@Bebulleee тетуле наша, најсреќен роденден, да си ни здрава, жива, весела и потопчеста. Годинава од меше доби честитање а в година со прегратки и бакнежи и секако мешање со малечки прстиња низ шлагот Те сакаме тете
Девојки дали знаете нешто за поврзо породување ко ќе влези во 9ти месец некои викат појќе пешачење појќе движење
@Martina1993 Нa интернет сум читaлa јaдење урми, aнaнaс, чaј oд лист oд мaлинa, секс... не ми текнувa другo aмa не знaм дaли пoмaгa ствaрнo
Мешиња дали ви се случило ова? Седам и наеднаш почна да ми шетаат партали пред лево око и одма ко сенка неможев да фокусирам лево не гледав скоро ништо да читам неможев.мм мери притисок 115/65 ај и шеќер мајка ми има апаратче за мерење искочи 7.1 но пред тоа 30 мин.јадев лубеница може да беше висок од тоа по 1ч.6.5 ми беше.и притисок 100/60.За кратко почна да ми трне левата рака по 2 мин и устата носот образот забите се од левата страна ми трнеше.Ова ми се случи пред 1 год.еве и денес пак но се уплашив ради бебе...Со срцето сум ок...дали времево дали притисокот незнам но многу непријатно ми бесе.Аспирин и Б6 се напив таман и време за Аспирионот ми беше воздух ме фати на балкон ветренце и ми се поарно...Дали на некоја и се десило ова во бременост.Ве молам за искуство
Мене пред бременост и само еднаш во бременост ми се случи вака. Кај мене обично од дехидрираност е. Скоро ми се губи видот од светлина, одеднаш ме фаќа жештина, па како ми се лади телото од потта ми станува звежичко и ми поминува. Ама откако ќе се изнапијам вода.
Мене пред неколку недели почна да ми трни малиот прст на едната рака. Си викам што ми се укочи сеа?.... па тој до него, па средниот, па сите, па цела дланка и ме фати паника, викам готово инфаркт. Па лицето, устата.... паники. Среќа моите беа на гости, па смири се, па шеќер и вода. Се измив во вц, се размрдав, ми пушти. Проверив срце, шеќер, притисок, се. Толку беше. Дали ми се споиле жичките?! Дали притисокот и времето надвор.... незнам. Помина и толку. Се надевам нема да се повтори. Денес пак ми се споија жичките, ми се стемни, се измив со ладна вода, пуштив клима директно во мене и помина. Жешково не ни оди во прилог.
Срце пијам многу течности.И јас се замив лице со мало амоњаче држев ладно на главата и убаво ми беше.Се мислам дека ми е од времиштево и мм се жалеше денес на вртоглавици ај на него и од премореност му е 12ч.беше на раб.а јас сум дома само навечер касно шеткам...и лани мислам од умор ми беше..зошто се испроверив себеше уредно.Ама прв пат во бременост ми се деси и страшно се уплашив Фала ти на одговорот Точно и јас мислам декае одвремево се...зошто се сум ок а еве по втор пат ми се случува ова за година дена.Ај тогаш од умор а сега си одмарам по цел ден дома.Прво лето да сакам да заврши побрзо а едвај сум чекала лето но бременоста некако не ми е на иста бранова должина со времево а за некој ден во 6ти влагам...Господ да не чува само сите.
Јас мислам дека е паничен напад.Ми се случи и мене скоро, цела недела се нервирав пред тоа и таман се опуштив ми се случи истото што го имаш опишано погоре,почнав замаглено да гледам,како да ми трепереше пред очи,трнење,гушење,мислев ке умрам.Траеше оклу 20-30 мин и потоа помина.Мислам дека е последица на акумулиран стрес. Хормоните лудуваат.Опушти се не е страшно тоа.Не мисли на тоа и не читај по интернет.Се ке биде во ред.
So zadocnuvanje,Sreken Rodenden.Ziva zdrava,srekna i vesela.Dogodina si maloto sonce da duvate svekicki
Здраво женски Јас сум нова кај вас конечно после 2 ипол години обид за бебе и после неуспешно инвитро и инсеминација вчера ги видов долгоочекуваните 2 цртки И тоа природно додека се спремав за хистеро месецов и нареден инвитро. Е сега сабајле бев на преглед се виде точка на ехо потврдија бременост но докторот ми кажа дека за 5та недела (7ми ден ми касни) требало точката да е поголема... наредна недела пак контрола да види дали е касна овулација само или има проблем у развојот на плодот. Ваши искуства?? Ќе полудам до наредна недела... ви благодарам однапред
Честитки мила на бременоста да имаш лесна и школска, немој да се секираш и да си правиш стресови. Јас со позитивен тест и пет дена задоцнет циклус кога отидов немав ни кесичка само задебелен ендометриум и од памет ме извади докторот , па еве го синко спие до мене. Со лесно и само опуштено, уживај во најубавиот период кој допрва ти доаѓа
Добар ден мешиња. Ние завршивме со преглед сабајлечки. 37+1 плодова вода доволно и бистра. Постелката измеѓу втор и трет степен. Бебе големко одговара за 38+ според мерки тежи 3300 гр. Имам најоткачено цтг пулс на бебе од 140 до 180 болки и контракции од 20 до 80. Докторот рече едноставно многу активно бебе, нема простор за грижа. За неколку дена повторно на цтг, и така ќе си тераме дур не реши да не запознае
Да се знаеше кога точно било зачнувањето се ќе беше полесно. @danichap скоро имаше вакво искуство - сигурна сум дека ќе ти пише.
Во 5та недела кај мене ништо не се виде. Јас мислев дека сум 7ма уствари, ама не одговараше за таа недела и добив сличен одговор како твојот. НАжајважно е да е точката на вистинско место, што кај тебе е случај и бетата да расте. Недела покасно кај мене имаше веќе срценце и мерките одговараа на 6+1. Ќе биде се во ред, гали мешето
Јас не ни појдов на 5та недела за плодово кесе дали има дури на 7ма недела и неколку дена прв пат појдов и срце и се си слушнав колку повеќе одиме толку повеќе се загрижуваме јас си реков уште тогаш знам дека некои одат си реков во ред е се шо барам без гајле биди сии!!
И кај мене 5та недела се гледаше тооочкиче. За 2 нед. ми закажаа за срцева акција. Рано е да ти каже дека може заостанува со раст, глупости. Тебе сега ти останува да галиш меше и мораш да мислиш позитивно. Те сфаќам, може бев бетер, верувај тој период (иако мн. рано) размислував за количка, алишта , пол, итн..
Ете ка Бебуле на рапорт. Денес се видовме со синко. Напредни сме за +4дена.. Докторот рече личел на таткому Аха секако! Џабе го носам 9месеци Му кажав дека имам како стегање во матка и некогаш бодежи вагинално па цервикс ми мереше 4,4см (Кога прашав колку е, ми одговори:- Еден километар ) И така мами среќна сум!
Мами ние од денес 36та недела, официјално го почнуваме 9ти месец , утре сме на цтг и така Иначе мислам @Ano ти ме прашуваше за камерата од али експрес, но јас изумив и денес кога ја видов ми текна.. се извинувам Еве слики... само кутијата не ја најдов
Честитки со лесно да ти помине бременоста. Ич да не се грижиш зашо може да е прашање доцна овулација.