Девојки ќе ве замолам да пишуват правилно. Премногу правописни грешки, неможам мислењето да го прочитам. Употребувате погрешни букви, пишувате со мали букви, на латиници, па не сте неписмени, потрудете се малце, пред се заради подобра прегледност на темата .
ова дане е за мене јас писувам преку i pad и буквите ц и она ц со цртицка горе и буквата с со цртицка долу јас немозам никако да ја написам помос
ddevojce, приската е испитување за недај боже, колкава е можноста бебето да го има Даунов синдром Jagoda123,најпрво добредојде инаку нема шанси во трета недела да се види полот, на некои многу ретко се гледа во 12/13та, дури на тие контроли по 17та недела им го откриваат полот. zalosna, ти нас не прашувавш кога сме го осетиле а ти имаш 2 бремености претходно? cvetelina, велат дека таквите болки како за добивање во почетните недели се нормални...и го препорачуваат магнезиумот да се пие. Но најудобро е секогаш консултацијата со доктор.
Snow-Queen погрешно си разбрала Јагода сакаше да каже дали би се видел плодот на ехото, а не за утврдување на полот . Нормално рано е затоа Јагода еве ти една страна на која ке моеш да си видиш и во која недела си од бременоста http://www.clearblue.com/de/rechner-fur-den-geburtstermin.php?gclid=CJeNuN-jvLgCFYPHtAodR24AKA Едноставно си пишуваш термин на последната менструација и траење на истото пр 21 ден и ке ти го пресмета датумот на термин за породување А на првиот преглед се гледа н вагинално ехо плодот, па се прави и Пап тест Ах ке заборавев имај си лесна бременост исто и на новите мами
Ќе се отклучи утре темава. До тогаш можете да ги прочитате правилата на форумот за испраќање на едно мислење по друго во рок од некоја минута. И можете да си постирате во другите теми. Едит: Темата е отклучена. Доколку постирате мислења едно по друго, а не го редактирате првото мислење, мислењата ќе ви бидат избришани. Доколку намерно не ја користите кирилицата мислењата исто така ќе ви бидат избришани. Ако ве мачи некаков конкретен проблем побарајте ја соодветната тема, наместо за се и сешто да прашувате тука, за нели, да не се доведе темава до клуч бидејќи ќе биде излишна. Се надевам дека нема да дозволите да дојде до тоа.
ехееее да имам две ама тоа бесе пред 14 и 11 год работава е ново се памти старо се подзаборава....немозам се да памтам ....и да си писам фала сто ја одклуцивте темава поново посто ми је нај интересна
Добро утро мешенца....повторно во нашата тема Jaс вчера си имав relax ден, цел ден во природа...скаричка...милина. Денес веќе турбо ќе е денот со обврските околу свадба.
Добар ден и од мене! Ех мешлаци јас сум си пресметувала колку сум бремена од денот кога претпоставував дека е зачнато бебето. Ама како ден на зачнување се сметал првиот ден од последната менструација. Ако е така тогаш сум бремена 4 недели и 4 дена и сум полна со надеж дека утре ќе го видиме зрното на ехо. ЕДВАЈ ЧЕКАМ! Освен болки во градите и повремени грчеви во јајниците немам некои други проблеми. Мешлаци како сте со спиењето? Јас (откако дознав дека сум бремена) две вечери по ред сонувам тешки глупости. Де го губам бебето, де крв на гаќите, абе глупост до глупост. Затоа наутро станувам со болки во грбот и уморна Јас сум психо или нормално е? Веројатно после првиот преглед и мене душата ќе ми се ослободи, па нема да сонувам вакви глупости, зошто искрено чекањево ме убива.
ајде утре ке си го видиш бебушот.. иначе за соништа не грижи се.. тоа е нормална појава најчесто што мислиме свесно или потсвесно....сите сонуваме разни глупости едноставно уживај.. а за болките да ти кажам и јас ги имав.. ама сега веке некако ми се намалија....еднаш може грч да ме фати во денот...ајее уживкај си и не си психо туку си трудна
добар ден убави мешиња добри сте? ние сме добри,онака понекогаш со мали болки во долниот дел на стомакот и многу мокрење се прашувам дали е во ред???
и јас имав болки во стомацето до 10 недела а за мокрејнето на секој сат одам па и преку нојкта по 2- 3 пати обавезно станувам
Девојки да ве прашам дали е можно од фероглобинот да повраќам? Баш сабајлево намерно се напив само од нив а фолната и другите витамини ги оставив за подоцна па повторно поврати Од кога ќе ја испијам капсулата го осеќам нејзиниот вкус,уствари како киселина да имам од неа,и после две три минути повраќам? Не знам што да правам...приметив дека од кога ги пијам капсулите обавезно повраќам...можно е да е од нив??? Што да превземам?
јас сум помалце на 1 сат мочка иначе се случува да ме фати паника и да се размислувам да не не е нешто во ред и слично остана уште утре па задутре идам на лекар,ако ми закажат за после неколку дена ке идам на брзо веке поминуват две недели од како замина датата за менс... па сакам да се направат контролите да бидам смирена
мислам дека треба да се консултираш со лекар... капсулите ги пиеш па ги повраќаш... немаш корист од нив
Барем сабајлево не видов дека ја повратив...Го повратив само сокот со кој ја испив капсулата...што знам....мислам дека капсулата не ја видов...но тоа не значи дека понатаму нема да се случи истово...можеби и неа ќе ја исфрлам... Ако некој знае со кои природни состојки можам да ја подобрам крвната слика ве молам да ми каже... На пр. знам за аронијата,баш денес или утре ќе купам,цвекло,спањаќ...што друго???
и јас сум многу слаба со крвната слика,мене ми рекоа да јадам и месо од коњ исто повеке манџи,па месо ама ова од коњ сите викат дека веднаш има ефект а јас уште не сум купила
на 6 или 7 недела мози да си го видис бебуско а тоа сто сакас побрзо да си појдис на док. е едноставно добро за тебе да си прасас се сто те интересира и иц да не се секирас за со Mокрејнето тоа е нај нормално кај сите е така ( имај на памет сега најпојце треба да се опустис) срценцето на бебуско треба да поцни да му цука
Месо од коњ??? Мислам дека се друго ќе јадам ама тоа самата помисла ме убива... Ќе си купам јас аронија,цвекло,спањаќ и други такви работи...полесно и поовскусно ми изгледа... Сепак благодарам на одговорот