Ги носат затоа што е скапо и родителите бараат, а не дека се нема услови. Во ремедика само мислам дека немаат од оние инкубатори со воздух што се. Не знам како се викаат, ама и на клиника скоро (2-3 год) вип донираше. За систина знам дека имаат доста солидна интензивна неонатална нега, ама забегани се со цените. Не мислете на лошо. Колешка се породи во ремедика со близнаци и немаше потреба од инкубатори. Породена во 36 недела (само што влезе).
Една моја комшика пред некој ден се породи во Систина а, ама имала и друга трудница што ја пратиле на ГАК. Нешто од анестезијата компликации. Така што ако има компликации кај трудници, за жал ги праќаат на клиника. За бебињата не знам што како.
Трудница од Систина ја пратиле итно на ГАК поради компликации од анестезијата,а не поради финансии. Ете и јас до пред некој ден не верував дека од приватно праќаат на државно, ама мојата комшика што ми е блиска била сведок на тоа. А за бебињата не знам како оди, дали препраќаат на клиника при не дај боже нешто.
Ики воопшто не раЗмислувај на тоа. Малото кај нас беше пратено од приватна на државна неонатологија, без никакви врски, не ни знеја дека е пренесено додека не средиле се, па супер го примаа. Се бореа за него како за нивно дете. Без никакви врски, без ништо. Во медиумите секогаш се преувеличува.
Освен ако не ти е некој во фамилија реално не може да знаеш зошто е тоа така. Може сами барале, може требало интервенција која барала мн пари. Не да ги бранам, ама сите доктори заминаа од клинички, ми нема логика да не можат да реагираат. Имам јас ситуација во фамилија каде инсистираше вујна ми да ја префрлат во државна. Исто после пораѓај на братучетка ми. Ја фати паника и ја префрлија. Да не чува Господ од лошо, па за каде сме малку битно!
Не се секирај и не мисли на тоа и јас вчера од вестите кожата ми се наежи. И јас ќе бидам на гак мисли си позитивно.
Голема штета за бебињата тројка што почина и тоа другото бебе, но јас не ги кривам докторите. Едната мајка во 25 недела се породила реално многу рано,и верувам дека докторите дале се од себе.Исто и со 3 близначиња. Со пукнат водењак и 27 недела породени плус 3,може со помала тежина тешки работи. Само родиѕелите знаат како им е. Не верувам во лекарска грешка тука,но Господ на никој да не даде такви работи.
Ики да немаш гајле извини вака што се убацубам. Клиника е спремна и они не се виновни за бебенцата што починале тоа сум сигурна. Сум видела таков случај и тука нема никаква помош никој неможе ништо да направи. Си се знае точно до кога е нормално бебенцето да опстане во живот.
Да не се сеќираш ти ич и не си прави филмови само еден Родилката со трите бебиња била дијабетичарка,имала и хипертензија од почетокот и уште од сам почеток на бременоста не била баш "дисциплиниран" пациент. Жално во секој случај,но не секогаш др или болницата е виновна
Да Систина имаат најдобра неонатологија но 500€од ден е за бебе...Моја другарка се породи во 7ми месец со близнаци и плати 40.000€ тоа е цела куќа а таа работеше во Ремедика медицинсла сестра но не сакаа на гак да ги пренесат од тие причини...многу е скапо Систина но вредат стварно...А сестра ми Ремедика се пораѓаше лани и пред 34та недела не ја примаат за пораѓај ради недоволен бр.на инкубатори..А стварно кога го гледав внук ми од стаклото кај бебињата имаше само 3 инкубатори со воздух со ултравиолетови зраци и итн.
500€ е за бебе значи 1000€ од ден но овие многу седеа 3 месеци душички ама ене ги златни се...па и со ивф се ...се измачи но вреди дечиња златни... Многу е скапо стварно
На една моја блиска малото кое беше предвремено родено беше подолго во инкубатор во Систина пред повеќе години, ама ја заборавив цената. Може е и сменето секако, не би била актуелна. Се сеќавам кажа имало близначиња кои биле истовремено. Поради високите трошкови ги извадиле и ги префрлиле на државно. После некое време, зеле кредити, се заглавиле...сакале да ги вратат но од Систина одбиле. Рекле еднаш кога веќе испаднале децата од кај нив и биле во инкубатор на државно, односно отишле во други услови, не ги земаат назад. Не знаеше да ми каже разврска. Само ме изненади моментот дека не ги земале назад, ни за пари секако.
Многу е навистина, да не даде Господ по тие врати да се тргне, но кој нема кај ќе ги најде тие пари. Лично за мене зборам имам и можам да најдам 3000-5000 евра, но 40 000-50 000 евра ни под дрво и камен се наоѓаат. Претерано е навистина.