Јади многу овошје, од лично искуство ти кажувам, јас не само на почетокот на бременоста, туку и пред тоа си имав проблем со редовно празнење, но не бев некој љубтел на овошје, е сега од кога почнав да јадам секој ден, посебно суви сливи, кајсии, праски... не само секој ден, туку и два пати во денот си одам
Затоа не не' бива како држава...ради тоа кој се снајде, се снајде. А сакаме подобра иднина за нашите деца. Тешко тоа ако ние самите ништо не правиме. Ама ајде, која сум јас да ги оправам тие што се снаоѓаат. Јас имам совест и свест и не можам дете со сила да правам болно, само за да седам дома, макар било само со лажна крвна слика. Ама од таквите на ред не можат да дојдат оние на кои навистина им треба тоа.
Ви се чудам на вас што имате опстипација. Јас воопшто немам, дали дека пијам многу вода, јадам овошје лубеница поготово. Ама затоа гасови колку сакаш има.
Дали на министрите им е гајле за нас-не верувам. Дали на хирурзите ако не им ставиш во џеб ќе те оперираат-тешко веројатно. Дали те пушти работодавецот( тебе, мене, на друга-трета)дома на пеколниве температури-не. И јас ако седам дома нема нозе во вис да кревам или деца нема сигурно сами да се чуваат. Пак цело време ќе си го поминеш со нив, наместо да фаќаш дебели врски за во градинка, или жена дома за чување.
Ние тебе ти се чудиме штo немaш. Нaјчестa непријaтнa пoјaвa сo бременoстa е тoa. Амa пa имaш гaсoви кaкo и дa е нештo сo дигестивен систем се пoреметувa пoрaнo или пoкaснo вo блaгa или пoјaкa фoрмa.
Друга ми беше поентата @iki26, не ме сфати што сакам да кажам. Не е ни битно веќе, јас си кажав што имав.
@RedRevolution јадам во нормални колични. По неколку плода на ден секако. Преферирам сливи и круши (дека биле добри за wc) + морам да внимавам заради шеќерот. {а и секогаш кога претерувам, си повраќам и вишокот изгледува } @forumce пијам по неколку литра вода на ден, АМА не јадам храна која ми прави гасови. Најчесто кога имам гасови, потоа имам крварење Спојлер: Осетлив дигестивен систем Note* имам осетлив дигестивен систем, тоа е факт. Пред да почнам со ивф и процедури бев на специјалист. Ми рекоа од стрес. Да бе... Моја кривица дека не истерав можеби со некои снимања. Ми се брзаше со бебе, не ми се чекаше
Не сум во тек само прочитав нешто за крвнава слика... А зошто ви е лажна крвна слика ?? мислам ми нема некако логика зошто лажни резултати
Јас од порано имав гасови, не само сега. Испитував хеликобактер, порано имав, но ми се исчисти. Бев на интернист,не најде никаков проблем.
Зa дa се земе негa нa дете кoе трaе 3 месеци и се земa 70% oд плaтa. Акo дoстaвиш крвнa сликa oд дететo кaде пишувa декa декa е aнемичнo ќе ти oдoбрaт негa нa дете и ќе си седиш дoмa три месеци и плaтa ќе земaш 70% oд целoснaтa плaтa.
И јас опстипација немам ама се мислам од Провен от ми е. Сабајле како навиен будилник во исто време . А вие што имате мака само маслиново масло му е мајката. Јас лани после киретажата од големи болки и многу лекарства против болки 5 дена не можев да излезам, до повраќање дојде работата. Се напив една поголема чашка за ракија маслиново масло и за два часа се олеснив. Сега и на ќерка ми и давам маслиново во млекото оти има мака со столицата. За продолжување на породилно со фејк дијагноза на детето не сум воопшто. Неколку пријателки мои дури и едвај чекаа да се вратат на работа ама имаше кој да им ги чува децата. Јас не би да не морам и веднаш би го пуштила во градинка ама тоа е мое сегашно мислење до тогаш има време
ааа ни на крај памет не би извадила таква крвна слика сами несреќата си ја привлеквуаме со таквите постапки си го привлекуваме лошото.. поубо ќе земам 3 месеци неплатен да си го потпораснам детенцето отколку така..
Јас пак збунета сум - не постои таква категорија нега на дете со фиксен термин од 3 месеци. Каде е ова дефинирано?! Ако се има потреба за нега на дете до 3 години, негата може да трае и подолго. Секој месец се оди на комисија - не се работи за една крвна слика, туку за најмалку 3. Другарка моја се породи во 32 недела и реално има потреба да седи дома со детето- го водат со корегирана возраст, дури на 1 година почнува да воведува храна и пак секој месец на комисија со мислење од специјалист и резултати од крвна слика, мозоче..
Не ми е шубе, зошто шубе. Ниту хендикепирано го правам, ниту фалично ниту ништо. Едноставно пишува дека е анемично-намалено црвени крвни зрнца, и има потреба од нега на родител,и толку. А ако не седам дома кој ќе ми го чува тој период? Жена да плаќам по 150-200 евра, градинка толку мало да го праќам??? Што да правам. Побогу мајки како да не знаете дека секоја 3-4 мајка зема нега на дете, па се правиме на тошо сега. Или сите ќе изиграваме поштени и душегрижници за државата. Па дома ако седам тие месеци во корист на детето ќе бидам, за него ќе се грижам, нема ни по одмори,ни кафани, ни дискотеки да одам. Цела енергија на нив ја трошиме.
"Само" анемично. Па, ДА Ништо страшно За чудо, немам познат кој зема вакво нешто а има здраво и право дете Пре би отишла јас на невролог на пример, би се свила во кичма , би рикала демек од болки и би зела боловање ако толкуууу се мора.
Сега ќе ти објаснам. Ти завршува 9 месеци породилното и треба да почнеш нели на работа. Нема кој да ти го чува толку мало бебе, а греота е за во градинка или не го примиле и си ваѓаш нега на дете. Правиш фејк крвна слика и одиш на комисија. Од таму ти даваат боледување да седиш дома со детето да се грижиш за него,обично 1 месец даваат. Па ако сакаш уште малку да ди поседиш пак ваѓаш фејки крвна слика и пак на комисија и пак уште 1 месец. До 3 месеци можеш вака. И земаш 70%од плата додека си дома. Зошто да земеш неплатено, кога реално требаат пари и можеш да земеш само со есен документ од крвна слика
Искрено кај мене на работа никој до сега не седел дома по завршување на породилното. Затоа и прашав што е тоа нега на дете од 3 месеци. Не познавам ни приватно некој така што седел.
Кај нас на работа дава газдата три месеци неплатен одмор и си го користат многу жени шо нема кој да им ги чува децата а некои воопшто не се враќаат после тоа а други пак се враќаат на 8и пол месеци бебето ко ќе има
Претпоставував дека е така - боледување за дете до 3 години. Ме збуни ова „нега на дете од 3 месеци“ - како посебна категорија да е го сфатив.