Сите различни се, а можи и плацентата ти е на предна страна. Не се секирај ич, можи твоето најмирно ќе си биди. Ова моето ако е вакво и ко ќе излези тешко мене
Ме изнасмеа сега. Многу утешително ова со женењево.Туку ајде својствено е тоа за Аеродромските фраери. Ќе бидат они нова генерација.
Мамички каде да си најдам некоја книга мајка и бебе или нешто слично. Имате ли вие купено вакво нешто? Јас сум само два месеци и неможам да истрпам да не купам ништо барем шише преубаво имам намерено од Чико. Првите неколку недели незнаев колку јадам а сега само еднаш во денот и не ми се јаде повеќе. преку ден ми се плаче од што ми се спие, а на вечер почнав да се превртувам цела вечер и неможам да спијам, згора на се и настинав вчера имав тепература ја смирив со парацетамол и земам повеќе витамини моментално.
Ќе си чекаме Преубави книги, пред неколку месеци, имаше во просветно дело, едукативни, како енциклопедии и прирачници од зачнување до одредена возраст на бебчето по доаѓање на овој свет. Тогаш имаше попуст па и не беа многу скапи, сега треба да ѕирнеш И слободно купи си нешто колку да ти се направи мерак, јас исто на два три месеци имав купено неколку неутрални парчиња облека од мерак и радост
Од свислион, на мерење, 380 ден. мислам кило Само омотачите ги вадиш и си принташ какви сакаш и лепиш @monik55 после ќе добиеш урнек за тебе @Bellucci* препарат за железо пиеш?
Здраво идни мамички, сакам да вр прашам нешто. Сега сум 37 недела и денес уште од сабајле ме боли тој дел под стомакот, ме боли од време на време цел ден и се некако остри болките а освен тоа и многу мрда бебево до сега нема вака мрдано. Јас во понеделник имам закажано на контрола но сепак сакав да видам ваше мислење и искуство.
Јас исто вака направив за мојата свадба, многу е едноставно и убаво. Преубави се твоиве, со лесно и наскоро со бебуш
Последниве неколку недели бебчето си мрда активно постојано. Последниве две недели се испапчува, клоца цел стомак го поместува. И се навикнав на тоа. Денеска мрдаше така на пладне околу 1-2 часот и после тоа го немаше. Одмарав, лежев тогаш обично мрда(односно постојано мрда) кај 5-6ч ама не. Му тропкав на стомак како што правам, пиев кока кола, му зборував, песнички и ништо. Дури после пола саат мрдна, ама така малку, еве и сега така чат пат на кратко ќе мрдне ама некако слабо, бавно, полека. По малку само. Нема поместување, клоцање, удирање. Не знам дали сум нормална што зборувам и што мислам. Не знам дали треба да се грижам или нема проблем едноставно се случува и така? Не знам, само знам дека се изнаплакав убаво и уште не можам да се смирам. А мм се чуди и не му е јасно, а јас не знам како да му објаснам како се чувствувам.
Ох леле, златна си бе некогаш и бебчињата наши се помрзеливи од обично, немој да се грижиш ниту плачеш. Сигурно ќе си мрдда после и се е во ред. Ме потсети на мене,сега пред некоја недела така се будам околу 7 наутро испаничена и загрижена зошто бебуш не сум го осетила цела ноќ... станувам замижана јадам благо, пијам кока кола, му тропкам и будам а него го нема... ја готова целата во паники, солзи, го чекав до 9 и спремна веќе да одам на ехо да го видиме инаку ќе побудаллам... таман да се спремам претна само така заспорено,кратко и немаш поим како се утешив и смирив во истата секунда, се ми дојде на место и си продолжив со спиење до 12, па тек после беше активно ко што сум навикната
И јас сум исто последниве недела дена, па и после епизодата вчера, косата мислам ми побеле, додека не се размрда..
Нормално е во 9 ти месец да имаш менструални болки. И јас ги имам, некогаш траат по 2-3 часа и престануваат. Така ми е секој ден, се спрема матката. Оние вистинските болки не се утнуваат. И бебево мое некогаш е многу активно и многу долу удира, и ме заболува дури долу коската кај вагината, си мислам ќе излези.
Немој да му правиш стрес и на бебето. Штом клоцка не е битно појако/послабо тука е. Па ние не можеме да мрднеме на времево. Галете се, Зборувајте и не се плаши.