И јас нови алишта уште од бутик ко ќе ги донесам ги перам на рака малку прашак малку ептен омекнувач и не тријам многу многу шо велат само по вода да ги поминиш оти одма вмашина огрдуваат некои и првите неколку пати ги перам на рака
Персил сензитив белиот. Многу да не бидат на 90. Да ти се уништат, соберат или некои да се протегнат. Јас досега на 90 немам нејзини никогаш перено.
Многу ми е тешко за на рака. Ќе морам наведната а нема шанси со стомакот . Јас надвор ќе ги сушам. Денес нема сонце па таман. Земав 3 пара шпикозни и 5 комплетчиња. Да не се малку за почеток? Маж ми купил сабајле ариел за бебиња. Викендов е празник. Јас не перам на празници па затоа сега да завршам. во право си за 90 степени. И јас на 60 ќе перам
Таман ти се, растат како квасец првите месеци... па ке си докупуваш.. и башка ке ти донесат за повојница. Јас куп работи имав од 1,2,3м бебе, нешто еднаш облечено.. земав подарив зашто премногу имав.. И според мене на 60 е доволно, пеглање + и таман си е
Јас веќе исправ се што беше бело на 90, отпосле сфатив дека нема потреба, за друг пат максимум ќе перам на 60. Тоа што ми беше во боја алишта на 40 ги пуштив, и се испеглав само од внатрешна страна, не се потресов многу А прашок купив персил сензитив, засега имам пуштено неколку машини со бебешки работи и супер е, омекнувач не користам На провев сум спиела добар дел од ноќта, се надевам тоа не му смета на бебе
Мајки дали некоја има или имала ваков проблем ? Ми кажаа мн. редок случај у бременост но знае да се појави и најчесто поминувало после пораѓајот http://doctordecides.com/pupps-rash/ Иначе вчера го направивме првото цтг и докт. беше задоволен.. а јас пак бев убедена дека ќе покаже контракции Требаше малку покасно да го направиме во + 35та недела, ама кога веќе бев таму го направивме во 34 + 4, следно цтг ми кажа во 36та недела. Синко е добар, плодова вода доволно, постелка добра и се надевам така ќе биде до крај. Убав ви ден
Јас исправ и испеглав се на 60 пред две недели. Се ми е здиплено во фиоки. Три дена пеглав и тоа со мерак Кога се преброив видов дека имам многу работи дел добив во наследство дел купени. Двете торбици за во болница ми се целосно спремни и тоа сите работи спакувани во посебна кесичка што се затвара горе. Сега само си подсредувам ситни работи што се докупуваат... И така го чекаме бебо
И јас исправ се белите на 60 а другите на 40 јас земав прашок Faks бебешки и duel бевешки омекнувач идпеглсв се уште постелнината ми остана но рано е викендов здравје
Таман се јас премногу купив а и летни и се мислам кога ке ги искористиме сега бев на контрола докторот вика како што е сега ќе тераш до крај И јас сум иста прво на рака се перам
А зошто толку многу за во болница, мене свекрвата ми купи скоро сите алишта и јас си земав уште 5 комплетчина и уште гледам по интернет а ќе ми донесат еден куп сите и јас кога пеглав се радував како дете мало Мене ми пуштија среќа одма ги видов ќе ми се упропастеа другите работи сега знам кој ми пушат и посебно на рака ке ги перам и натака
Не е битно дали на рака ќе ги испериш или вмашина битно чисти да бидат.. Кај мене за среќа машината многу убаво ги пери алиштата се погоди не е мрдната скраја да е.. Порано бабиве наши немале машини па белите алишта биле бели а на рака переле флека не им се познавало
Јас исправ се на програм на рачно перење, ми е некако шубе за на поголема температура а и мислам дека неморат зошто сепак се пеглат се. А мака за пеглање ич, чудо, со кејф дури , седната на столче си се смешкам и се топам и два саати ко ништо со пеглата враце а јас и пегла сме два различни света.
Абе колку и да ти е мака радоста е поголема.. А јас имам забележано пред да почнам нешто да работам ми е мака после од ко ќе почнам се ми исчезнува.
За нешто дома да сработам ќе ме смрзи, ама аку е за бебуш нешто без проблем, ќе си почнам и дури не завршам немат оставање- на полојна ме болела, ма раменици, нека болит- издржвам се, ќе си речам уште малку и ќе завршам се. Абе мајчичка
Сега се вративме од контрола синко е супер мајкиното е 2 200 кг на грбче лежеше преку цел стомак докторот вика само меше е димери проверивме добри се тромбоцитите ми се 137 а пред две недели 110 во друга лабараторија. Друго се е во ред вика дека до крај ке го носам е сега ќе видиме на 10 сме пак на контрола бидејќи заминува на одмор докторот му викам да не му текни порано да излези шо ке прам
Епа срцка на клиника ќе се пораѓам, едната торбица со потребштини за мене: пешкир, четка, паста шампонче, папучи, пелени за бебе, влажни марамчиња, павловичева, јекодерм, пудра, две боди за секој случај итн... другата ќе ми ја донесе мм со облеката за бебе и за мене пред да ме пуштат. За излагање од болница. Морам се да си носам. За пеглањето ми се смееше другарка ми кога и кажав дека со мерак си пеглам вика жено ти стварно си во друга состојба
Каде ќе се пораѓаш ГАК или чаир? Јас планирам во една ташна за мене во друга за бебуш. Не ми се многу големи зашо јас ниска сум па и голема торбица катастрофа.
На ГАК. Таа што ќе ја носам со мене е малку поголема ама не огромна, средна. Другата е помала што ќе ми ја донесе мм.