Немам зборови за случката , па и Киров и кажал дека се 2 . Не ми е јасно само зошто , која може да биде причината за да ја лажат така
Девојки ми е страв од царски рез зошто јас имам болки а не се отварам можно е од нервоза да не де отворам зато што една другарка со болки не се отвори и царски ја праеа а терминот ми помина вчера
Движи се мн викаат дека мн помагало за да се отвориш. И да си во болница движи низ ходниците. Не дека ќе те утешам со напишаново, ама јас сум царски породена пред 9 месеци и пак планирам царски за второ здравје боже. Не е страшно дури и царски да завршиш, не се плаши, за жал не секогаш испаѓа се по план. Нека ти е со лесно и нека ве чува Бог и тебе и бебушко.
Болки или контракции? Не е сташно и да е нафминат терминот, кај мене два пати беше надминат по неколку денови па пак беше природно. Во однос на нервозата нема врска со отварање. На крајот сите се на крај и со сили и со нерви. Кај прворотките отварањето трае подолго најчесто, кога ќе почнат вистинските контракции тогаш почнува одбројувањето. Без страв, ќе биде се во ред
Jas mislam deka ona e gledala i merila edno isto dete celo vreme.A Kirov e videl deka e edno ama ne mi e kazal od pricina sto se mnogu dobri kolegi..si prakaat pacienti i ne sakal da stvara konflikt megu niv.Toa e moe mislenje
@ada21 Да сум на ваше место кога ќе идам на контрола ке го вклучам моб да снима без да забележи и цел разговор би го снимала а ако проба да лаже тогаш дирекно покажи и ги документите што ти се дадени дека е едно и види како ќе реагира. На крај кажи и дека ке излезеш на ТВ со случката и дека ке ја тужиш мислам дека нема да и биде се исто ке мора да ја каже причината. Тоа е барем мое мислење како би постапила. Стресот сто сте го доживеале ти и мажот ти и болката мислам дека не би требало да ја оставите така.
@S*K*O*R*P*I*A не сум јас само искоментирав. Инаку тотално си во право , нека ја снима а има и документи .
Не мора ништо да сними. Доволно е што има извештај дека се две. Сигурно имаат печат и потпис. Немам зборови за Киров навистина. Бар он беше на место. Ама повеќе ништо не ме изненадува.
Девојки, проверив и преку крв. Морав да бидам 100% сигурна... И да, недела и пол бременка Сега на ред е гинекологот
@sanja04 Твојот случај треба да излезе на ТВ, да знаат луѓето какви неспособни доктори има. Ич не им се плаши, тужи ги. Ова не смееш така да го оставиш. Овие 2,3 дена осеќам некои благи менструални болки, не знам дали од замор оти сѐ бев во движење. Вчера шетав низ град, купувавме некои работи за бебушот. Денес со свеки направивме 4 вида на слатки. Кифлички ќе направиме овие денови додека е поладничко времето. Се договоривме кога ќе се породам, доле да ги викнат луѓето за частовка и мекици. Горе сакам да ми биде чисто. Само си велам да издржам овие 2 недели да средеме некои работи кои не ни се средени. Треба алиштата да ги исперам, да докупам тоа што ми треба, креветчето да го направат и морам овие 2 недели да го положам испитот да не ми отидат така 100 евра. Како се доближувам до терминот сѐ повеќе сум возбудена, иако има уште месец до тогаш.
Еве ме да се пријавам само што се вративме од одмор до Охрид набрзина претрчавме си поминавме убаво невлегов воопшто во вода ама си се изнауживав под сенка и баш си одморив... Веќе 16та недела сме и напредуваме во стомачето се познава таман сега.. Утре ќе одам крв да проверам имам вртоглавици најверојатно ми е падната крвта па на контрола сум на почетокот од септември се надевам се ќе биди ко шо треба... А инаку и втор скрининг се прави после 16та недела така? јас 18та ќе бидам на контрола ко ќе појдам само ме интересира дали и тогаш се прави приска 2 или нема потреба ако си е ок првата и ако скринингот си е ок??
Јас колку што знам приска 2 се прави ако не е направено приска 1 а ако е направена нема потреба од втората приска.И таа приска многу жени не ја прават ни првата јас проформа ја направив да не ми стои над глава.Ехото си укажува на се...А втор скрининг Димчев ми рече дека од 19та до 22ра недела е најдобро и ми напомени таму здравје 22ра што поголемко бебето тоа подобро да си види Др.што ќе го прави.Јас го правев 22+2 зошто го чекав од одмор.Наздравје одморче гали мешко и уживкај си
@snegulkata ако добро ме служи меморијата ние во исто време бевме бремени со нашите две кукли.... И сега исто која недела си?
Мамички добро утроо, ние од утре ја почнуваме 37 недела, за сега сме добро. Стомакот веќе натежнува, имам од време на време болки , но поминуваат и толку после како ништо да не било. Терминот ми е 14,09 но се мислам дека ке биде порано, стомакот ужасно ме чеша, деф сега најмногу се шири. Читам пишувате дека ке треба некој чеп да ми падне па после тоа да очекувам да почнат болките, ма да е индивидуално кај сите имате ли некој совет за мене што и како да очекувам, почнува паника да ме фаќа Позз до сите