Јас вчера имав такви болки и излеговме со мажот ми вчаршија и цел ми се згрчи и камен ми беше и одма си замимавме само што седнав во колата ми помина изгледа треба повеќе да лежиме Леле иста сум ама си викам барем до вторник да издржам за на преглед и мене ми тешко во спиење на лева страна не можам да спијам не можам да спијам а на десна синко се мести и си викам да не го повредам и цело време на штрек спијам
Гледај колку толку движи се, па прилегнувај... Јас ептен залежана бев прва бременост, па ем го надносив многу, ем се помачив на раѓање.. а да бев повеќе активна поубаво мислам ке поминев. Ке видиме вториов пат како ке биде... дали си во движење, дали во лежење тоа вака или така ке боли, тежи... мало кога е, кога ке мрдне заболува, не па веќе по 3, 3+ килца Јас обратна сум... ако лежам повеќе, ме боли кичма, колкови, цела се укочувам А за тоа скаменувањето и болката во мешето матичната ми рече бебето нешто правело може, се вртело некако...
@Belabelinakinder @mariz Мене една мрза што ме фатила, абе цел ден сум во кревет. Цела бременост бев активна, а сега само кревет гледам. Дома ми е хаос, полн садопер со садови, алишта еден куп несредени, кревет ненаместен, многу ме мрзе да станам и фатам нешто. Наместо сега да сум најактивна, јас ептен се улежав. Понекогаш кога имам испакнување на стомакот и се фатам, го допрам стапалцето на бебушка, многу е активна таа, не е како мама. А левата страна на половината ептен ми е испапчена постојано, таму ѝ е газето.
Абе уживај си, ако ти се лежи-лежи си, ТМ нека измие садови и подсреди малце. Некои на крај се поактивни, на некои им е потешко па повеќе одмараат. И јас овие денови повеќе лежам стварно тешко ми е. Дојдовме кај моите колку-толку ќе ја почуваат и заиграат малата,не можам повеќе по неа да трчам. А јас општо турбо активна сум, но ете сега медитирам на кревет
Од кога влегов во 9ти и јас сум таква гледам повеќе да одмарам да лежам за чистење чисто ми е си чистам по малку за да не се заморувам оти никој фала не ти вика а и претходно не можев да лежам само правев нешто за да не мислам на лошо сега сум по опуштена на крајот
Jas ne veruvam deka moze vo Drzavna da dobijat podobra usluga od Sistina, prvo zaradi aparaturata, pa posle i zaradi timot. Vo Sistina se investira postojano najnova aparatura, a vo Drzavna ako dade nekoj donacija ili toa sto e ostanato.
https://forum.femina.mk/threads/Фетален-алкохолен-синдром-ФАС.24347/ Еве тука се преместени да не се трупа труднички муабети.
А за што служи оваа тема? Ни дека те боли нешто неможеш да пишеш,колкаво е бебето,колкави сме ние абе ништо... А не не мојме да си прајме муабет сеа за гасови и дијареа во бременоста за тоа немаме тема
Па еве на пример @forumce има болки, сака да праша, а се губи мислењето низ страници со друга дискусија. Темава беше отворена за секојдневни муабети, како се носат трудниците со бременоста, да не се полнат останатите теми со оф топик муабети. За жал премина во општа тема за се и сешто, стана непрегледна и човек да бара нешто ќе се измачи. На пример сакам да прочитам искуства за зреење на постелка, ќе најдам ли во темава? А колку е полесно, одам во тема за постелка читам и прашувам што ме интересира стриктно за тоа без да лутам.
Здраво мамички последно кога бев кај гинекологот ми пресмета датум за породување и го мереше плодот и ми рече дека според последна менструација сум 10+1 недели а според плодот 9+1. Ме замисли малку но ми кажа дека можеби овулацијата била подоцна и и затоа е така, но некако ми е мисла. Прва бременост ми е и само се плашам, а и стомачен вирус ме фати два дена пробиотици пијам се уште но пијав и парацетамол за температурата тоа е дозволено.
Си летка времево. 34+1 и не ми се верува дека уште малце остана. Едвај чекам да ја видам, гушнам. Се си имаме сега, и креветче си наместивме, па му се радуваме абе мераци. Среќа времево се оправи, па одма ми е полесно.
Јас па еве сега сум најактивна правам дома сама генералки и се нешто работам само да не мислам на пораѓај. Ме удира психа зашо царски и само си плачам. затоа кога чистам барем не мислам. Првите 5 6 месеци ептен се пазев мирував. Сега само спијам и чистам. Времето брзо поминува. Еве одсабајле сум го светнала вецето . Некни цел кујна прередив таква качена на стол си мислам ако маж ми влезе сега лом ќе ме направи и така. Си се пофалив колку сум вредна
Не се плаши и кај мене првото тромесечие стално беше назад некој ден. На последниот преглед па друга ситуација, неколку денови напред. Ќе варира. Мало е уште. Докторката на приватно каде одам воопшто не ме оптеретува со тоа. Матичниот само ми спомнува.
Без грижи, нормално е тоа. Точно, зависи од твојата овулација. Еве бебево кај мене на почеток беше - 5 дена. Потоа - 2. И сега сме +5дена напред. Ќе варира цело време а и пресметките не се 100% точни
Кај мене е две недели назад, често се случува покасна овулација. Си рачунам според терминот кој ми го даде докторот а не според оној од менструација. Покасно и ќе варира за некој ден напред-назад.
@karibian Дојди и кај мене исчисти и направи ручек. Едни макарони треба да сварам и тоа ме мрзе да направам. Ама битно алиштата и садовите ги средив. Ми се спие и се трудам да заспијам ама не можам. А синоќа само што легнав и одма сум заспала во 12ч а станав во 6 ипол и од тогаш сум будна. Јас мислам дека ме мрзе од што не сум отспана како што треба.
А кога ти закажа царски и зошто ти е страв мене ми спомена докторот не тој што ќе ме пораѓа друг ама ич не ми е страв само се молам да издржам до вторник со мојот доктор да си се видам и ако рече со царски ќе барам најбрзо што може ги знам болките пред две години ме правеа операција исто сум сечена како за царски само тогаш имав многу болки сега си викам нема толку да ме боли
Неделава што иде ќе биде. Најмногу ми е страв од анестезијата самиот чин дури да заврши после за станување немам гајле болка како болка ќе се издржи.
Кога лежам на левата страна синко се мести таму ,кога сум на десната страна се мести на десната скроз не му штетам така,сега ќе станувам да си направам проја се отепав од јадејне секоја недела скоро правам кој сака нека иде ќе има за сите па после ќе чистам да ми помине време додека си дојде маженце од работа не дека ќе ми прај нешто ама сакам да го гледам до мене се нервирам по цел ден сум сама да нема со кој да правиш муабет само со синчево и со кучето си муабетам и на него сега му сум скарана му ги удави кокошките на едни комши и под казна е