Јас како го осетви пред 10 дена отприлика прв пат, цело време е ниско. Уште го немам сетено кај папок на пример него во линијана јајниците.
Јас најчесто околу пупакот го осеќам. Некогаш и под, ама не придавам многу значење. Вака кога ве читам си мислам дека некако ептен индиферентна сум..
Јас па се радувам што е така поставена, синко у желудник ми беше мислам хахаха Едвај го спуштија, ме стискаа од сите страни. Па дај боже да си остане вака, може и полесно ке се породам Единствен проблем од нисково носење ми е болката во кичма и колковите...
И на мојава госпоѓица главата ѝ е скроз доле цела бременост. Спремна е за раѓање.Некогаш осеќам таква болка што мислам дека во секој момент ќе излезе. А ја осеќам како клоца низ цел стомак, ме мава во ребра, околу папок лево десно, некогаш и во бешика осеќам.
Ме изнасема со морковиве. јас овие денови сум на замрзнати вишни Чекајте кога ќе пораснат па кога ќе почнат под ребра да удираат. тогаш ќе осетите болка. додуша моево го осеќам од доле доле до горе насекаде. Туку сакав да прашам. Креветчето и слични работи за бебе, со што ги чистевте или евентуално дезинфициравте пред прва употреба или само со регулар средства за чистење?
Oвa мoевo се вo прoфил беше легнaтo, a вчерa сo глaвчетo нaдoлу свртенa сo лицетo премa грбoт нa мaмa. Се рaзличнo јa oсеќaм и дoлу ептен и кaј пaпoк и вo желудник .. Штo ли прaви Бoг дa знaе Нa тулумби ми врти пaметoв двa-три денa
Јас денес колабирав на работа. Само што дојдов си отидов, отворив боледување па после ќе одам на одмор и после ќе видиме. Притисокот 80 со 60. Душа немам во мене веќе. Не ја можам и работата. Уморна сум и времево ме убива. А тек 4 месец како ли ќе терам до крај не знам
Истото ме интересира Инаку и јас го осеќам од скроз долу во препони, до скроз горе и во ребра и во желудник и во грбот неколку пати ме зашутира Некогаш си мислам дека е прениско, а стомакот уствари ми изгледа високо поставен
Така викаат и сум слушнала многу пешачење,по скали горе-доле,некоја активност со движење. Е сега колку е точно не знам. Ти завидувам кај и да си ќе се спасиш од вруќиниве,со бебушка дома ќе си седиш и гушкаш. Јас колку и да сакам да се породам,си викам барем до 34 нед. да турнам. Ај со Господ Напрес се ќе боде во ред.
Не се секирај и мене притисокот ми паѓа цело време...ќе издржиш понатака ова ти е се од жешкото,не се издржува ни така не пак со бебче во стомак земи си боледување и уживкај под клима ,сите чекаме есен да не спаси Инаку имаше некоја постирано за мачкање јас Hipp путерот го земав 400 у аптека,ептен убаво мириса,а маслото шо пари е дали знаете? Ги користела ли некоја, и како е задоволна
Фала на советите, уф едвај чекам да излезе. Денес бев на цтг. Бебе си е супер. Матката покажуваше болки ама не огромни. Во понеделник сум повторно. Чекаме...
Па и надвор ќе му биде убаво ај не трчам не за друго комшииве во зграда ќе помислат земјотрес . Си зборам јас само, тој кога сака ќе си излезе како и за се друго што ќе прави во животот (ако е своеглав како мене)
Маслото е 290 и е преубаво јас го користев во почетокот и едно цело потрошив после ништо не ставам бидејќи ми смета а немам ни една стрија на стомакот до сега
@mariz сега читам што се случува. Држ се мајка, само оваа недела да помине, после ќе ти биде полесно. Беба си е заштитена. Ти внимавај на себе. Земи и од течната бела пудра за мачкање, не знам зошто сега не ја даваат кога најдобро суши брунки, а штетна не е во ниеден случај. @ludoto19 овие нашите ептен врсничиња. Како моето да го гледам на сликата. Проблем со жештините немам уште, нека остане така. Дома ми е супер, климата нон стоп работи. Јас обично се излежавам во спална за да не ми дуе директно. Прошетувам малку навечер низ парк, засега арно се држам.
@duffi Па кај си ти кумо ни се губиш хуху ааа исти се по големина а море да не им дуваме свеќи заедно само нека се живи и здрави женцка,и да си растат l: