Се изнаспав да ти кажам право. Во 22 легнав во 9станав. Какво вц какви бакрачи само двапати - А и вечер ќе е спие
Јас се разбудив околу 6ч гледам тука штама нема никој,ааа викам женските се кома од времето сега ќе се наспијат ха ха ха нема комарци и вруќина
Конечно свеж воздух сите убаво спиеле вечерва... Мамички, јас во петокот бев на преглед, и ми кажаа дека промени во цервиксот нема, малото е со сите развиени органи, ама поситно е од шо треба да биде. Докторите викаат дека е добар, иако како за 36+ тој е со тежина на 34+.. Сабајлево имав мал исцедок на гаќите, и приметив жолт проѕирен исцедок, од тоа што читав во вашите претходни мислења, претпоставувам дека е чепот?!?!
Не е баш исцедок, баш како лигаво парче е (како мрсул голем) Само јас не спиев асално.. мене ми се спиеше, ама синчево нешто забушаваше... едно 4 пати за вода стана.
Не би требало, чепот е со сукрвица. Освен што е лигаво ќе има малкуцка крв или пак ќе биде барем бледо розева.
И јас конечно се наспав ко човек. Само два пати станав на кратко, ама веднаш заспав. Сега си работам по дома, малку чистам, малку одморам и така.
Добро утро. Јас богами се наспав убаво. Ама дури околу два заспав. Тогаш почнаа да се осеќаат првите знаци на свежина дома. Денес да го искористиме денов максимално за одмор додека е времево вакво. Имајте убав неделен ден.
Јас неколку пати имам пишано за чепот Кај мене капка крв немаше,проѕирно,тегаво како белка од јајце и поголема количина беше Можно е да е чепот
Јас да се пожалам. Таман се договоривме за продолжен викенд со мм, да си поминеме време заедно дома ама сепак....братучетка му почина, тетка им сообраќајка...од червртокот хаос...слабо спијам се штрекам, а душа ми плаче за спиење. Ноќеска на свежово јас пак бев жива вода....изгледа колку и да се трудев да бидам смирена внатрешо сум се потресла доста...капак на се...колата се расипа па мм мораше одма по мајстори...све се собра. Ептен стресен викенд.
Па незнам тоа не сум запознаена дали може да паѓа на делчиња, малку пологично ми е одеднаш да падне.. пиши mucus plug на гугл, ке видиш како изгледа (малку е грозно)
И јас не знам дали може на делчиња, ќе проверам баш, али битно такво беше, ко мрсул баш, само беше малку, не во голема количина, затоа си помислив може на делови.. може па и не беше чепот, мада во животов не сум имала таков исцедок како овој...
Денеска се израдував, се качив на вага и од пред бременоста сум качила само две кг. Мислев дека се многу повеќе некако тешка се осеќам . Денеска ми е многу добро фала богу на заладувањево. Ем се наспав ем се прошетавме. И детево да се наспие преку ден без препотување. Влегов во 16 недела
Убав ладен ден мешулиња шо убаво си залади мислам препородена сум денес хахаха,а и малото осеќам му прија ладново без ниедна мачнина станав денес н е за џабе ќе е зимско дете Убаво се спиеше вчера ,а и вечер исто истури од врнење дури ме разбуди немам есенска опрема инаку ќе искочев да шетнам Да ве прашам женцки втор триместер кога се влага 13+1 ли? Убав ден мешки
Јас сум уште како зашеметена, како пијана се осеќам, шантам понекогаш, како да губам рамнотежа, не можам да функционирам нормално. Ми е страв да сум сама мислам во секој момент можам да паднам. Луѓе да не е ова нешто озбилно почнав да се плашам? Јас мислев дека му треба време на организмот да се опорави од толку страшна вртоглавица, ама ова никако да помини. Утре ќе одам кај матичниот ама се плашам дека нема ништо посебно да ми кажи и проблемот ќе остани нерешен. Ве молам за совет? Вака не сум способна ни да се породам, ни дете да гледам, страшно е ова