Јас бев царски ради диоптерот. По она што го кажа мојот очен лекар ако е висока диоптрија, по нејзе, препорачува обавезно царски. Средна диоптрија зависи од случај до случај. Средна е над три. Јас бев тука некаде во средна диоптрија, но за време на бременоста диоптерот многу прогресираше. Заради тоа докторката ми препорача да бидам со царски, да не ризикувам. Си имав и наод на кој синимаше дијагноза и дека е препорачано царски,иако не ми требаше зошто се договорив со гинекологот.
Бидејќи во Мај се породив и беше топло, од болница излегов со најобично цветно фустанче со 3/4 ракавчиња. Тоа си го носев секогаш кога сакав лежарно да се облечам. Нема правило, што сакаш тоа облечи.
Нешто удобно Јас излегов со лесни хеланка-пантолона така комотни растегливи и обично памучно маиче. Најубаво нешто што нема да те стега доле (ако се породиш природно и те сецнат) и да не те стега на мешето (ако се породиш царски). Сега дека ладничко ке ме фати, пак некои лесни пантолони, блузичка ке си облечам..
Мамички откога останав дома на боледување почнав многу да се поправам, исто јадам но дали дека не се движам незнам денес сум на контрола па ке видиме дали ке ме искара др скриен шекер во која недела се проверува?
Мами бевме на цтг и матката покажа контракции . Болки немам. Др. рече може и порано да биде. Утре сме пак. Е тек сега незнам кај сум
Леле бе па ти пред мене ќе се породиш Јас од утре 39 недела, абер нема за излегување моево. Со лесно мила
Мила јас со царски ќе бидам. Др рече ако пак покажува контракции порано ќе биде царскиот. И јас сакам уште малку да поседи да порасне
Леле мајко што убаво ќе си се гушкаш со бебушот која недела си без паника само смирено Мами како сте гледам кај да е сите сме при крај ние сме 35 недела синко од сабајле раздвижен па си снимивме видео а јас ниту креветче и количка и коритце немам купено здравје од четврток ке појдиме до неготино. А лажачката цуцла како ја миете уште тоа ми остана не средено
Цуцлата лажовка прв пат пред користење ја вриев во вода со сода бикарбона 5 мин. После кога ја користевме само со жешка вода и поминував убаво.
Јас на почеток ја вриев во ново мало ѓезве со флаширана вода (зашто од чешма има многу бигор и еднаш се зафркнав да извријам со таа и ми побелеа цели цуцли). После почнав дирекно под чешма да ги мијам со жешка вода од протечно бољарче.
Кај мене имаше контракции уште во 33та недела, па еве си седи во меше уште. Не мора да значи дека брзо ќе биде.