Е да за таму се треба Отоците си се од самата тежина на бебушот и од жешкото не се плаши и не прави испитувања за џабе еве и јас почнав секој ден да отекувам долу само кај стапалото држи ги на високо преку ден тоа е сега крајот се ближи
Кога ми спомна матичниот за отоците ми рече дека не се стра шни оние на раце глуждови итн. Но кога под коленото нели има една вертикална коска ( се надевам убаво обкаснив) е до таа коска кога ке притиснам со прст ако остане вдлабнато тогаш да се јавам обавезно ако остане само бел отисок не е страшно. Пробај ако сакаш
@danichap колку помало? Кај мене гледам недела и 3 дена, 36та сум? Не ми спомна ништо рече во ред е, тоа дома јас анализирав на ехо снимката. Доплер секогаш гледа, добар е протокот, ддимери секој месец испитувам. Нозете му се 2 недели понапред, може дека е издолжено
Само мислам ќе треба да помине повеќе време од антибиотикот и да направиш... за да бидат веродостојни резултатите од брисот...
Две недели беше помало. Исто како тебе, доплер димери добри, добро си се хранеше бебето... ми рекоа дека е едноставно шланк и така и испадна. Здраво бебче. Чим редовно ги прават другиве испитувања нема простор за грижи.
Јас имам правено пред 3 години на ГАК. Сосема безбедна, безболна и брза постапка. Ризик ептен минимален, кој со новите игли е скоро сведен на нула. Два три дена пред и по интервенцијата земав дупла доза магнезиум и мирував 2 дена.
Стомачето вторпат има ваква разлика, а цело време со 3 барем дена било поназад. Првиот пат од паника и кај Димчев бев, рече најтешко е да им се измери стомачето( тогаш на прегледот го имаше свиткано коленцето накај него и немаше правилна форма за мерење). Се зезаше дека е манекен Уплав имам од тоа меше дека нели гинеколозиве викаат по него се гледа дали заостанува.....
Од кога ќе почне да чука срцето се прави доплер. Кај мене беше во 6+ недела. На двата скрининзи не се сеќавам дали ми правел докторот, ама наредната недела кога ќе бидам 32н ќе ми праве, така рече. На секој преглед не праве. Ама мислам кога има индикации треба доплер да прави.
За протокот на крв до бебето да се следи , а со тоа се следи и како тоа добива хранливи материи и кислород од мама
@eli25 @danichap вие каде каде сте поискусни од мене. Мојата докторка вика фемурот е најважен, тој покажува најточно. Се друго може да варира, на пр. стомачето - или е шланк или е буце. Иако, според мене и фемурот е генетика, некое има родители од по 2метри, некое од по метро и жилет. Имајте убав ден