Девојки, јас сум 26-та недела и само што влегов некој како да ми ја исцрпи цела енергија, се чувствувам исто како во прво тромесечие . Нормално ли е ова или нешто до мене е?
Мешиња денес се видовме со синко рака на глава ставил со другата ногата си ја држеше се изнасмеавме со мм и Др. Кажете ми дали ви правеле доплер на главна артерија на матката.Димчев правел сигурно но не збори тој многу многу па не кажа за тој дел.Зошто матичнава ми измери 69 нагорна граница за мојата г.н 24+4.Рече бебе се храни добро зошто се си е од сам почеток супер се развива но боцкам 6 месеци Клексан и рече и понатаму зошто било слабичко бебе а е 750г.за 24+4 дали дека беше легнат странично па така и се виде на женичката а сите параметри се супер... Ај ве молам како и да најдам таква табела да видам како се одвиваат тие раб.со артеријата моја...Рече нема ризик но сепак Клексанот нема да го прекинуваме и плус виде 2 лагуни што не е и тоа страшно така рече...Се осеќам убаво но на момент ме фаќа тоа неубаво чувство што е тоа ма горна граница...Може така и да ми е цел живот но еве сега се ни мерат.
Не срце Др.кога ми измери а идеше ко да го слушаме срценцето така ми мереше и на крај 69 искочи и рече чекај да видам во табелата за точно за твојата г.н.на листови ја имаше па ако некоја од вас знае да ми пушти.Тоа е Utere arteris на латински значи Главна артерија на матка на мајката
Мислам дека зборуваш за протокот на крв низ таа артерија, ама не знам таква табела не сум најдела на интернет. Бебето не ти е мало, супер си е за таа недела. Штом сите параметри ти се добри не се замарај многу. Да имало нешто лошо ќе ти е кажала докторката. Не си барај нервози за џабе и не читај многу по нет.
Сега се враќам од цтг, се е во ред од тежината на малите е, и повеќе да одмарам. Јас дека чистев деновиве па од замор може. Малите по 2150 гр. одприлика се,супер рече докторот за 31 нед. Ми олесна.
Провери си ако немаш проверено повеќе од две недели, може да ти паднало уште и затоа така да се осеќаш...
Си ја видов денеска бебушка, пуштила обравчиња едни најубави докторката беше прво загрижена поради сипаниците, но супер си напреднала и пораснала 1872г... Супер си беше и со плодовата вода. Ја прашав за тоа штипкањето што е и и покажав каде и дојде со ехото таму, како стисна така ме заштипе... бебево таму бутка со грбот Главата сеуште надоле што е супер (а и знаев дека е доле зашто ика секој ден по 15-20мин)... Ке биде некоја гимнастичарка зашто нозене се ги тегне и ги става на глава абе буквално нога во уста имаше Малку тешко ми беше, ми измери притисок 90/60 што за висок човек како мене е премалку, а и воопшто за мене малку зашто порано бев се па со повисок... и така сега наредна контрола за брисеви и последна кај неа Лета времево мешињааааа... ај отидов да пеглам
Јас ги потрошив и еве 3ден не пијам и немам некој проблем за сега. Зашо уште малку има до пораѓај не ми се даваше пак 400 ден
Има едни таблети за џвакање, на Хансал се, 100 ден. внатре 80 таблети. 4 таблетки се 375мгр, една е ококу 90 и нешто мгр . Јас си земам по 2 преку ден и 2 навечер. Не се воопшто скапи, а мене ми помагаат многу.
Овде до 27ма недела се оди на 4 недели Од 27ма недела секои 2 недели контрола,цтг,и вагинално прегледување Мене ми е премногу ова на 2 недели сега,еднаш месечно е во ред Една недела веќе се борам со неспиење,болки во грбот и кога ке станам од спиење До кога спиевте на грб? Јас уште спијам така а 27+ сум Имам читнато дека не се препорачува,зошто?
Колку што знам така матката притиска на вената(vena cava) која транспортира крв до срцето и ја отежнува нејзината функција.
ЗДРАВО И ОД МЕНЕ,САКАМ САМО ДА ВЕ ПОЗДРАВАМ ЗАЕДНО СО МОЈ СИНКО...СЕГА САМО ШТО СЕ ВРАТИВ ОД КОНТРОЛА 31+2 СУМ,СИНКО Е 1680ГР,ДОКТОРКАТА МИ РЕЧЕ ДЕКА Е ОК ЗА ТАА НЕДЕЛА,ПРОТОК НА КРВ СУПЕР,ПОСТЕЛКА ОДЛИЧНА..БЕБЕ Е НАДОЛЕ СО ГЛАВА...МЕ ПРАША УШТЕ КОЛУ НА РАБОТА,И РЕКОВ ДО КРАЈ,СЕ ИЗНАСМЕА,МИ ПРЕПОРАЧА ДО 35НЕДЕЛА ДА ОДАМ И ПОСЛЕ ДА СЕ ОДМОРАМ ОД СЕ,ИНАКУ КЛЕКСАНИ СЕУШТЕ ПРИМАМ,ТРЕТТА РУНДА ПО 30КЛЕКСАНИ 0,4,АЈДЕ НЕ МИ Е ТОА ВЕЌЕ И ВАЖНО,САМО ДА Е СЕ ВО РЕД СО СИНКО МОЈ,ВЕ ГУШКАМЕ СИТЕ
Мари, во која држава си ти? Јас сум 27+, минатата недела бев на контрола и ми закажаа за 4 недели. Ме замисли... И јас многу често се будам на грб, а избегавам баш поради причината што ја кажа danicap мене ми кажаа до трето тромесечје е ок да се спие на грб а после тоа да се избегава