не се стресувај непотребно колку време ти касни сто не можеше да се види плодот и ајде утре те чекаме со убави вести
ептен е рано Jagoda123 и јас закажав ќе одам во четврток али не очекувам дека ќе види нешто на ехото пошто од слушани искуства сите истото го викаат дека е премногу мало за да се види. ја и ти тука сме негде со термините ептен во исто време уживкај до утре па пиши како ќе поминеш те чекаме
мене ми каснесе само 4 дена кога докторот ја виде та мала точка ама јас бев на приватна клиника плодност каде што све му е нај ново и најсовремено а ако не мози да се види на ехо најсигурно ти е преку крв јас кога бев пред да ме види докторот реце ако не се гледа ке провериме одма на крв и ако бесе во недела јас од не стрплива сто бев во недела бев за да ја потврдам долгоочекуваната бременост 10 години
жива катастрофа се тие лекарите... бремена жена да не ја примат на преглед... на работа ми стана лошо почнав цела да се тресам се бело трепкаше пред мене ништо н е гледав се утепав од повраќање и уште дома и кога отидов на гинеколошка амбуланта не сакаше да ме прима лекарот.. ( мојот матичен е на одмор.. замената му работи до 1 ) докторот само од вратата се подаде и ми рече жено ништо не тие со упат ќе си дојдеш утре.... до утре ништо нема да ти биде.. сигурно дека мајками нема да ме остави да си одам дома кога гледа дека детето не му е арно... се живо и диво крена на нозе лом ги направи... се јави на мојот гинеколог тој рече дека мора да ме прима без упат како хитен случај и утре да однесам упат... кога едно убаво им дадовме да разберат и кога им рековме дека медиумите ќе ги однесеме да се виде што се работи на оваа оделение...да видете како се прави преглед.. и шо само ми го мери притисокот ништо не ти е пиј течности... и плус ми рече девојче штом имаш капацитет да се караш со нас тебе не ти е лошо.. бог да чува му реков дека никој не оди од арно,,, дека се оди од лошо... кога заврши гооооолееемиот преглед мајками го праша дали беше тоа тешко да го направи.... господинот рече DA TEШКО ова се нашите лекари
лелееее девојче кутрата аааах бре овие доктори им го дале тоа име ама за џабе ама како можат така бре стварно им се чудам цццццц сега само пати пикним во џеб и добри стануват а до тогаш како животни ги третират лугево срамота. ма обавезно пријави па нека им дојде памет или да си ја вршат работата како што трреба има луге што седат без работа а тие ке си играт тука ццц јас денеска многу ми е топло а некако и преуморна сум а ништо немам работано и еве пред 10мин се разбудив сум заспала а незнам ни како се случи тоа. ем денес во 11станав од спиење па пак после 2сати заспав па еве сега пак ич не ми се допајга ова што се случува со мене
girl колку што можеш спиј си .. одмарај нормално е тоа... а шо ќе ги пријавам ќе ги пријавам има многу вакви случаеви страмота пишев и порано ако не им дадеш пари да одеш да си го видеш внучето нема да те пуштат поевтино ќе ти излезе да се пораѓаш у приватно отколкку таму.... арам да им е шо треба да се онесвестам за хитен случај ли да бидам... нека помине малку време да подзабрават за случајот после едно убаво потсеќање да им приредам.... има да се стопат нема да знаат што ги снашло глупави едни некултурни.. и на улица да ми стане лошо и таму треба да ме прегледа а за у болница да не зборам.... или заборавија шо ја дале залетвата кога станале доктори ќе ми платат за овааа... и за другите ќе наплатам шо немат храброст да сторат нешто против оваа банда на исфрустрирани гинеколози има до ЛАТАС да стигне ситуацијата
Нека те гледа вагинално. До 12-та недела можат да те гледат вагинално, немај гајле, не е опасно. Јас сум со ретроградно свртена матка, едвај ми го видоа плодот и на вагинално ехо. И вториот пат кога бев за срцева реакција, докторот мораше со вагинално да го бара и тоа во 9-та недела. Без паника, штом има здебелување на матката, тогаш има бременост.
