Мешиња, само да ве предупредам, никако во 8ми Септември да не зимате упат за испитување во лабараторија. Ставиле апаратче со бројчиња и како трудници немате никаква предност. Ќе си чекате во гужвата. Катастрофа.
Јас и без тоа чекав. Луѓе без осет. Отворија нова кабина и одам натаму - ко се зададоа едни "вампирки" редот да не им го земам! До луѓето е
Мене ни на трансфузиологија не ме пуштаат преку ред "вампирите" а ме гледаат со меше до заби. Ама затоа ми се јавувм на Јани и одма влегувам.
Јас сум одела преку ред на шалтер, за боцкање сум чекала. Ама сеа си застанав и чекав ред и на шалтер. Мене не ми проблем да почекам во нормални услови ама жешково ме убива.
Мене сестрата (таа што седи на пулт) ме "шверца" инаку никој не те гледа. Не сум за посебен статус, ама на топлово не се издржува во загушливата просторија која нема климатизација и провев.
Немаат осет луѓето. Толку е културата. Јас во 8ми сеп сум била сведок на викање обезбедување заради "гужва" на шалтер.
Си чекам секаде ама кај мене па и не се познава сеуште. Меше имам ама оти претежно во фустани и неприметно е. Потешко ми е да акам по улициве за од една на друга клиника одошто да си седам на столче и да чекам ред. Е ама ако ми дојде некоја да ме стане оти нели "постара е " си кажувам бремена сум не можам да стојам во гужва. Го земав хеферолот за железо ама мојот гин е на одмор, а во упатството пишува претпазливост ако се зема со лекови за тироидна жлезда. Јас пијам наутро 25мг еутиеокс. Некоја од вас дали го пие во комбинација со еутироксот и како?
@Ano октенисепт е солиден дезинфициенс, не само овој, туку и спрејот. Со него прават преврска на рана во државна, многу помага за зараснување. И дома си продолжив со него. Спрејот за рани е солиден, без него дома не се оставам, сега и на одмор ќе си го носам. Сигурно и вагиналниот раствор е одличен.
Нaјстрaшнo е штo нaјмнoгу бaбетини се кaрaaт a и тие биле трудни и знaaт кaкo е @EuHenIa меѓу пиењетo нa двaтa лекa гледaј дa имa гoлемa рaзликa (пoплaдне пиј хеферoл) и си немaш гaјле
Здраво женички. Јас вчера вечер качив и температура, нафрланото како да се воспали.. па ме пратија на инфективно, ставив маска и отидов. Таму докторката се уплаши, многу сум нафрлана... ми земаа крв црп е покачено ама не е премногу, па ми даде ацикловир таблети и рече да не мачкам ништо само три пати туш и поливање на крај со хиперманган. Денес сум подобро... мислам толку беше, не ми искачаат веќе нови како што гледам.. па остана да се сушат веќе Бев нели и на гинеколог преку ден, рече тие грчките работи што ми ги дале за доле дека се супер, па да ги искористам... вчера тоа за вагинално плакнење го искористив леле жени умрев мн грозна работа било, како оцет беше... кога фати да пече цела вагина, ама од мене искочи цел исцедок мислам што го имав внатре и за 5мин веќе не ме чешаше доле, еве не ме чеша и немам веќе жолт исцедок, немам никаков до душа... денес ке почнам со вагиналетите.
Да се надоврзам за предноста во здраствениве установи еве јас за во ендокринологија да кажам ме примија преку ред дека трудница уште напочетокот сестрата сама ме викна докторката ме прегледа без да чекам и резултатите си ги зедов исто така без да чекам само шо излегов почнаа да ме колнат луѓето што чекаа надвор значии буквалнооо да ме колнат и да пцујат по мене ќе ме натепаа оти преку ред сум дошла одвај излегов од салонот од шо викаа дури донадвор се слушаа и велам трудница сум и викаат ние чекаме од олку од онолку шо ни е гајле дека си трудница и ние неможиме да чекаме немаме воошто култура како народ а јас преку ред сум ги пуштала и трудници и ептен стари лица за било што. А инаку за запекот имало прашачиња во аптека се пијеле до 3 до ден и дури да протера само заброајв како се викаа ама сигурно во аптека ко ќе прашате прашак за запек за трудници знаат од кој е.
И мене вчера ме пикнаа преку ред, ама не поради мене само да не закачам нешто плус туку и поради другите луѓе зашто уште сум заразна... леле еден постар тргна накај мм да се дере да вика, цел ходник ечеше. Добро бе му вика нели гледаш трудница е, види ја каква е, да седи во ходников ли? Има луѓе без осет... како и да е пак јас чекав ред, само чекав изолирана во соба затворена... и се изнаплакав, луѓево само колку да се дерат, да викаат... и уште се дереше после во ходникот, па му се пушти една докторка... @Snow white толку е културата...
Да ама то е то без осет се многу луѓе и само интересот свој си го гледаат и на крај безобразно ти се дерат а те гледаат колкава си страмотилоци сме како народ ние македончињава во странство дали е вака како кај нас
Јас кога одам кај матичниот на преглед секогаш си закажувам и секогаш некоја ќе се најде што ќе искоментира:Дека ти одеш преку ред. Најчесто ромките се најгласни. Последниот пат имав закажано во 10 и пол, почекав 15мин за да влезам и една жена тргнува пред мене и ми вели дека чекала цел саат. Друга ромка почна исто да се дере дека тие чекале цел саат, дека јас не сум била на ред и да си чекам. Само се свртев и им кажав дека имам закажано. Колку пати и докторот има излегувано да ги опомене да не викаат и тие што се закажани имаат предност. Истиот ден испоседнале на столовите жени и девојчиња, ме гледаат со волкав стомак едвај стојам на жешкото,се препотувам и немаат осет да отстапат едно столче. Срамота. А кога испитувам крв во здравен дом, обавезно си чекам ред. На никој не му текнува преку ред да ме пуште. Да паднам таму никој нема да ме погледне. Какви луѓе сме не знам. Еднаш кога ги носев брисевите исто во здравен дом,после мене имаше една бремена, но јас ѝ отстапив ред иако и јас бев бремена, но не ми познаваше стомакот мене.
Јас станав хејтер за чекање редови од кога сум бремена. Никогаш порано не сум дигала галама или глас, давам предност, без разлика дали болница, каса во супермаркет или било што. Ама после саат чекање кај матичен една паметна баба кога ми дојде и почна да почна да ме турка во стомак, толку од мене. Предност никому Здравје кога ќе се породам. Ќе размислам до тогаш. Ако немам голем стомак не значи дека не сум греота. А застанев на нозе, оп крварење. Толку од мојата учивост. Сега е на stand by.
а зошто чекате кај матичните не разбирам, кај мојот е многу културно, си закажуваш и сестрата те вика да влезеш согласно закажаното, си има чекална и никој не дреме пред ординацијата да се бутка. Ако дојде некој падобранец без закажано си чека додека нема простор да влезе односно кога ќе поминат закажаните. Макс имам чекано 10 минути.