Во понеделник ќе правам брисеви државно ама ми рекоа немало реагенси за кламидија. Има некој што правел скоро и каде?
Заборавив да кажам и брис ми зема докторката... дека имам доста зголемен исцедок, веќе накај жолто беше, не беше бело проѕирно... @wannaBeMomma на @*Mila24* мислам баш таа бактерија и ја нашле.. Мила каде правеше ти брисеви?
Посебен случај сум јас и на пораѓај едвај ми дофаќаа цервикс, долго грло...освен еден доктор со поголеми раце никој друг не можеше да дофати... незнам колку се границите, пишува и на извештајов 6,6. Може и утнала у мерење, штознам.
Денес се видовме со синко Си одговараме на неделите и се си е во најдобар ред Плодова вода имаше доволно и видов кај што цица палче Јас добив пак некои вагинални таблети и крема за габична инфекција Бактерии не виде под микроскоп ама прати брисеви во лабораторија па за два дена ке имаме резултати Рече имам ранички од чешање,и тоа ми предизвикува болки Btw го прашав зошто секогаш вагинален преглед со рака и ми одговори дека проверува да не е омекнатио грлото на матката За скриен шекер незнам кога ке има резултати ама сигурно ке ми јават ако нешто не е во ред Битно јас мртва гладна до 3 попладне Сосема различно искуство него кај вас Не треба да си гладен и само едно боцкање после 1 час после онаа напивка Нема везе,сигурно знаат што прават Тако да можам мирно да спијам Добра ноќ мешиња
ке видиме баш понатака, прва бременост не ми мереа ич... и врска немам колку е нормално, колку ми било. Од тука научив и што воопшто е тоа во 20та нед 4цм ми беше, сега баш и сама на екранчето видов должината на таа линијата што ја стави беше 66мм Јас ви викам гломазна сум, не верувате
Ај да не пишувам насите посебно. Бебе е таман 1425гр. Ама поише плодова вода па да сме мирни демек. За цервикс рече ок е ама за секој случај зошто бебе е ниско. У принцип рече се е ок. Јас имам ок килажа. Шеќерот на гладно ми е до 4,5. Нема некој сомнеж ама да сме мирни. Ако пропуштив нешто препрашајте ме забегана сум малце хихи
^ Само мене ме немаат допрено вагинално цела бременост? Секогаш само ехо, еднаш кога се пожалив на болки вагинално ехо за да измери цервикс ама ништо спектакуларно не беше... вас со рака ве прегледуваат или? Јас сум од денес 38ма недела... може ќе реши некој наскоро да ме прегледа вагинално, ама и не мора според она што пишувате Туку 17кг плус сум, а немам некои отоци па да се тешам дека од тоа е вишокот... што ли ќе се прави со толку вишок кг после породување
Не знам за каде ми е прашањево искрено, ама морам да прашам. Која од вас има купувано или ако знае каде има во Скопје труднички костими за бањање, или каде има некои едноделни покомотни и црни да се и добро да стојат на труднико тело, и секако да не се прескапи, до кај 1000-1500, зошто многу ми е голем стомакот, а утре идам на викенд и евентуално од сабајле имам време да се стрчам да купам од некаде, па да знам каде да се упатам, да не лутам по цел град.