Мене сабајлево ме штрека долу лево меѓу мочниот меур и јајникот. Ќе штрекне ќе помине, поим немам што чудо е ова. А баш денес сабота се надевав ќе можам да шетнам со малата. Ништо и денс ќе дремеме под клима
Дaaa... Тoa се припремни лaжни кoнтрaкции сo кoј мaткaтa се спремa зa пoрoдувaње. И кaкo и мнoгу други бoлки и oвие се нoрмaлни
Во 38 недела сум и имам болки ама не сум отворена и постелкава не ми е зрела ама неможам појќе да идржам и на топлово ми забрани докторов да излегвам до 8на вечер дали правевте нешто за да се отворите побрзо јас и пешачам и по скали се движам дали знаете нешто за отворање побрзо
Абе мaјкa мoрaш уште мaлку дa издржиш зaрaди бебетo oти пa негo му е супер внaтре си се хрaни кo шo требa штoм пoстелкaтa не е зрелa. Зa сoвети урми и aнaнaс дa се јaди, пешaчење не знaм другo.
Па мажот ми вика немаш прочитано на форумот какви болки треба да се за порајѓај дали да плачеш или да се смеш
И ја да утешам после раѓање 5,6 м страшни болки во кукови и кичма имав, па дури од што грдо болеше и мислев дека не е нормално бев на ренген А уствари и тие болки се нормални зашто карлица коски се враќаат у нормала..
И јас да се пожалам за половината дека мн. ме боли , а мислам дека и бубрегот ме боли на левата страна. Тоа е од тежината, баш докт. ме праша дали ме боли половината и кичмата, викам да.. вика бебе тежи и затоа. Цела сум укочена, се ме боли, си викам после пораѓај морам да одам некој да ме измасира дека незнам како ќе функционирам
Да се приклучам, половината не ме болеше воопшто цела бременост, последнава недела премногу ме боли. Никако не ми е удобно ни да седам ни да лежам. Инаку сум 38+4 и се движам доста. Навечер повеќе но и преку ден во Capitol mall Вчера прв пат имав голема болка како менструална. Таман се израдував, престана и толку.
Ништо не ме боли по цел ден само работкам низ дома да лежам не можам е само нозете ми отекуват и за тоа најдов лек кога носам чорапи и патики не ми отекуват само кај зглобот
Женски од вчера имам нешто како менструални болки повеќе пати во денот. Денес некако како да позачестија и ми доаѓа да одам во веце и да напнувам за какање. И после поминува. Веќе влегов во 9ти ама не знам какви треба да се болките, да не треба да се спремам?
да одиш на лекар како ментструални се болките на почеток со тоа што интензитетот ке се зголемува.Ги имаш во интервалу? напонот може да значи дека и бебето турка надолу
Блазе тебе, јас бев мн. покретна.. но еве оваа недела од кога ми се појавија болките (контракции) почнав и потешко да движам и да се укочувам дека бебе ме притиска многу, но и го водат за 2 недели понапредно и докт. кажа дека е нормално да ме боли се дека сум ситна. Иначе и јас малку лежам, си се движам низ дома или седам, неможам баш да лежам. Отоци ми се појавија кога одев на раб. сега кога сум дома не ми отекуваат, може минимално. Ајде уште малку ни остана до гушкање. Ќе издржиме тие што имаме маки Мајка и јас исто осеќав, кога отидов на цтг покажа контракции, но еве ми се подсмирија болките. Ме проверија не сум отворена а болки си осеќам но не се тие вистинските.. може е исто и кај тебе но оди да те види докт.
До сега од сабајле 4-5 пати така ми се случува и подолго траат, ќе почекам до вечер па ќе видиме како ќе биде. Ако има новости ќе се фалам
И јас денес цел ден осеќам како секој момент нешто од доле ќе излезе. Како камен да имам и се мачи да излезе од вагината турка надоле. Лежам денес ама пак исто се осеќам, само што ќе станам исто како да се бори да излезе нешто. Уффф
Бебчињата притискаат затоа. Јас само во тоалет многу чесго одам. кога се врти бебушка абе одма ми се иде. И денес ова топлово убива. Страшно е.
Мешиња јас од како ми падна малку чепот од 37 недела имав менструални болки. Ме болеше 1 час на ден, некогаш 2 часа а во 39 недела и 3 часа на ден. Значи ме болеше постојано без престан но болката беше издржлива. И само си велев еве денес е денот, и поминуваја болките исто како и да не ме болело. Нормално е тоа матката се спрема. Мене прво водењакот ми пукна па заминавме одма В болница а болки немав. Болките се на ист интервал вистинските и утка нема. Мене прво ми почнаја на 15 минути.