Германија,секаде е различно А за спиењето се трудам да спијам на страна ама секогаш кога ке се разбудам на грб сум и дете врз мене спие Господ нека чува,незнам што да речам....
И јас ноќеска кога се разбудам лежам на грб. Несвесно се свртам во сон. Мене ми е тешко на грб да лежам, на лева страна не можам па на десната си спијам.
Претходната бременост спиев цело време на грб, колу и да се трудев да запазам лева страна, сепак на секое будење бев на грб. За среќа немаше никакви проблеми. Со оваа бременост спијам на страна, така ми е поубаво, ама ми се случило да се разбудам свртена на стомак, и одма паники. Уф, во сонот не се осеќам како се местам. Откако помина жешкото јас можам да споделам дека супер спијам. Ми годи посвежото време, па и прекривка врз мене ставам. Засега сум добра со сонот, ама ако се воспостави како во првата бременост, тогаш непроспиените ноќи допрва следуваат. Девети месец будна си го минав и страшни киселини имав. Ама нели секоја бременост е различна, па се надевам на полесно да биде. Инаку јас 18 недела а 3-4 пати ја имам само осетено да мрда, мрзле ќе биде ова мое бебе. На преглед одам еднаш месечно кај матичниот гинеколог, и еднаш во два месеци кај приватен гинеклог. Деновиве се изнаслушав на приказни како гинекологот го згрешил полот на бебето и некако ,,страв,, ме фати дали и со мене ќе е таков случај. Ова дури и комично би било, јас бев пресреќна кога ми рекоа девојче и наеднаааш ете го куретооо - момче! Си замислувам и сама си се смејам. Да не ме сфатите погрешно, јас би била среќна и со машко дете, ама пусти мерак две ќерки да имам ме натера волку да скокам од радост. Од оваа причина ми се оди уште еднаш на преглед деновиве, да знам што е, оти кај и да е шопинг ми се прави, па да не излезе фустанчиња и розеви шпилкозни да купувам а момче да си родам. Море најважно здраво и живо да биде, тогаш ќе сум најсреќна, верувам и секоја друга мајка!
И јас баш проверував од кога ни нема пишано. Ја мислам оти знам при крај е. А и енигма беше полот кај нејзе. Па да ни се пофали. @snegulkata кај кој доктор одиш? Може и у лп да споделиме информации.
Тука сум уште мешиња . И јас бебешка со душа ја чекам, на крај сум ете, ама не сакаме уште надвор- инаетчивче на мама ќе да е . Мирно ЦТГ имаме, а мама панделка како пингвинче веќе се движи, срамна коска болии, крстот болиии, жапчево си се тегни ли тргни внатре изгледа убо и е. Завчера првпат преглед со рака имав и морам да кажам дека сум уште под импресии. За некој саат сум пак на цтг па ќе видиме како стоиме со желбите. Јас ја галам и и викам ајде мама надвор не е веќе толку топло Иначе и сите соној ми се за маже, ама ете 4 Д накрај кажа дунде, и то мн дебело дунде со витчиња на ноџињата и со косле
Женски читам по порталите немало доволно инкубатори за недоносени деца, ги ставале по 2-3 бебиња заедно и многу страв ме фати.Па немало персонал, педијатри... А во приватниве болници скапо е бе.Уффф како ли ќе биде.
Како немало? Кажа министерот дека има. Не верувај во се што читаш. Може и да нема потреба од инкубатор.
Не му ја мисли ики ке си ги износиш нема да има потреба за инкубатор ајде мисли позитивно ма да и мене ме погоди веста ама тоа е не гледај вести имаш време ќе порасните
Денес матичната ми препиша клексан 2 пати на ден. Сакав да се консултирам и со Георгиев да видам што ќе ми кажи ама денес не беше на работа бил дежурен вчера. И сега не знам дали да одам на клиника да барам мислење или да ги почнам од утре. Тел. Број од него некоја да не има да ми каже?
Си закажав денеска втор скрининг кај Димчев во Систина на 12 септември. Има термини ако на некоја од вас им треба за закажување. Јас денес можев и да бирам .
@iki26 ако неделиве бев со доста променлив став и прашував за сите страшни работи, ќе ти кажам, немој да се грижиш. Со тие контроли кои ги имаш, цела ситуација и бременост ти е во сигурни раце. Само продолжи да мируваш и немој многу да се оптеретуваш. Другарка се породи со царски со 2 на Гак, без врски без ништо во 31 недела. Малите беа месец дена/можеби и нешто повеќе во инкубатор, и здрави прави ја напуштија болницата. За моменталните неколку случаеви, не мислам дека само Гак се криви. Денес специјалистот од државна болница во мојот град малку ме освести. Го прашав за прогестеронот, дали смета дека има потреба уште да примам, и ми рече а матичниот што ти рече? Матичниот, скоро за секој проблем ми ја префрла одговорноста на другите специјалисти. И овој од државната беше изреволтиран, дека постојано се соочуваат со неодговорносите на матичните, дека не си ги превземаат работите во свои раце. Така да, не сметам дека проблемот се појавил во последен момент, и се се комплицирало, иако се е можно. Сепак што и да биде, биди сигурна дека секако ГАК по овој двоен инцидент ќе бидат уште побудни со секакви случаеви.
леле @iki26 иста сум и јас, дали дека две и нормално нашата брменост е покритична ептен сум неодлучна каде да се пораѓам. Дали државна или приватна, во приватна да и многу пари е, а и сит евелат дека во државна ги носеле по критичните случаеви и од ремедика и од систина. мене само тоа ми е во умот