@baby 5 мило,многу ми е жал Аман од овие инфекции и јас сум цела бременост со креми и вагинални таблети И јас се плашам да не се случи нешто и вака ко ке прочита човек уште....
@Ano ти кажа негде имало убави ќебенца? Јас имам две ама сакам уште поубаво. Памучно , не ми се ака по трговските а има убави низ лептокарија, бисер, беверли. Девојки и мене ме боли глава. Ме бута да спијам. Притисок 100 со 80. Времето е шашаво од тоа е.
Здраво. Не знам дали прашањето ми е за тука ама не знаев кај да го поставам. Неодамна правевме свадба и го променив презимето. Лична карта, пасош, возачка сменив со новото презиме туку прашањето ми е дали треба и за здравствената книшка да поднесам за промена? Бремена сум па да не ми прават проблем при пораѓај нешто заради тоа?
Леле постов ме потсети и мене дека немам сменето презиме ни во книшка, ни во електронската картица... за породување не ми треба, планирам приватно ама нешто за породилното боледување да не имам проблем? Можам брзо и колку брзо и каде да сменам ова?
Јас ја немам сменето и немам никакви проблеми со тоа. Во брак 5 години. Немаш проблем со ништо. Мене ми е на старо презиме, па и боледување земам и пари за клексани враќам, никој не ми прави проблем.
Лудо време не знам што да речам. Едвај чекам после кај моите ГВ ќе одиме малце да излезам од ова секојдневие полудев веќе. Искрено едвај чекам да се породам. Читам денес сите со главоболки
Мене на работа ми ја сменаа ама уште на некои документи или резултати на некои сум со новото на некои со старото а електронската книшка ми е на старото презиме
@baby 5 знaм декa штo и дa ти кaжеме не пoстoи збoр кoј ќе ти јa нaмaли бoлкaтa. Искренo жaлaм и сoчуствувaм сo тебе. Немoј дa губиш вербa, сo бoжјa пoмoш ќе имaш мнoгу дечињa сигурнo
Јас исто сменив во возачка, лична карта и пасош но во фонд не сменив. Бидејќи сум патолошка бременост документите од матичниот ми беа на старо презиме а конзилијарното на ново - го зимав од приватна клиника. Комисијата никогаш не направи проблем. Тие си гледаат според матичниот број дали си осигуреник или не.
Не е страшно и да не се смене. Ама штом може зошто да не се смене. На гинекологија овде сите податоци ги гледаат од книшката и ја потполнуваат историјата, електронски многу не баратат.
Фала ти, ме смири Кој ќе трчаше по тоа во 5 за 12... Еве и другарка лани што се пораѓаше сега ја прашав, нема ништо сменето, земаше породилно и се пораѓаше во чаир без проблем. Добро е...
Кај мене во здравствената книшка е прецртано со пенкало старото презиме па над него е напишано новото Тоа го направи некој од матичниве, више и не се сеќавам. На електронската сум со старото презиме и немам никаков проблем. Инаку електронските картици веќе не се изработуваат.
Јас немам електронска, никогаш не сум имала Јас незнам дали е проблем со старо презиме.. мислам не е, битно е да имате здравствено осигурување, да свети таму зелена штикла на страната на фзо, може да се провери електронски @Minnie-e јас ја користам I'm pregnant, супер е.. за се има, за килажа, за контракции да мериш, за удари од бебе, па и совети за вежби има нешто...
Мешиња едно прашање ако знае некоја да ми одговори. 37+3 сум и сабајлево кога бев во вц на бришење а и на гаките имав голема количина на жолт густ исцедок па се замислив дали можеби е чепот (или па тој е црвена боја)?!?! незнам оти со првото право на царски немав ни паѓање на чеп ни ништо,инаку од вчера имам болки во карлицата и срамната коска , одвај се превртував додека спиев ноќеска,еве и денес одвај одам ..
За промена на презимето во ФЗОМ мислам дека треба. Може од работа да однесат документи, никако немој да одиш ти. Треба ЗО-1 образец во два примероци и копија од венчаницата. Не прават проблем,ама не знаеш кога ќе им текне. Картичката не ја менувај, здравствениот број е врзан со ЕМБГ и името не е битно, а не принтаат веќе, па ќе ги менувале рок имале...итн. @nora_st
Mesinja zdravo, da vi se pridruzam po vtorpat Bi sakala i da ve prasam- ne eho ima tockicka vo matka, jajnici dobri ama mi rece imalo izliv i bilo verojatno od nekoja vodena cista koja puknala. Dali imate vakvo iskustvo? Se isplasiv mnogu
Главоболките ни се од времево многу нагли температурни разлики има и се осеќаме...и мм и моите се зажалат а јас 2 дена исто глава неможам да кренам чувство ко да ќе ми прсне мозокот од толку јака болка...Од Провенот не е зошто јас ги пијам цел месец еве ги завршувам деновиве...пиј си ги без проблем столицата ја регулира ептен. Лимонада напијсе кафенце исто и ладно стави на чело...