Јас пијам со месеци (скоро и година). На почеток некое фајде немаше. Сега не сум имала некој наплив на емоции, променливо расположение што е типично за трудници. Баш сум кул
Јас за втората бременост правев амнио. Нема да те убедувам дали да правиш или не, мора сама да си решиш, но и јас колку читав и бев престрашена, а интервенцијата траеше буквално пола минута и ич не е трауматична. Јас ја напрсвив затоа што имав над 35 год и затоа што на првиот скрининк нухалниот набор на бебето беше малку поширок, па кога ми се всади мислата во глава не можев така да оставам. Ризик си постои, тоа е факт, но ризик постои и во секој сегмент од бременоста,па се носиме со него. Прашај ме што те интересира ке ти раскажам. Знам и @M&M има правено, може и она искуство дс ти каже.
@irena.1 а каде правеше амниоцинтеза. Јас имам 36 и се мислам дали воопшто да правам или не. Некако повеќе сум кон тоа да направам. Баш би сакала подетално некој да ми објасни
Во државна правев. Повеке е чекање по ходници, него интервенцијата. Прво одиш на ехо, па на комисија, па да ти отворат историја, па разговор и секаде чекаш ред. После следи интервенцијата, која кај мене траеше буквално минутка. Јас бев преплашена, па гледав само во мониторот. Докторката цело време следи на ехото и боцка. После тоа си одиш дома. Два дена е препорачано мирување, по два магнезиума следните неколку дена, без сексуални односи тие денови и утрогестан една недела ми даде матичната за превентива. Во приватните клиники после амнио ги боцкале прогестерон мислам.
Има некоја шо има зачувано матични клетки од бебето? Или некоја што размислува за тоа.. Ние сакаме да ги зачуваме ама не сум доволно информирана што би можело НЕДАЈ БОЖЕ ДА ТРЕБА ДА СЕ ИЗЛЕКУВАМ..
Ние од денес 36+1 официјално деветти месец. Почнав деновиве да осеќам минимални менструални болки, на преглед сум наредна недела па ќе видиме до каде сме. Инаку чудно ми е деновиве почнаа повторно симптомите што ги имав во рана бременост, се будам со нагон за повраќање и храната ми има лош вкус. Јас сум се понервозна, цела бременост ја поминав ептен искулирано ама последниве денови не се трпам. Ајде уште малку остана ќе се издржи
Готови си срцко при крај си, броени денови ти останаа. Нервозна си дека при крај си и ќе почне се да ти смета.
И јас сум ептен нервозна. Јас сум 38+1 и веќе 8 ми ден без чеп и постојано во исчекување, до душа сакам да биде побрзо Оти и бебево е големо. По цел ден сум сама и навечер кога ќе си дојди мм се нешто наоѓам да му се налутам како навијана не престанувам да зборувам, среќа тој ме сваќа и си чути Нормална е нервозава во 9 ти. И вчера се чувствував без сила и многу ме мрзи една работа неможам да си завршам по дома само од кревет на кревет. И сега уште не сум станата од кревет ама битно се изнаспав. Ајде со лесно да ти биде
Јас уште од сега сум така нервозна, 34+2 сум. Заприметив овие дена се нешто ме нервира, само викам, мислите во пораѓајот ми се, па паника ме фаќа, па почува да ми се лоши и така се во круг. Јас знам со 31+0 дека почнува 8ми месец
Јас правев во двете бремености. Поминав одлично без никаков проблем или компликација меѓутоа изборот е твој. Како и секоја процедура од овој тип постои одреден ризик, јас лично не сум слушнала некој да имал компликација. Доколку си рх негатив ќе треба да примиш инекција Рогам после амниото
@orhideea скроз исто, седам дома, до сега си наоѓав се некоја занимација ама веќе не сум функционална и се ме иритира дури сама себе не се поднесувам. Ќе дојде мм од работа и почнувам за се да се лутам да му викам. Вчера дојде од работа и ми вика денес што беља сум направил, за што сум крив @iki26
Имаше договорено со докторката или .... и тоа со упат од матичен доктор оди? Колку време претходно се закажува и дали се наплаќа? Фала за одговорите