прво пример од гинеколог, па додека да поминат 30 дена да земеш од општ матичен, па додека поминат неговите 30 дена во кои не смее пак да ти даде боледување ќе си земеш од гинеколог... така секој месец по две недели од различен доктор
Гинекологот не смее да даде 30 дена по последниот ден од боледувањето. Така да, по истекот на две недели, ти остануваат 30 дена.
е и јас исто планирав. си чекав 36та да влезам па демек кога ќе е најтешко да ми даде матичниот општ за настинка. Кога дојде време одам кај неа жената ми покажа на компјутер, со свои очи прочитав дека сум во 9ти и блокиран е нејзиниот систем за отварање боледување... не е да ми кажале па да зборувам, туку од сопствено искуство...се што планираш да корстиш од матичен општ сега користи... е ова не знаев...можно е да е така иако мислев дека не е. Се знае дали приватните породилишта т.е болници ќе можат да издаваат изводи вака за 48 часа или ова важи само за оние кои после 24јули ќе се породат во гак или чаир?
@orhideea како си дс не доби болки,со лесно, @tanja11991 со лесно ,@Igle јас и ти еден ден разлила јас сум денес 37 + 1 , како сте другите мешиња, жештини пак фатија јас дома со ќере уклучивме вентилатор и се ладиме среќа имам помош па се искрадувам да одморам малку.
@ma4e1311 добро сум, денес одмарам. Немам болки никакви си чекам и јас. Ти да не закажа царски или не? @Luna91 како помина вчера на цтг, следно кога ти е? @eli25 беше ли на преглед? Што ти кажаа за менструални те болки? Не тука сум уште. Немам болки никакви, си чекам
Мирно цтг кај мене. Плодова вода доволно, проток нормален, бебето е високо поставено. За една недела пак треба да одам. Мислам дека после термин ќе тераме. Инаку за менструалните болки ми кажаа дека е нормално.
Леле мила се чудам како издржуваш Јас од денес 34та недела и планирав до утре да одам на раб. а од понеделник да си го земам одморот. Но ми се појави алергија на стомакот странично каде што ми се појавија и стрии и од денес си останав дома. Мн. е тешко по 8 саати да се седи на едно место, а плус жешко.. И јас несакам да си отворам пред време породилно ама тоа е.. подобро да си го искористам одморот отколку да ми пропадне.. никогаш не се знае во која недела ќе се породиме
Мене не ми е напорно на работа, дома и досадно ќе ми беше ако останев од порано мислам... ама веќе не можам... доста е нека ми се здосади дома