Мамички јас сум 40 недела и 4 дена ми помина терминот и си одам на два дена на преглед а бебево абер нема да искочи, изгледа му е убаво внатре . Е сега ми викаат да си побарам провокација и да си се породам. Значи внатре има доволно плодова вода и постелката е од 3 степен узреана. Па сакав да ве прашам за совет дали да чекам или?
Вагинален преглед имаше? Обично ден, два, три дена после тој преглед му текнува на бебето да искочи, бидејки провоцираат малку со подраширување на грлото (малку е незгодно, но се трпи). Исто бев 40+3,4 дена и имав вагинален преглед, баш рече докторот да ти помогнам малку и вечерта чеп ми падна, после три дена родив. Ке биде за брзо и кај тебе... поубаво да почекаат уште некој ден чим имаш доволно вода, зашто со провокација може и да не бидне.. бар да добиеш болки, да се отвориш малку па тек да ти стават провокација... Јас поминав без провокација Со лесно
Денес ми правеше сестрата вагинален но мене ми беше прв пат и јас многу паничам и се тргав незнам многу се плашам а и она се брзаше имала работа и така сакаше наеднаш а јас неможев да издржам и не успеа а и плус дека денес празик ич не им се работеше сите викаа нервозно бог да чува. Незнам еве од кога дојдов само тоа ми е во глава знам дека морам низ тој преглед да поминам ама ете кога ќе седнам на столчето паничам мислам кој знае што ќе се деси Сепак треба во среда да одам пак на контрола па ќе видиме до среда може ќе се смени нешто
Почекај до среда, не се нафаќај на провокација. Некогаш бебињата се зачнати покасно и мислиме дека ги надносуваме ама испаѓа дека точно се носат..
Здраво мамички, сакам да ве прашам дали сте користеле вагиналети во бременоста? 12 недела сум и докторот ми рече да ги користам PROBalansLady на PharmaS па ме интересира вашето искуство со вагиналети.
I mene me stega stomakot nekade od 21 nedela, maticniot mi rece toa e dobro da go osekjas. Охоо имам искористено 8 паќетчиња по 6 вагиналети за бело прање.. и пак го имам..
Нормално е по обилен исцедок во бременост Се додека нема боја и мирис,чешање и печење нема место за паники
Мене ми е две бои хаха жолта и бела... а на брисовите немам ништо... чудна работа, дајбоже се да е во ред.
Мојата докторка кажа дека се додека нема мирис, чешење и печење тоа е добро да се има исцедок, всушност неговата функција била спречувањето на бактерии.
Јас како некој манијак сум дека секретот веќе ми е зачестен и го имам повеќе и само анализирам каков е Напатена душа шо да правам, барем во бременоста да немам
Пишува дека може да се користат за време на бременост и доење, но не очекував дека ќе треба да ги користам па ме интересира дали често ги користат во бременост. Дали правиш пауза или не и по колку време?
Како што ти пиша @Bebulleee штом вагиналетите се препорака на гинеколог слободно користи ги. За време на бременоста телото е поизложено на бактерии...кандидата, инфекциите често се појавуваат или пак ако ги имаш од претходно треба да се третираат и во бременоста. Има вагиналети со различен состав на кој треба да се внимава, а како што прочитав PROBalans Lady се на природна база што е одлично: Медицинското средство PROBalans Lady во својот состав вклучува: Lactobacilus acidophilus кој ја обновува вагиналната микрофлора, ја инхибира колонизацијата на патогени, го намалува pH на микрооколината, и произведува H2O2 и бактериоцини против G. Vaginalis; Млечна киселина која: ја одржува pH на вагиналната слузница, ги инхибира патогените соеви, ги инхибира металопротеиназите и го чува интегритетот на цервиксот, ги намалува инфекциите на горниот генитален тракт; Изофлавони (особено корисни при менопауза) кои го зголемуваат нивото на гликогенот и на тој начин: го унапредуваат трофизмот на слузницата, ги намалуваат симптомите на атрофија (сврбеж, болка, еритем) и ја обновуваат pH вредноста на вагиналната содржина.
Мешиња брисот од вулва за што го зимаат? За стрептокока? GBS pozitiv пишува кај другарка, што значи дали знае некој?
Колку што знам треба да бидат информирани докторите каде ќе се пораѓа. За време на пораѓајот ќе и даваат инфузија со антибиотик која се додека бебчето не дојде на свет ќе биде приклучена. Потоа ќе го приверат бебчето. Мислам дека многу многу ретко, кај едно на неколку илјади бебчиња се пренесува. Се додека докторите се информирани ќе биде се во ред. Едит: Покасно прочитав дека се близначиња. Царски ќе биде? Во тој случај мислам дека не важи предходно напишаното. Ќе си праша докторот секако, но мислам дека доколку е царски нема никаква опасност за бебушите.
Женски јас денес земав резултати од брисеви и имам уреаплазма и микоплазма. Докторот вика опасна инфекција е. Се исплашив. Ми даде вагиналети еритромицин, па контрола за еден месец. Инаку бебчето си беше супер. Зедов и чај од брусница. Тој на виталија што е. Смеам да пијам?