И мене така ми е ми иде сега да појдам да се породам некоја нервоза ме јади кога лежам на левата страна потешко ми е дишењето па и киселини ми се лоши катастрофа кој ќе издржи до вторник
Со лесно , тебе ти е терминот сега, а мене уште ми е далеку, па си викам кој ќе го трпи ова вака толку време, а се надевам дека не е ништо страшно, бебето си прета си мрда, постојано си го чувствувам, исто и киселини имам, од вчера навака се ова ми се случува, само ме копка што е, нормално ли е толку рано, ќе помине ли, или вака ќе ми биде до крај?
Мене цела вечер ме боли грбот и тоа доле кај половината, и имам и благи контракции. Се мислев да одам ма ЦТГ но рано да не е, 31 недела сум. Да турнам уште некоја недела барем до 34-35 нед. да не седат многу во инкубатор малите. И плус врската за на ГАК на одмор ми е Ако ме боли и утре правец ма доктор
Ме разбуди болка и отидов во вц и наеднаш ми падна како крв тоа е чепот и имам болки на секои 4мим да одам одма или да почекам дома појаки болки
Ме ставија ама се безобразни докториве да не сум трпела таму болка а дали можам дома да трпам и зш му заврши смената на докторот мој ми викат ај нека почекат до сабота зш сабота пак е на работа а да му појдев во 4сабајле ќе ме породеше со инфузија све прает за пари и уште ми викат ако имаш појаки болки вратисе и ми кажа кој доктор да го барам со тој со си се имат а не другите
Смирено. Често се случува да враќаат дома во оваа фаза или едноставно да им викаат да шетаат по скали низ болницата. Природен процес е, не може да се темпира. И со провокација често трае отварањето со саати, или пак истата воопшто да не дејствува, тешко дека одма ќе била завршена работата. Но за да се даде таа провокација треба индикации, односно многу саати без воопшто да се отвараш или околу недела дена или повеќе надминат термин. Гледај на саат и мери ги контракциите. Ако си прворотка може да трае подолго.
Терминов ми помина од 20ти а сега ги мерев на секои 2 мин ме болит во половинава иста болка имам како што имав за менструација и сега дури не ми пукни водењаков не одам
и јас бев со болки и еден прст отворен и исто ме вратија дома за да не седам таму.Јас тек после 12 часа се породив
Мислам дека не е во ред што ја вратиле дома со болки на 5 мин. Како она дома би знаела колку сантима е отворена. Таму барем ќе ја стават на цтг и ќе ја следат. Да ѝ се болките на 10, 15 мин би разбрала, вака не. Сестрата на часовите по предродилна подготовка ни кажа штом дојдат болките на 5 мин веднаш да тргниме во болница. @Martina1993 водењакот може да ти прсне и во текот на пораѓај. Од кога ти почнаа болките и дали ти се на ист временски интервал?
Се сложувам, се знае како е најдобро... а и како би било во приватните. Во државните е на жалост честа пракса да праќаат дома да поседат некој саат и да се вратат покасно, кога е намален интервалот меѓу контракциите. Секој е индивидуален. Кај мене, првиот пат, почнаа после полноќ а се породив ололу 20.00, потпомогнато со провокација. @Martina1993 ти праќам сила и трпение
Враќаат и овде во болницата ама кога болките се на 10, 15 мин, а не на 5. Тие болки можат да траат со часови, па за да не малтретира жената ја враќат дома.Еве сега ѝ се на 2 мин болките. Прворотка е, не би знаела што, како сега. Таму би ја прегледале, би ги следиле тоновите на бебето, би и ставиле провокација можеби, не може со болки на 2мин да чекат да се отвори толку време. Што ако не се отвори?
Јас и ти кога го знаеме сето ова сигурно и докторите го знаат, а пак им е истото практика на жалост. Туку здравството е веќе друга тема.
Како си Ики? Јас денес ама се возбудив другарка со близнаци се отворила 2 прста, па ке примала денес инекции за зреење на плуќата, она е понапред 2 нед од тебе. Баш деновиве се жалеше на болки и стегање... Ке пробува природно да раѓа, дека првото природно многу лесно го роди и она сака да издржи бар уште малку... и рекле да лежи и мирува.
@babyane18 Јас сум 18 недела од денес! Инаку буцки како сте ми? Јас едвај очи држам отворени, ненормално ми се спие, а легнувам на полноќ и станувам во 9. Се разбудив нерасположена и мрзлива, и мислам дека денот тешко ќе го истуркам! Некакви лоши мисли ми го матат умот и колку и да се трудам да ги игнорирам, некако тешко ми оди! И со ММ сум во заладени односи. Одсекогаш сме имале мирна врска и стабилен брак, ама во последно време сме често напнати и нервозни. Ме нервира кога ќе ми каже - До тебе е, бременоста те полудува! За се едно нешто сме криви јас и мојата бременоста. Ама он ме разбирал како ми е, и ќе ме истрпел овие неколку месеци! Знаете ли како се чувствувам глупаво? Страшно глупаво, а на моменти помислувам дека можеби е во право, можеби стварно ме промени бременоста! Ќе ми мине, знам си! Се надевам наредниот пат ќе ви пишам порасположена! Убав ден мешиња!