Добро утро. Еве и јас да се пожалам дека потешка ноќ не сум имала за спиење - односно неспиење. Си легнав околу 1 и цел саат не можев да заспијам, па си станав во дневна да погледам серија некоја и сум заспала. После пола саат станав за тоалет и жива среќна дека ме фатил сон се вратив во кревет. И повторно иста приказна, несоница. Ко за инает и нозеве многу немирни ми беа ноќеска, а денес сум со жена за чистење цел ден. Незнам како ќе издржам. Како се осеќаш? Денес си пак на ЦТГ? @kukla21 дај боже да немаш вакви маки. И јас бев како тебе, не спиев временски кој знае колку, ама барем мирно спиев. ова сега е неиздржливо. Незнам дали од жешко, дали од што сум голема, дали дека и бебево ептен хиперактивно
Мислам во цела бременост најлош период е несоницата.Нема полошо од тоа, плус летно време, ко казнет да си за нешто. И јас пак кај 02:00 заспав до кај 4,5 и после трета смена. Уште денес на работа, и после 2 години дома.
15 месеци за близнаци е породилното, плус 3 месеци нега на дете дома, и одмор на крај стар/ нов , горе-доле 2 години се фаќа.
Кукла јас со две деца родени - не близнаци, и две породилна поминати, да ти кажам дека тоа веќе не постои. Породилно за породилно 9 месеци а тие 3 месеци за нега на дете откако ќе заврши породилното порано го давале многу лесно и скоро на сите. НО сега тоа не е така. Сега треба да има навистина причина (не дај боже ) за нега на дете, и тоа по сите процедури- специјалисти, конзиларјни, комисии итн.Значи соодветна дијагноза, прегледи, извштаи од специјалисти, комисиско боледување- дека трае прилично итн..
Нега на дете се зема кој сака да си поседи дома со бебушот уште некој месец. Некои стварно имаат потреба, но повеќето немаат. Се ваѓа само лажна крвна слика, као бебето е анемично и мајката треба дома да седи. Се зема 70% од боледувањето. Некои и повеќе од 3 месеци земаат. Колешката моја од работа веќе 2 месец е дома и зема нега на дете. Сеуште е дома. Јас 3,5 месеци седев дома.
Ова веќе не проаѓа така,само со крвна слика. Треба посериозни индикации. А и плус сосила да се прави детето болно
Можеби има навистина причина за тоа, а не би да сподеулува. А можеби едноставно злоупотребува, ама тогаш не е сама, туку е под прашалник ставена работата на неколку лекари и специјалисти... А постои опција 3 месеци неплатено...само шо за тие 3 месеци мислам и дека те одјавуваат од работа
Нема никаква потреба за детето, супер е. Пријателки сме и ми има кажано. Зошто да земе неплатено кога може 70% да зема плата. 100% сум сигурна. Си извади само слаба крвна слика отиде на комисија и толку.
Добро утро девојки. Јас си лежам и си одмарам, денес ја однесов ѕверката во градинка, жал не жал таму барем ќе игра со деца, дома цел ден таблетот го бара. Топло е за шетање едвај чекам недела да се залади. Закажав амниоцинтеза во среда во Систина кај др Даниела. Рекоа процедурата е 5 мин. Ај ќе видиме.
Никому ништо ако извадиш слаба крвна слика. Детето врска нема со тоа. Јас имав пред 3 години извадено, си земав 70% плата. Зошто да земам неплатено кога можам да земам пари. Тоа државата ја испиќокрадоа, а не ние за 3-4 несеца. Многу мајки земаат нега на дете, не е тоа ништо.
Многу е внимателна Даниела. Голем професионалец. Цела процедура е помалку од 3 минути, само стравот прави да ти изгелда долго
Земаат, ама оние што навистина им треба некогаш најтешко доаѓаат до тоа. Си знам јас колку мака имаше братучетка ми што има три години породилно за нега на дете, ама нејзиното е со тешка дијагноза, не дај Боже никому такво нешто. Сакам да ти кажам дека не е во ред детето да го правиш болно со сила, со слаба крвна слика или што јас знам.
Така е кога сите користат за глупости ја искрадија државата никој ништо не им може зошто и ние да не искористиме нешто во германија е една година породилно плус 500 евра децки додаток а во холандија откако ке се породиш ти пуштат дома жена една недела да ти помага се таа прави а кај нас се укина за да има повеќе за крадење .
Значи ова е типично боледување за нега на дете до 3 години. Лажна крвна слика? Од кај да најдам такво нешто? Башка и да најдам треба секој месец тоа да го правам бидејќи комисија повеќе од 30 дена не дава - значи 3 одења на комисија, 3 специјалистички мислења и 3 крвни слики. Пре би зела неплаетно отколку да се вплеткувам во вакви шеми. Точно ја покрадоа државата, ама има изрека „големата риба ја јаде малата риба“ со причина. Не би да сум малата риба.
Јас искрено немам гајле. Луѓе милиони крадат од сиромашни, кој каде стигне само краде без усул, а не ние за 3-4 месеци и тоа ди плаќаме придонеси за тоа. Социјално земаат луѓе здрави-прави мрзливи да работат.Здравје пак ќе направам така и нема да осеќам кривица. Што ако извадам лажен документ.
А ти го даваат така лесно тој документ секој месец?! Без врски,без ништо,одиш и оп имаш во рака "слаба"крвна слика?!?!?