да да секако дека е подобро порано да одам на гинеколог,па минува времево сакам да знам дека е се во ред, и кажав на матичниот дека порано да ми закажи а она гужва имало. си викам ако сега гужва па за гинеколог може пак касно да ме прати како и да е сакам порано да идам и да знам дека се е воред тсс и мене така ми кажа ама и јас некако не можам да помислам за тоа да јадам. еве помина месеци и уште не купив
јас имам јадено којнско месо... и да ви кажам дека тоа месо се јаде сурово не цело испечено .. малку да се потпржи.. не како шо ги јадаме другите мрвки....поточно сокот (црвенко да потечува) да му течи кога ке го расечувате да го јадате... а јас прв пат слушам дека за крв го препорачуваат.. иначе нема грозен вкус.. ќе си го зачинете добро или можете со салата да го јадате.... мене кога ми дадоа да го јадам ми рекоа дека јадам срна.. од кога се намскав со којнот ми рекоа дека е којнско месо.. беше прилично вкусно ако знаеш како да го зготвиш.....
Јас имав слаба крв во бременоста, пиев Фероглобин ама и јас го повраќав, иако немав мачнини и повраќање во бременоста, чим го испиев апчево,одма трчав на повраќање... После почнав да пијам Хемовит Плус и супер ги прифатив. Инаку од природниве работи најмногу ми помогна чај од коприва со лимонче во него. Исто и по една шоља какао дневно или па ако си кркаш благо, купувај црна чоколада за готвење. А освен ова можеш и другиве работи што си ги напишала секако да си ги јадеш.
добро утроо драги феминки... ви посакувам убав понеделнички ден ,,,,,ние се ориентираме према времево... уште сабајле сабајле тмурнооо и ненаспано а и на сила но слатки најслатки маки се ќе издржиме се за нашите бебушкии поздравчеее пс. кога нема шо да повраќам поготово на сабајле толку силно се напрегам шо повраќам плунки.. му се има некој десено така ??
девојки вцера имав јаки грчеви во стомакот, и мека столица еднаш,ми одеше нап мнг ама ваљда немаше што да излезе, ама болките беа ненормални, вечерта приметив розева мокрача, па се исплашив, ко легнав го осетив бебушко дека мрда, клоцаше, веќе се познава и др да го гледа стомакот како мрцка, ама сепак исплашена сум, сабајлево немав ништо,ама слабо спиев и ме фаќа паника. Ви се десило нешто слично или ... ? мм вели дека се бубрезите од мнг зорт
Ц витамин 30 мин.пред да ја испиеш капсулата, и размак од 2-3часа доколку пиеш др. апчиња, никако гладна не ги пиј. и мене мн.ми се гадеше додека ги пиев но се мн.ефикасни.скоро сите лекови за железо тераат на повраќање но обиди се како што ти напишав би требало да ти помогне
Добро утро девојки....јас од жешкото пак сум навечер ненаспана Полека полека и теретот од глава си го симнувам со ситниците околу свадбата. Инаку принцезата Кејт М. и започнал пораѓајот денеска очекувајте ударни вести да се
Ај и од мене добро утро, да не речам ден веќе е одамна, само пусто се вртев по рецептите, наваму не дојдов... Ме фатила некоја јадачка манија, абре ќе се пошандрцам. Само салати ми се вртат во глава, ама калорични, зимски! Руска не, таа ја мразам, ама се останато со мајонези што никогаш во животот не сум ги јадела. Е ај сега?! Па на пилешки прсти ми текна, и се таму сега паметот, а на работа уште 3 и пол саати. Ова вчера како ме фати, не ме пушта. Печев компири вчера, и само што ги ставив излегов до Тинекс на 3 мин, и видов кајмак. Се испотресов ако ми верувате, и го купив. Ај што го донесов дома, туку и го шлапнав врз компирите! Калории на кило. Мм вика многу се убави, ама сега да легнам да преживам. Сирот, и он труден со мене и моите лудила. Така да, изволте денес кај мене на пилешки прсти со сусам, пилешка салата, салата со компири и туна, печени пиперки со лукче и оцет, проја со тиквица, кифлите на Анатх што ги направив дупла доза во саботата од непознати причини а двајца сме дома, пржени тиквици, салата од модар патлиџан, домашно кисело млеко и домашен сладолед. Пола од ова е спремно, а на пола му се спремам дома ко ке дојдам да правам, не ме мрзи! Лелееее, триста кила ке станам... А да, и нека и е со лесно на принцезата, да не се мачи многу па после само тоа да слушаме, и дај Боже Дијана да го крстат бебето, за онаа камилана да пукне од мука. боже ми опрости што сум лоша денес, и дај ова хормонве дотерај ми ги во ред!
