Сите сме нетрпеливи како се ближат термините. Мене па дури ми е чудно што сега имам повеќе сила и можам да трчам мислам за разлика од порано. Сабајле потрчав по автобус и кога се сетив викам леле колку сум луда заборавив на стомакот. А и од страна којзнае колку смешно сум изгледала
И јас веќе неможам да издржам. Уште една недела да доседат, да влезам во 9ти па нека излегуваат Се изнажаливме овие два дена
Мачкам од неа на најкритични места.. многу сум лом, неможам да стигнам се да намачкам, треба у када со течна пудра да влезам Фала ти, незнам дали од хиперманганот, ама ич ич не ме чеша, денес ептен подобро од вчера сум, нема нови веќе.. сега нека се сушат само Абе да не знае некој јајца од препелица смеам да пијам? Домашни тазе 100%, тетка ми чува такви пилиња, вчера снесени се ми донесе да сум пиела...
Да ептен се здрави и супер за имунитет. Нетрудна сум ги пиела.. дека и од сигурно место, ептен тазе... ке си варам чат пат по двечки за доручек...
Мајки бев денес на цтг, има контракции но не се како тие во понеделник и вчера..послаби се. Го имав и првиот вагинален преглед, грозно искуство, многу ме болеше и докт. ми кажа дека мн. сум тесна долу и дека тешко дека ќе можам природно да се породам дека и бебето ми одговараше за + 38ма недела а јас само што бев влезена во 36та Иначе грлото ми е затворено и така. Во петок сум пак на цтг и пак ќе го мериме бебчо, па ќе видиме колку пораснало, пошо мене се потешко и потешко ми е веќе
Јас сум ептем загрижена,постелката ми е многу ниска,ептем долу ја чувствувам,а цервик ми е супер 4.5мм ми рече докторката. Сега носам појас и баш каде го ставам најдолу таму клоча малата,си викам да не и смета,да не ја стега???
Малечка и јас го носам ниско, на преден ѕид, ама докторот не ми се виде воопшто загрижен по тоа прашање. Само спомнува , т.е кога ми кажува параметри го набројува. Не е ништо страшно. Таман си е момата, не се грижи толку.
Мојата ми се виде загрижена иако не се изјасниСи викам штом ја прашав за строго мирување,нешто да превземеме ми рече само појас за трудници,можи има шанса да се подигни...ама јас се се изначитав.
Чим е се супер со цервикс не се грижи. Кога ке видиш секоја втора ниско носи, не е страшно ич.. има и жени кои повисоко носат, а се со скратено грло... нема правила ич. Постелката исто ниско ми е, но најбитно не е на отворот... Јас сум мн активна со синчево, го кревам некогаш, а има 16+кг.. трчам по него цел ден, цел ден клекни стани собери играчки.. позитивна мисла и се ке биде најдобро Јас со скулиоза сум... и мм, тетка ми ме приметија дека уште покриво стојам.. а и ја осеќам дека грбкава ми штрчи повеќе...
Мамички 10 недела сум а сум на одмор . Имам едно дете веќе и е 1,5 година, ногу е активен, сака да теча, сака да се бања нон стоп, мажот ми е цело време со него, јас избегнувам да се бањам, го дигам ама ми е страв и цело време ми се спие, многу сум заморна и напната. Немам никакви сили за детево, немам нерви да го слушам лако плачи, си викам како ќе биде со две... ве молам совет
Мислам дека ако било критично сигурно ќе препорачала лежење. Штом не ти дала боледување сигурно не е страшно. Во секој случај ако не си мирна оди на второ мислење.
Бидејќи чекам прво дете можам само да те утешам во делот со бременоста уште малку ќе влезеш во второ тромесечје кое е дефинитивно најубаво. Нема да бидеш надразлива нема да ти се спие, напротив ќе имаш многу енергија што се однесува до тоа како со две мали деца нека те посоветува некој со искуство.