Се осеќам како воз да ме прегазил. Немам сила за ништо. Главата ме боли, имам вратоглавица, притисок 100/60, се чувствувам изнемоштено, едвај очите ги држам отворени, рацете и нозете ме болат од отоците. За ништо не сум способна. Мислам дека вака лошо никогаш не ми било во цела бременост.
И јас исто се осеќам денес, ама вчера бев на свадба целодневна и многу се измачив. Цела бременост лежам па ова ми дојде премногу. Туку да ве прашам дали можи премногу гласен звук да му наштети некако на бебчето во мешето? Вчера бев изложена на многу многу гласен звук на јачење од мотор можи неколку минути. Вервајте не се издржваше таква врева, а немаше кај да бегам. И сега ми е страв за бебчето
Да се пријавам и јас дека до сега многу лесна бременост имам. Не повраќав само во почетокот многу ми се јадеше ако не јадев ми беше лошо. Друго се во нормала притисок нормален отоци ептен мали спиење супер без перници без ништо и ден денес само 5 6 ноќи будни ама преку ден надокнадував. Во глобала се супер
јас ниту еднаш во бременоста не повратив ниту почуствував мачнина, гадење. На почетокот и јас се преоптоварував со ова, докторот дури и се чудеше како немам никаков симптом, ама сега гледам дека срекна сум била што немав гадење и повраќање.
Фала ви девојки. И јас бев поспана пред два дена, едвај се движев, ама еве денес и вчера подобро сум. @duffi слушнавме срце пред околу 10 дена и уште една недела на контрола. Едвај чекам. Мене искрено ме фати паника да не се случило нешто поради стресниот период кој го имав. Личност сум што лесно се нервира и сѐ си ставам на срце, па после ми е криво. Страв ми беше да не не дај Боже му се случило нешто на бебе од стресот. Не можам да дочекам уште една недела. Во понеделник одам на контрола и се надевам ќе се смирам. Убаво ми рече една членка, да исклучам интернет на некое време најдобро ќе е, бидејќи полошо си правам. А и некои соништа безвезни сонувам (во сонот цело време со мене е мало девојче) и дополнително се исплашив.
Не се секирај. И јас така се испаничив кога бев на огномет. И се изначитав, секаде пишува дека бебе си е заштитено со плодова вода. Жени одат по концерти и свадби, каде исто така е многу бучно, па бебиња се раѓаат здрави прави. Самите и правиме непотребни стресови.
И јас се осеќам како згазена од воз, се влечкам по дома за да зачистам, пружам машина... па и за пеглање имам ама ај оправдано сум ваква, два дена бдеам на син ми, не сум спиена мислам воопшто.. и тоа што дремев на штрек беше... болен е изгоре два дена до 40 температура, под 38 не симна, дури денес конечно до 37.5 симна, сега спие горе кај свекрва ми јас да здивнам малку... Педијатарот негов па ми вика немој ти многу до него... е како? Инаку е бактерија стрептокока, спуштено на плуќа има... се бориме некако да не завршиме на клиника или Козле, зашто таму ке треба јас со него да лежам... а трудна Ама како јако се држи сонце, со 39.5 он јадеше, пие цедени сокови, вода, дека е вака јак се надевам брзо ке се опорави. Цело време на нозе, вчера ме болеше корнеше на лева страна мешето, денес не фала богу... Инаку си закажав за на гинеколог наредна недела, да ја видиме бебушка, безименка исто и скриен шекер наредна нед ке проверувам...
Подсвесно сакаш изгледа женско да е можеби и затоа сонуваш и јас сум таква само сонувам нешто и само ми се меша велам машко е женско е хехе само си нагаѓам ама искрено сакам да е машко да не крка вакви маки ко ние шо кркаме жениве..
Затоа не ти се лоши, девојче е Инаку мајка како мајка секоја си сака едно девојче, подсвесно може мислиш.. а може па и осеќаш не се прелажува мајчинскиот инстинкт.. јас знаев дека вториов пат е девојче, некако осеќав исто и за првото, осеќав дека е машко и оп машкоооо
И јас полнам уште малку 5 месеци и уште повраќам наутро. Оваа бременост сакав да го избегнам стресот амо тој по мене иди,смртта на баба ми,сега се јавувам мајка на болница,ме врти по тавани,не кажуваат каде е,се договориле да не кажуваат да не се нервирам,абре мајкавика не е ништо сериозно ама ете душа ми се стегна
Женски како се справувате со синдром на нервозни нозе? Знам имаше некоја феминка тука таков проблем. Кога и да легнам нозеве само ми мрдаат, нервозни се и не ме држи место. Веднаш ме тера да станам, да се движам Некој лек за ова?
Оф бе @mal.ecka и ти ко мене Цела бременост нешто се расправам , маж ми на испитувања, смртта на баба ми на крај и ете ме на крај со висок шеќер од стресови и уште толки нервоза, да трчам по ендокринолози проверувам скриен шеќер во 9ти месец Ќе си пукнам, неможам веќе Мајка пуста да Ќе биде добра, кој ќе го чува бебче
Само Господ да го чува бејбиот,кога ја слушам како претка се смирувам,ама зошто се нешто се најдувада не си раат.
@Belabelinakinder Немам ништо газирано дома, си растворив домашен сок од рибизли и направив овошна салата, се надевам дека малку ќе ме освежи. @mal.ecka Мислам дека нема трудница која не се соочува со стрес од разни причини. Татко ми беше во болница, му слошило на работа, на мм баба му беше на смртна постела со 2 удари во рок од 10 дена. Нервози дома поради х причини. На некои работи не можеме да влијаеме. @iki26 Јас имам синдром на нервозни нозе. Магнезиум пијам, малку само ми помага. Се научив некако нозете да ми мрдаат, што дури и на нервоза ме тера. Сега не им обрнувам многу внимание. Планирав денеска да чистам по дома, ама ништо не бидна, едни садови што измив и баталив другото. Денеска ништо не ми се работе.
@Ano @eli25 Имало убави торбици и во А&М на плаастичарска ми кажаа а цена од 350 до 1300. Може утре или преку недела ќе одам да видам.
Оф леле мене па цело тело ми е нервозно а легнам и се ме чеша а сабајле кога пеглав си го изгорев стомакот со пеглата една линија си викам дека не му наштетив на синко мажот ми се изнервира кога му кажав
Немај гајле мила бебето си е убаво заштитено. Јас некогаш ќе се удрам со стомак во нешто ќе си го погалам ќе и се извинам на бебушка и се е во ред