И мене ми течат лиги од твоите јадења, секогаш убаво сервирани и скоцкани. Јас од како влегов 9 ти се само нешто ми се пријадува, гледам се што ми е омилено јадење да си го направам пред породување, да си каснам Уште баклава за денес и готово И за утре ќе има нешто
Кога погледнам некои јадења од тесто си мислам како може да месе, да сука, зарем не се изморува? А јадењата ѝ се милина. Алал да ти е орхидеа.
Денес бев на бит пазар, ама во овој дукан не ме пуштија. Наводно само на големо продавале. Ама затоа направив шопинг во Caramelli и додека стигнав до Bebetto веќе немав ќеш. Ќе морам пак да планирам одење. Инаку има многу убави работи и квалитетот ми изгледа ептен добар. Особено на Caramelli, ама и не се ефтини.
Мешиња само да ве поздравиме со малава. Ми беше многу полесно со вас. Фала ви за секој совет и исчезнат страв. Ќе ве следам и понатаму за да помогнам и јас ако можам. Ве гушкам сите и се читаме низ темите за бебе.
Фала ти мила Морам да си наоѓам занимација, по цел ден сум сама, мм по 12 часа некогаш и повеќе не е дома, јас друштво немам, па во готвење ми поминува добар дел од денот.
Влези во храна и пијалоци и имаш тема Фемина инстаграм и еден куп вкусни јадења. Секоја недела има и натпревар за готвење на различна тема. Имаш и вашето кафе преку слика... Разгледај има доста интересни теми и рецепти. Ама не е за стрвни трудници Едит: https://forum.femina.mk/forums/Храна-и-пијалоци.19/
@orhideea , @eli25 , @danichap браво девојки, не можев да вртам понатаму не знам што поскоро ми се јаде, од тоа што видов одлично готвите. Орхидеа ти мастер и за месено си, тоа погачата мнооооогу добро изгледа... вака кога гледам се прашувам зошто скоро ништо не знам да направам Од се што видов сакам рецепт и начин на подготовка... секоја ви чест, ќе ја надгледувам темата почесто
Дај да видиме што одбра за синко И јас мислев денес да одам. Тоа е од карамели десно голем дуќан така?
Сакам да научам и зелници, пити да месам, до сега еднаш пробав пита со сирење (сега скоро) баш настрвена од Фемина инста... вкусна беше, ама не ме бива во виткањето