Здраво буцки! Од работа ви пишам оти денес цел ден ќе сум тука. А ми се спие ми се плаче верувајте. бар 15 минути да си ја потпрам главата на биро и да дремнам, ете толку ми треба. Туку јас одмор терав минатата недела и ете сум поцрнета и со поголемо меше. Веќе се познава дека е трудничко ова стомаче, до скоро ми изгледаше само како да сум се поправила малце. За такси возења да споделам и јас едно лошо искуство. Еден таксист ми вели да ме оставил во близина на улицата каде сакав, оти точно до таму му било многу вртење. Е да бе, јас уште 5 минути пат по жешково да одам оти он нејќал да врти. Се разбравме некако со мој изговор дека ми е лошо (и стварно ми беше) . Инаку во среда сум на преглед, белким ќе се види полот на бебето. Колку само сакам да е девојче, а веќе имам си едно. Ама ако,уште едно сакам... Ќе пишам што кажале! Убав ден, галете ги мешињата!
Јас па две недели пролив имав, две пакетчиња Линекс испив. Иначе да ве прашам фолна до кога се пие? И има ли негде интересни книги за бременост и/или новороденче?
Фолна се пие до 3ти месец. Мешиња кај жешкото ме уби па ми фалеше и вирус да ме фати Ако ме држи и утре ќе морам да известам доктор да ми дај нешто..
Мамички јас дојдов во Ремедика и еве се покажа дека се контракции Неколку послаби , една појака и ме задржаа да видат како ќе биде вечер. Искрено цела сум паники, не мислев дека толку рано ќе ме фатат болки, денес сум 36+4. Немав никакви болки до пред некој ден, баш добро си се осеќав, полна со енергија но тоа е. Како ќе биде така, само бебчо да е добар.
Со му се секираш толку биди хепи ако се е во ред ти си веќе во девети и јас денес во 36 влегов и пресреќна сум да ти кажам сега нека излегува кога сака синко е сега може да е мало ама ќе си порасни ајде без нервози и стравови ти пуштаме бацки
Со лесничко ајдееее чим си таму нема место за стравување и чим си влезена во 9ти не се сеќирај.Уште малце ќе си се гушкате и ќе се мазите со бебушко
Фала ви на охрабрувачките зборови, ми значат многу. Инаку не е баш малечко.. во петок го измерија 3283гр. одговара за 38ма , но до после изгледа пак ќе го мерат. Јас сакам уште малку да си порасне, но ако сака да се гушка со мама и тато порано ќе бидеме многу среќни. Е сега стравот го имам иако сакам природно, но како Бог никој нее, нека не чува само.
@Seduction so lesno, bebceto ima super tezina. Ti posakuvam da pomine se kako sto treba i da imas lesen poragaj
Сaкa дa ве гушне милoтo. Ќе си рaсте убaвo и нaдвoр истo кaкo вo меше. Некa биде се вo ред не е вaжнo кaкo ќе се пoрoдиш слушaј ги дoктoрите сaмo. Сo леснo
Сега и мене ме фати паника. Овие два дена сум со менструални болки како што ги опишуваше и ти. Се тешам дека ќе поседи уште малку во меше.
Ајде мамичка. Штом си во во болница ќе те следат. Па може изненадно порано ќе се гушкате, а може и е лажна тревога. Одмарај и известувај како сте.
Здраво мешиња Фала ѝ на @mariz за сирупот Ферум лек, 2 шишиња испиени и тоа само по 1 к.лажичка насабајле железото од 4 се качи на 17. Денес купив некои работи за бебушка, не можам да поверувам дека тераме 8ми месец, како вчера да беше Св.Јован кога ги видов двете црвени линиички. Седам и се потам, ни клима помага ни ништо. Мразам жешко значи, претешко ми е. Едвај чекам да мине летото.
Мами преги дојде една сестра и ми кажа дека утре ќе ме пораѓале, а мене докт. ништо не ми спомна за утре.. после тоа дојде анестезиолог и таа ми кажа исто демек за утре од сабајле и после нив доаѓа докт. и го прашав вика белим ќе истераш до 38ма недела. Сега на цтг-то покажа 2 контракции послаби од тие од преги, а јас си имам болки искрено и незнам. Докт. ми кажа се гледаме утре од сабајле.. и ќе видиме како ќе биде тогаш. Иначе не ме гледаше на ехо пак..
Јовановски Зоран ме води, а вечерва дежурен е Јане Стојановски, незнам дали ќе ми прави и он цтг.. ми кажаа дека ќе ми стават дијазепам во 22ч. за да поспијам и така. Гушки за сите вас
@Seduction сo леснo некa ти е, вo безбеднa неделa си и дa се рoди утре нa нaјубaв ден ќе е рoденo нa Св.Петкa Мoетo јунaче се рoди лaни нa oвoј ден