@Momichka па демек после 30 мин може да се јаде пие а јас без кафе сабајле не функционирам. Ќе го пијам од вечер у сред ноќ па ќе видиме така.
Не функционирам ни јас ама мора така. Јас пијам од сирупот веднаш штом се разбудам, додека стигнам на работа минува сат и пол и си се напивам кафенце со колегите Дозволено е кога сакаш да го пиеш ама кога ќе се напиеш од сирупот кафе и млечни производи барем еден час не, тоа заради подобра ресорпција иначе нема да осетиш ти ништо конкретно.
@EuHenIa твој избор си е. јас само ти сервирам факти кои знам дека би ти послужиле, за побрз и поефикасен начин да го качиш железото. Сепак, одлуката си е твоја
Знам дека нема ама сабајле прво еутирокс на гладно па 30мин ништо па сирупот и многу време ми се собира. Ко ќе се напијам витамини и магнезиум ко да сум доручкувала полн желудник знам знам ама нешто мора да направам околу времето на пиење аман веќе а толку е гаден тој пустиот едвај и тие 30 мин ги дочекувам. Ќе пробам со сок од лимон да убијам вкус во уста
Мамиии, спасувајте! Настинувам, носот ми е скроз затнат, се осекам малаксано и како да качувам температура. Ова сега не ми требаше, вакви промени на време, климатизирани простории да не знае човек како да се облече. Ве молам совет како се справувате? Ко за беља утре викенд, па не ми работат ни докториве да ми дадат нешто. Едит: Денес сум 9та недела
САМО лимони и мнооооогу чаеви. За температурата ќе се тушираш. Не смееш да пиеш лекарства до 14та недела
Супа, чај лимони овошје зеленчук.. Мада мене матичната ми имаше кажано ако настиниш одма дојди ќе пишеме терапија на своја рака ништо не земам па скараја да е не ми е ништо денес така мислев сум настинала ама немам гајле.. Русине на настинато грло ноз затнат сладолед јадат и сред зима а не ги решаваат работиве ко нас со топли работи грешно сме правеле
Леле до после ќе биде љутки со мм кога ќе легнам со лимоните и чаевите. Не знам што му станува со темата настинка, ама било кога да се подразболам, одма почнува, ете шеташ гола, или боса на плочки или со мокра коса...Ко баба ми да ја слушам. Стварно не можам да го трпам. Еве сега му пишувам на вибер осеќам ќе настинувам и почна, епа отвараш прозор навечер во спална! А прозоров е отворен на кипање, со минимално подгната ролетна 2цм колку да се гледа дали е разденето, плус немаме клима и се гушам навечер, се потам жешко ми е и не спијам ако испозатворам све. Немам кислород навечер и само шетам ко зомби од дневна во спална барам свеж воздух. И нема разбирачка! Човек да не смее да настине од него, сега па особено страшна работа А он кога е болен, драма е, до умирачка стасува работава
^јас спијам до ширум отворена врата, и некогаш правам промаја. Уште да затворам и спуштам ролетни ќе се угушам у сопствената пот. Не можам да си замислам со затворено да спијам. Не настинуваш од тоа, уште подобро е скроз да отвориш, зошто вака се останува внатре и тоа го дишеш. Лето е...ако ноќе не излуфтираш кога? Едноставно склона си кон настинки. И пази, може и алергија да е. Јас одам на доктор, кашлам кивам, едвај дишам, а тие ми викаат незз зошто се е чисто. Денес правев крвна слика, и е иста со минатиот месец, докторката минатиот пат кажа дека е добра, освен урината, имав стрептокока. Пиев антибиотик, и еве сега пак вика 2-4 леукоцити во поле, ретко плочест епител. Мин пат имаше и доста бактерии. Значи ми се смачи од антибиотици. Толку се пазам кај одам во вц, и дома пазам дури и џабе е се. Ќе чекам до среда, имам закажано да видам дали да правам урино култура. Ме чуди што после антибиотик пак ова со уринава се јавува. Доста ми е више од идење по лабораториии...
Ете ме и мене дремнав преска 2 сати станави се осеќам како наспана и турбо се фатив за работа почнав да ги перам алиштата почнав од пелените перам и се радувам и си зборувам со синко. Едно не ми е јасно за чепот кога ви го стават само од на форумов го имам читано а ни една пријателка до сега не ми има кажано дека имала чеп
Jas go pijam heferol apceto uste dur spijam.Prethodno 2 sati eutiroks. Go pijam i prodolzuvam da lezam.Za koga ke stanam da mozam da jadam odma.I ne jadam sekqko 1,2sati.Mlecni raboti ne se konzumira.Isto kafe i caj.Jas cekam rezultat.Sabajle beb za krvna slika.Da vidime dali ke ima podobruvanje Zelezoto 24,9.Za eden mesec pienje heferol.Hemoglobinot samo pod granica.Trigliceridi i holesterol pokaceni.Deka praam kompletna krvna slika
Сите имаме чеп, не ни го ставаат.. тој е природно створен како капаче меѓу матката и грлото (вагината). Нешто како мрсул е. Малку е грозно но пиши на гугл mucus plug и ке видиш за што станува збор Edit: најдов еве нешто што би објаснило... втората слика е веќе како е со паднат чеп..
@stevemila браво за железото. Кај мене за 1 месец, 2 по 1 со хеферол се качи од 9 на 13. Хемоглобин 10 ка. @mariz тој чепот, голем треба да е или мал Го утепав докторот од прашања вчера ( колку тече вода кога ќе ти пукне водењак , какви се контракциите, каков е чепот, само за големината не прашав ). И уште едно прашање- welleda и mustela имаат еурофарм или само зегин?
само бог знае колку му сме интересни на докторите. Ко ми земаше брисеви мојот, јас на столот и тој ми вика ела малку подолу и јас (ко из пушке) му викам аха да паднам да се отепам малце вака ме опули и ми вика јас за некоја година ке одам пензија не сум слушнал некоја жена да падне и се изнасмеа
Леле мн прашања 1. Чепот ете пиши mucus plug, ке видиш каков е.. баш таков беше и кај мене, ама од крвавите 2. Плодовата вода зависи како пукне водењакот, може да истекува поспоро, а може и како кај мене одеднаш цел водопад, многууу лом го направив креветот во болница, дури и доле од кревет течеше 3. Контракции слушајте ги сите што се со искуство, истово ке ви го речат.. вистинските нема шанси да не ги препознаете, кога ке дојдат едноставно ке знаете дека тоа е тоа Кај мене беше како стегање болка (највеќе доле кај стомакот), стега држи некоја секунда, дури се скаменуваше стомакот тврд тврд.. па полека опушта и 20,15,10,5мин зависи на колку време се, нема ништооо ииии оп пак одеднаш се скаменува стомакот со истата болка и се така на се помалку време се до раѓање За веледа и мустела врска немам
Така ми беше првиот пат кога ми земаа брис. Јас врска немам шо е тоа и како се изведува. Јас легни горе тој фатиме и тргниме долу, пак јас свлечкај се горе.. циркус сме ние жениве После ко се научив ме зафркаваше- Шуќур научи да лежиш