@Ano @karibian фала А имало некои продавници за колички, креветчиња, коритца итн.. ? Во овие истиве има тоа или други некои се тие?
Вие од Ск барем имате избор од каде да купувате бебешка облека и други работи. Овде една продавница за облека за бебе има и таа е изгор скапа. Во Ск не ми се оде, жешко е многу. Сега гледам моделчиња за креветче, планот беше да се купи, но тато работи со мебел и ќе му направи на бебе креветче по избор на мама. Постелнина битно си имаме. Почнав веќе и јас со купување. Едвај чекам да комплетирам сѐ, да исперам, испеглам и да го чекаме бебето да дојде. Од 7ми месец е многу активна, како станува поголема така повеќе лудува, се чудам нели ѝ е тесно таму.
Во Caramell нема, во bebetto не прашав, а друг дуќан не видов. Се спуштивме ина пластичарска, ама на тоа жешкото набрзина и не видовме ни еден дуќан. Јас креветче и комода со корито/пресоблекувална купив во encimenci
Па често од некого ќе слушнеме таму купиле(Битпазар) многу поевтино, пример коритце, душече, креветче. Па пред да купиме сакав да ѕирнам таму. Инаку и јас бендисав креветче од енцименци и коритце обично. Па и душече од таму може. И локо кроко се во опција и бебесупермаркет, ама ете сакав да прошетам да споредам. Инаку за алиштенца мислам дека сме спремни, ама тоа секогаш може уште нешто Сакам уште некои шпихозни. Трае уште попустот во Анжи знае некоја? Некаде на друго место да имаат попусти? А најдов и една друга онлајн продавница исто така нешто бебе хоум супермаркет ми се бендисаа и таму некои работи ама се јавив веќе немале продажни салони само преку интернет онлајн нарачки. Ама на невидено не ми се купува. Супер @forumce и јас имав едно креветче од интернет дрвено, преубаво, па си замислував тоа по нарачка, ама тоа ќе беше само за ептен бебенце, а за после пак друго и се откажав од таа идеја.
По дома спремни комплет за бебе уште пред две недели (од количка, креветче, облека и се пропратно - дури и 3% хидроген за дезонфекција на папоче со рок што ќе истече ако си почекаме уште малку), бебе абер нема да излезе. Денес цтг то мирно, во понеделник пак...докторот рече во понеделник ќе одлучиме дали ќе се мешаме ние за да го забрзаме да излезе Убаво викаат, што порано се спремиш тоа подоцна ќе излезе ама оди запри не, нетрпеливи нови мамички
Анжи имаат попуст, баш завчера купував. Памук пале имаш ефтини а убави работи, Зара има попуст, и Стружанка ти е со фер цени.
Ти благодарам на советот. Започнав со пробиотски јогурт во поголема количина. Ќе ги пратам моите во шопинг, доколку има и кефир во нашите маркети
Баш така, и јас сум ептен нетрпелива. Количка уште во шести месец, креветче, облека испрана испеглана од пред три недели. Торбици за од болница спремни козметика купена дури и пакет пелени... се е стокмено уште бебе да излезе
А користеше ли нешто за акни пример таблети или некои креми наменети за тоа.....имам слушнато дека не смеело ништо да се користи
Мешиња имате ли често контракции? Колку пати во текот на денот, како изгледа тоа? Во последно време често ми се стегнува стомакот, ме затега или како топка се прави на средина се испапчува и многу е тврд и по некое време се опушта. Претпоставувам тоа е, лажни контракции, матката се стега, ама некако непријатно е и ме загрижува Не знам колку често треба да се случува така? Значи не ме боли, можеби незначително малку, само во моментот кога ќе се стегне. Се плашам да не е нешто загрижувачко?
Имаш на Пластичарска 2-3 дуќани се за креветчиња,колички и коритца.Имаш и на Бит Пазар убави алишта за бебе од Зегин аптека право по улицата од десна страна полно е со бебешки и детски работи.Исто така имаш спроти Полициска станица на Бит Пазар од десна страна што е зградата Јета према паркингот е дуќанот Бебетто,од лева страна од Полициска подоле е Карамел и Незири Комерц има ама не знам дали тој дуќан е само на големо
Ми се случувa и мене тoa иaкo сум 26+6 и мислaм декa е рaнo aмa ми се случувa нa неoдреденo нa пр денес 5 пaти утре ниеднaш зaдутре 2 пaти. Не бoли aмa е непријaтнo стегaње. Тaкa требa мислaм некa кaжaт и другите мешињa сo пoјке искуствo.
@fana , @Вереничка кога ќе бидете на крај ќе се молитр за контракции и ќе ги нема ова од искуство Инаку сосема нормално е тоа што ви се случува, не е никалва опасност или лош сигнал, се си е ко што треба, не се грижете, исто ми се случуваше... и сега нормално ама никако вистинските
Јас осеќам пецкања од време на време, насекаде низ стомакот, и благо стегање долу кај јајниците.. ама се' си викам нормално е, не сум прашала до сеа некој дали осеќа вакви работи во високите недели..
Мене некои денови ме заболува на кратко како пред циклус, некогаш таа болка е подолготрајна, но поднослива, некогаш осеќам како некој да ми го гмечи стомакот низ рака како кога переме рачно облека, некогаш пецкања... ама се е издржливо, поминува, вистински контракции уште не знам какви се, 39+1 сум... @orhideea ти уште си чекаш?