убав ден драги трудници добри ли сте ? ние еве сме со болки во јајниците и тоа еднаш едниот јајник п. Pотоа другиот стега ли стега си викам тоа тие е за бебушко твој исто така и мокрењето е веке на секој половина сат и едвај издржувам се друго е добро и тоа што ме има фатено една мрза никако не ми се станува па ни за јадење а мм од рано наутро ме чека со пица незнам али некако уморно се чуствувам :geek: ајде за бебуш се ке биде Hахаха ајде со лесно на принцезата сите сме јабдознале дека и дојде време да е за нас бллиските ке речат да не се дознае дека е во породила ке има повеке мака згора и на Mаката.
идам јас како шо сум гладна и без апетит можеби од твоите разноразни јадења нешто ке ми се присака да си апнам нека и е со лесно на војводката од Кембриџ претпоставувам дека ќе се роди кралица
Добар ден мешиња! Јас сум денеска на првата контрола Гинекологот ми е попладне на работа, чекам мојов да се врати од работа и да одиме. Ем сум среќна, ем исплашена! Се молам се да биде како што треба и да ми падне камен од срцето. Штом се вратам ќе ви пишам како сум поминала. Стискајте палци да биде се како што треба!
ауу некак ми е многу никак.... само гадење повраќање.... па студенило ќе ме втресе... само сум на кисело млеко и на солени стапчиња ајде уште колку има до 3 часот
здраво девојки еве и од мене денес као сте јас поцнувам да се стабилизирвам послем стандарната утринска умореност и гусење сакам да прасам некаде процитав дека ананасот не е дозволен во бременоста а јас бас го сакам овосното јогуртце со вкус на ананас па дали и тоа би стетело ако го јадам
Немаш гајле, тоа не се препорачува да јадеш по цели ананаси, а таман работа за едно јогуртче. Убаво имаше пишано една феминка: ако ананасот одма и секогаш прави проблеми, тие со несакана бременост ќе јадат еден цел ден ананас и ќе си абортираат природно. Значи умерено и немаш гајле. Инаку, од сите работи што смее што не смее, јас само избегнувам туна заради живата (а и мирисот ми е одвратен откако сум трудна). Друго се си јадам во нормални количини. Дури еднаш изедов и пола пакетче сушен ананас
помагајте бре луѓе имам никакво чувство гадење грлото ми гори од повраќање шо да направам да се освежам?? лимон нема шанси готрова сум право
Не е препорачливо да се јаде свеж ананас, сув, во конзерва, во колачи и во сите други состојби може да се јаде.
зосто мила не појдис на док. да ти даде некој таблети против киселини јас исто како тебе 2 недели по 24h киселини имав зелудецот ми бесе празен умирав за јадејне а нисто немозев вуста да си става од се ми се гадесе му се јавив на док преку Fаx ми прате рецепт во аптека си ги ги зедоб таблетките и едно сирупце и сега ми је многу подобро
Само што се вратив од лекар. Пред да ме прегледа на ехо го прашав се што ме интересира, си добив позитивни одговори и поштено си се изнаплакав. Се прибрав малку па отидовме да ме ѕирне на ехо. Не виде плод, но рече дека по оние промени што ги гледа станува збор за многу рана бременост. Ми рече дека е 99,9% сигурен дека сум бремена. Утре треба да однесам прва утринска мокрача во лабораторија па дури тогаш ќе ми потврди 100% дека станува збор за бременост. Добив одговор на се што ме измачуваше и интересираше, ме искритикува дека не смеам да се замарам со секакви глупости и дека сега треба да уживам. Ама јас ако не си ги добиев одговорите на се што ме интересираше ќе пукнев. Спокојна сум сега, утре само и официјално да ми биде потврдено и ќе почнам вистински да уживам во својата посакувана бременост. За сите оние кои ги интересираше проблематиката околу РХ-факторот сакам само да ви кажам дека не треба воопшто да се грижите. Се прават редовни контроли во бременоста - во консултација со матичниот гинеколог и се ќе биде во ред. Толку драги мои мешлаци, утре пак ќе ве известам како сум поминала.
баш ми е мило за тебе и мешет ти посакувам убави денови и лесни денови со бременоста нормално е да се грижиме еве јас утре имам закажано а за гинеколог тек ако нема гужва и јас се грижам дали е во ред се,нормално е тоа.