зенски само сто си дојдов од гинеколог и сум 6 та недела бремена,незнаете какво е цуството како само му цукасе срценцето мн сум срекнааа
лелееее душааа многу ми е мило за тебе ааах колку емоци се тоа ти посакувам убава бременост девојче си гледала и јас ситуаци каде пациентот без душа а лекар не го прила лелеее за греота од парите на народот живееат а не се грижаат занив така никаде не одат .. па одмарам јас спијам али па несакам да биде долго тоа ипак не е добро само да се одмора и спие ама ете сега така се чуствувам и нека биде еден период така потоа ке има малце одмор малце движење
тоа е во нашата македонија наместо на подобро ние на бетер... а и министрот беше у болницата и шо ако беше иста песна се пее .. ајде мајни ги таму глупаци не видени уживај одмарај додека можеш тое на почетокот.. кога ке почне тоа мало човече да претка во тебе ќе сакаш да одмараш ама ќе дежураш збири сили за нареден период што следува
Fala ti srce i site sto nemaat im posakuvam sto pobrzo da si ostanat bremeni da vidat kakvo e custvoto pozz do site trudnicki i do site majki
како сте мешина? јас денес сум супер ја исчистив цела куќа па сега ќе одмарам. уште една недела и ќе одам да го видам бебушот сигурно е многу пораснат честитки за новите мамички
Се е до лекарот и апаратурата.Мене не ми доцнеше воопшто.Требаше да добијам на 07.01 не добив и на 08.01 се нацртав на лекар каде што ми потврдија две точкички)))
Девојче сеуште си во рана бременост, па затоа и ти се лоши толку. И на мене ми беше исто, еднаш појдов кај мојот општи матичен лекар, ми го мери притисокот и ми беше во ред. Ме советуваше да одмарам и да пијам повеќе течности. Што да ти кажам, нормално е, некои повраќаат, некои не. Првите месеци се такви. Не го оправдувам односот на лекарот, сепак бремена жена си, барем да те прегледал, ама не се плаши толку и гледај сама да си помагаш со што ќе пиеш течности, ќе одмараш, ако треба земи и одмор. Инаку нормално е ова, затоа и лекарите се однесуваат како ништо да не ти е. Ајде сега уживај и не мисли веќе на случајот, се трпи за бебушко .
ЕХХ за жал такви ни се лекарите нам....да бев на твое место без размислување ќе му донесев 300 новинари па да неможе и во глувчја дупка да се скрие,море што и да правиме се е џабе,неможеме ние со нив....Ти посакувам да се чувствуваш подобро и да фураш со полна пареа низ деновите во бременоста
Мешлаци јас се вратив од лекар. Ја однесов урината во лабораторија и резултатите беа готови за 2 минути. Од денеска и официјално, потврдено од лекар сум бремена. Резултатите се позитивни! Попладне треба да ги однесам кај мојот матичен гинеколог, па да видам што ќе ми каже. Сега само ќе го чекам денот кога за првпат ќе го видам моето топче, топчето што живот значи! Среќна сум, многу сум среќна! Имајте убав ден, јас одам на спиење зошто МРТВА УМОРНА сум!
Честитки на новите потврдени мамички! Да си имате најубава бременост и да си уживате 100% од времето. Јас сум денес скроз ненаспана и уморна, кенкава сум ко бебе некое, само сакам да спијам. И киселини ме изгореа од налудничавото ми јадење вчера, ако ми е и малку ми е. Со душа го чекам нареден четврток, да се мавнам од скопјево и од работиштево и од се. Многу ми се собра, сакам одмор. Беблак изгледа ми го осеќа тоа негативното што штрчи во мене, па прета ко лудо сирото. Ќе го наранам чоколатце сега, па ќе се смириме и двајцата!
Се трудам да не се нервирам, ама луѓе денеска ме збудале колегата. Ми префрла зошто сум го земала одморот 1 недела во јуни! Секоја година според другите се ориентирам и еднаш мене кога ми треба и тоа само 1 недела ми префрли. Викам според закон кога сакам можам да земам, башка јас не извољевам туку не е препорачливо многу да се патува подоцна во бременоста и замислете ми одговори: ама ти со вакво понашање може и од работа да леташ! Значи...... мислам дека ќе фатам ќе фрлам со нешто по него више. Не знам како може вака да ме невира!!