@iki26 нормално е, и мене ми тече само. Кога легнам на страна од што ми се претиска градата и си тече. Ако не ставам тоалет на нив, ми ги валка блузите и прслукот. Додуша јас бебидол носам, без потпунки и многу ми е згодно. @SophiaBella Можно е да е од железото и хгб, тие можат нагло да паднат. Верувам дека пиеш и вит ц, би ти препорачала да пиеш и вит.Б6 и 12, за да ти се покаче и хемоглобинот, не само железото. Обавезно испитај крвна слика утре. И повеќе течности пиј.
2 недели и 3-4 дена без чеп. И секој ден со слаби менструални болки по 1-2 часа на ден потоа и 3 часа. Чепот без крв ми беше, крв ми протече кога ми пукна водењакот.
И јас примав тотхеми, фероглобин и не ми се качуваше, дали ептен влечеше синко, дури и семе од коприва со мед, цвекло и др и џабе... на пораѓај со слабо железо отидов...
Се до скоро, првата година ептен заникаде бев бела жута без сили, вртоглавици, па после полека почнав да правам качи симни колку толку добра бев... 2год се мачев да ја опоравам, сега кога останав трудна пак со ниско почнав и пиев Феррум лек сируп, го качив железото конечно после 3год. Сега последната контрола 35 ми беше, во вторник ке правам крвна слика зашто и тоа не е арно па сега Тука дадоа совет дека може од витамините да покажува лажно толку високо, но сепак после варичелава сакам да видам каква е крвната слика па ке направам една во вторник. А на пораѓај немав проблем кога раѓав, кога се породив после саат време им се онесвестив и неможев глава да кренам одма се онесвестував па со кревет легната ме пренесоа во соба каде лежев до 9 вечер, а породена бев во 6 сабајле. Вечерта станав за рака со сестра за да одам до вц и брзавме и двете у вецето (туширање едно др), зашто ептен ми се вртеше. Другиот ден со бебе покрај мене веќе не запазував колку ми се врти
Е ова ме мачи, ако ме фатат болки како ќе се породам во ваква состојба. Кога одам како да пропаѓа земјата, сила воопшто немам, плус ми се лоши. Па и царски да е, како ќе станам од кревет во ваква состојба? Страшно е ова...
Гoспoдoвa рaбoтa е тoa силa ќе ти дaде тoгaш, не се oптoвaрувaј сo вaкви мисли се ќе биде дoбрo. Имaш цел тим дa те следи тaму немa дa си сaмa a и бебo сo тебе плус ти кaжa @mariz декa немa ни дa мислиш нa крвнaтa сликa.
Направи си ги слободно акрилот штети зошто се меша со мономер а тоа е киселина...а гелот нема киселина и сите се што се изработуваат гелните нокти.Јас сум со ивф и со франч си бев и на пункција и на трансфер и пред тест си ги правев пак и еве сега секој месец си ставам дури и додека траеше органогенезата јас ставав...па фала му на бога ок е се....дури многу и жени се фарбаа но дома ме пукнаа сите и не се фарбав до 12та недела...слободно стависи гелче...
Јас и се фарбам и нокти ставам, што знам по мое повеќе глупости внесуваме со храната и пијалоците што ги конзумираме него тоа еднаш на месец ипол фарбање или нокти ставање
Ке станеш, ке станеш.. ке имаш сила тогаш ке видиш а и Фана што вика доктори те следат помош ке имаш цело време, бар ја имав. Ми носеа доручек, ручек, вечера во соба за да не одам до менза, а првите два дена со помош до веце одев исто и за бебето ке ти помагаат ако немаш сила многу ти. Неколку дена во болница па после домче ке си бараш повеќе помош.. Мене дури 4 дена ме држеа во Чаир и не сакаа да ме пуштат да си одам дека бев мн анемична, си отидов со потпис на мој ризик.. дома пиев аронија, брусница домашен сок ми донесоа, пиев пак тотхеми, јадев цвекло, јадев семе од коприва со мед и лимон. Мораш упорно со овие работи без да забушаваш, само суплименти чим не помагаат јачај со природно плус.
Мамички сакам да ве прашам. Од утре сакам да постам до 28 ми. И си се снабдив со овошје зеленчук риба и одам во веро да купам растителен кашкавал и таа таму ми вика за тебе е викам да и и кажувам дека ќе постам и она ми вика па не смееш бремена си. Се насмевнав и и реков ќе пробам. Сега ме стави во мисла. Дали знаете некој да постел. Ќе направам ли нешто лошо на бебето. Во вторник сум на контрола ќе го прашам и матичниот ама и некој од вас мислење?
Заррм на државно не се јаде во соба, туку се оди во менза?! Јас не би јадела растителен кашкавал @karibian, ама акп имаш балансирана храна со протеини и зеленчук не глдам лошо во постењето.
Точно и ако видиш и шампонот има хемикалии а се бањаме и се што е околу нас така да и јас си се фарбам и гелче си ставам
Za veligdenot sakav da postam samo eden den,vo petokot.Vo cetvrtokot koga bev na crkva go prasav popot.Rece da ne postam deka sum trudna.Nemoj vika da se macis, Gospod prosteva vo blazena sostojba si.Ti ako imas zelba i ako mislis deka mozes probaj si
Јас почнав да постам само Среда и Петок (не сум заречена, ама барем така ќе внесувам и по посна храна во организмот) Сега за сега ми одговара
Во Чаир има менза, само на тие со царски им носат во соба и евентуално уште некоја ако има потреба. Мада и тие со царски после третиот ден ги "тераат" да прошетаат до менза. Затоа во Чаир и нема бубашваби Мада мензата не е самопослужување, си седнуваш и ти принесуваат.
Воопшто не штети постењето. Имам доста блиски пријателки кои родија прекрасни дечиња, а постеа дури и пред породување.