Јас исто како тебе, немав ни болки, ни мака, ни станување ноќе, чистев, готвев, на работа до последен ден, како да не бев трудна, а термин надминат. Болките одеднаш дојдоа кога му дојде денот на бебето да излези. Ден пред тоа само ноќта почувствував слаби болки кои поминаа за 3 саати. Тоа што осеќаш водено на гаќите и јас го имав последните денови и мислев плодова вода е, дури кога ме примија на пораѓај реков водењакот пукнат ми е. Но не било така, после 6 саати ми го пукнаа во болница. Водата била исцедок од мукозниот чеп.
Фала ти на споделеното искуство ме смири малку. Сабајлево се загрижив уште толку кога видов дека пак ми се водени гаќите, инаку чепот ми падна пред 16 дена. А овај исцедок последнава недела го имам повеќе, не се знае кога ќе почнат болките. Инаку до сега 10 тина пати си имам речено готово почнуваат болките, но за час два престанува. И така си чекам. Инаку денес сум 39+2.
Јас 37ма еве терам, само ме чуди бебево мн активно е. Се смирува максимум 5-10 мин и пак почнува. Навечер исто. Нели во 9ти месец помалку активни треба да се ? Дека немаат мн. простор?
И јас така мислев, во 9ти нема да прета толку, ќе нема место - аха, секако Цел деветти го осеќам повеќе од кога и да е, дека е покрупно и обични растегнувања осеќам, изобличувања на стомак, претање... и тоа речиси без да застане, среќа спие кога спијам навечер (откако ќе го изначекам прво да се смири нели, па спиеме до сабајле додека јас не се разбудам) јас се загрижувам кога не мрда подолго, па одма јадам нешто и го викам да мрдне Денес точно 39та недела, сакам да излезе ама абер нема... ќе си почекаме...
Женски здраво. 32 недела сум и имам преголеми болки во препоните и срамната коска.Толку многу ме боли што едвај се движам. Му кажав на докторот ми вика нормално е телото се спрема ама не се издржува ова. Како инвалид се движам ☺ некоја со слична мака како мојава?
Пијам магнезиум 3пати и нема никаков ефект. А инаку бев на лекар се си е во ред, докторот само тоа вели, нормално е да боли телото се спрема
И јас имам такви болки 28 недела сум. Баш пишав пред некој ден. Пијам Магнезиум од 375 мг 3 пати на ден. Издржливи се,ама знаат баш да ме држт со саати.
Мешиња како беше тоа со сливите за запек. Имам суви сливи, мислам такви требаја? Сум читала ама не ми текнува.
Мила не знам како е со варење на сувите сливи, ама да ти кажам дека мене свежите сливи ме спасија. На сабајле јадам сливи и овесни снегулки со ленено семе потопени со јогурт и фала богу немам проблем еднаш дневно одам обавезно. Ако каснам нешто друго освен ова насабјле и пак тврда столица и запек Ти препорачувам.
Јас го имав истиот проблем. Пробај на гладен стомак наутро маслиново масло една лажица мене ми помогна многу. Ме советувасе една мамичка од групава и бескрајно сум и благодарна.
Фала кукла фана и скорпиа. Јас одам секој ден во вц ама тешко ми е Плус и хемороиди дека имам и тврда столица, морам малку да си олеснам. Сварив суви сливи сега се лади во фрижидер па ќе пијам.
@orhideea мене компотот не ми помогна. Земав глицерински чепови. Гледам редуцирано да ги користам кога е најнеопходно. Докторот ми рече дека се ОК за користење при бременост, дека се безопасни и не прават контракции. Мојот нов проблем е Candida Albicans. Морам да чекам 20та недела за вагиналетки за лечење