Мене цело време ми е со газот долу и нема абер да се сврти. И докторката вика тешко дека ќе се сврти зошто е со исправени нозе, а и матката ми е срцевидна па и тоа пречи.
Јас не знам како е во вторник ке го прашам докторот од двај чекам да го видам синко а дали кога лежите ба грб ве боли меѓу градите како без воздух да си ни минута не можам да лежам на грб
Дијафраграма ти се стиска најверојатно така и затоа неможеш да лежиш и остануваш без воздух... органиве палачинки ни се сите, особено бешиката е најгреота хаха
Дечки да ве прашам нешто, еве веќе 2-3 дена на тоалетната имам мрсул црвено кафен (мал), не секогаш. Најчесто ми излегува со или после утрогестанот. До сеа се беше чисто, па ова ме замисли. Ко за беља, ве читав со чепов и фрки ме фатија. Верувам дека не е, 17 гн сум. Имал ли некој вакво нешто. И ова, свежа крв нема. Треба ли да паничам? Или џабе си правам филмови?!
@forumce мoетo си лежи хoризoнтaлнo, не е никoгaш испрaвенo сo гaзетo или сo глaвчетo нaдoлу aмa кo ќе немa местo ќе гo видaм тoгaш кaкo ќе се нaмести
Јас денес имав обилно крварење одеднаш,ме пресече стомак и имсше многу крв, се извадив од памет,право во болница дојдов,бебето е добро ама ми рекоа дека скратено е грлото и ме задржаа во болница.Прв пат сум во болница и овде е хаос,уште посети има,се шетаат како на корзо,нема мир,ѕвонат телефони,се шетаат страшно е.Важмо бебето е добро,се друго ке издржам.
На време се свртело твоето. Моето не му текна и веќе се потешко. Не дека е невозмпжно, ама ќе видиме. Има периоди кога го осеќам како да се обидува да се врти, па може ќе успее. @macalavica само смирено. Лежи и слушај ги докторите. Ако треба ќе си прележиш.
Ако не е чиста крв, најверојатно е од утрогестанот. јас имав такво (само еднаш) кога ставав вагиналети за кандидата. Бев на дежурен, немаше ништо и ми рекоа најверојатно од тоа е.
немај галје, јас до сега одев смо на сандалки со плута. А и ќе си одам додека немам мака. Подобро ми е така и не ми потекуват. Вчера носев ниско и едвај ги слеков од потечени. Како се чувстуваш најдобро така @macalavica Како и никот така и вие со бебето. Лавски ќе се изборите. Не се секирај додека е бебуш како што треба, ти полежи си и за кратко време ќе те пуштат дома
17+3 сум во Куманово во болницата.Катастрофа од 5.30 не разбудија сабајле и нема шанси да преспиеш овде.Денес не ме пуштаат,се надевам утре.Фала за подршката
Сабајле се мерев па ми текна на @mariz дефинитивно отоците прават голема разлика во килажа. Денес сум 62,5 а завчера бев 65,1 ама очигледно е дека утрово немам отоци. Инаку сум страшна за гледање во нозете